Се соблече гола, па ги блокира коментарите- што се случува со Бритни Спирс? (ФОТО) - Канал 5

Се соблече гола, па ги блокира коментарите- што се случува со Бритни Спирс? (ФОТО)

Поп-ѕвездата Бритни Спирс (43) повторно предизвика бура на социјалните мрежи кога објави провокативна содржина на Инстаграм.

Се соблече гола, па ги блокира коментарите- што се случува со Бритни Спирс? (ФОТО)

Таа повторно шокира со својата најнова објава на својот гол задник, кој го покри со емотикон од роза, додека носеше само црни чизми.

Нејзиниот гол задник беше во преден план.

Објавата на голата пејачка привлече големо внимание од јавноста, меѓутоа, коментарите под сликата беа оневозможени.

Во последните години, Бритни многу се рекламира преку социјалните мрежи, кои ги претвори во канал за комуникација со фановите.

Во јуни, таа ги воодушеви своите следбеници со фотографии со својот осумнаесетгодишен син Џејден, додека има и постар син, Шон Престон (19), со својот поранешен сопруг Кевин Федерлајн.

Федерлајн, со кого Спирс беше во брак од 2004 до 2006 година, наскоро ќе ги објави своите мемоари „You Thought You Knew“, во кои, како што беше најавено, ќе зборува за животот во сенка на славата, татковството и заблудите за бракот со пејачката.

Сем Асгари, вториот поранешен сопруг на Бритни Спирс, исто така коментираше за најавите на Федерлајн, кој иронично коментираше дека тоа ќе биде првата книга за тоа како да се стане професионален татко.

Пејачката досега беше во три брака, од кои најкраткиот траеше само 55 часа со нејзиниот пријател од детството Џејсон Александар.

Таа често објавува голи слики и видеа на Инстаграм, што ѝ донесе многу проблеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

НУ Драмски театар Скопје со „Гидионовиот јазол“ гостува на фестивалот РУТА на Бриони

 НУ Драмски театар Скопје со претставата „Гидионовиот јазол“ вечерва (24 август) ќе гостува на Бриони во Хрватска каде што театарот „Улисис“ е домаќин на фестивалот на Регионалната унија на театри (РУТА). 

НУ Драмски театар Скопје со „Гидионовиот јазол“  гостува на фестивалот РУТА на Бриони

Претставата ќе биде изведена во Летното кино во 21 часот.

„Гидионовиот јазол“ на режисерката Драгана Милошевски-Попова е претстава работена по текст на авторката Џона Адамс. Драматург на претставата е Викторија Рангелова-Петровска, а улогите ги играат актерките Биљана Драгиќевиќ-Пројковска и Ања Митиќ.

Гостувањето на Бриони ќе биде дваесетта изведба на претставата, која досега гостувала на неколку фестивали низ Македонија, како и во регионот на сцените на театрите членки на РУТА. На минатогодишниот 33. Меѓународен фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“ актерката Биљана Драгиќевиќ-Пројковска за улогата на Корин Фел ја доби наградата за високо актерско достигнување.

Режисерка Драгана Милошевски-Попова во програмската белешка истакнува дека: „Претставата ‘Гидионовиот јазол’ е моќна и вознемирувачка приказна за вината, одговорноста, тагата и сложениот однос во комуникацијата, како и состојбите во образовниот систем, проблемите со кои се соочува детето низ периодот на детството. На училишна средба меѓу мајката Корин и наставничката Хедер, кој се случува по еден трагичен настан, преку деликатен, емотивно исполнет/напнат дијалог, се отвораат прашањата за детската креативност, слободата на изразување, за уметноста, за одговорноста на наставниците и за родителите, за социјалните мрежи, за врсничкото насилство, за осаменоста, преку кои постепено се разоткрива длабоката болка и се бара, па и се посочува можниот виновник“.

Авторката Џона Адамс е претставничка на новата генерација американски драмски автори. Таа е авторка на 20 драмски текстови во кои драмската структура ја гради преку исклучително јаки и богато нијансирани карактери и ги поставува во сложени меѓусебни психолошки ситуации. Друштвото на американските театарски критичари ѝ ја доделува наградата „Стинберг“ (Steinberg Award) за делото „Гидионовиот јазол“.

Претставата „Гидионовиот јазол“ е на редовниот репертоар на Драмски театар од премиерата која се одржа во мај минатата година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска нови цени на нафтените деривати

Регуалаторната комисија за енергетика денеска треба да донесе нова одлука за малопродажните цени на горивата.

Денеска нови цени на нафтените деривати

Со претходната одлука бензините поскапеа за 4,5 денари, а дизелот поскапи за 6,5 денари по литар. Во последната пресметка на регулаторна продолжена беше и примената на намелените акцизи и тоа за 2 денари кај бенизните и за 4 денари по литар кај дизелот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес Опен

Најтрофејниот свтески тенисер во историјата Новак Ѓоковиќ и најдобрата светска тенисерка Арина Сабаленка ќе се соочат со Френсис Тиафо и Лејла Фернандез во осминафиналето на Грен слемот во Њујорк,  УС Опен во конкуренција на мешани двојки.

Новак Ѓоковиќ и Арина Сабаленка ги добија своите противници на Ју-Ес Опен

Ќе видиме како домашната публика ќе реагира на мечот против северноамериканскиот пар и кого ќе го поддржува, а според моменталната ситуација, натпреварот е закажан за утре, 25 август.

Во евентуалното четвртфинале, ги очекуваат победниците од дуелот меѓу брачниот пар Гаел Монфис и Елина Свитолина, односно Алекс Ил и Феликс Оже-Алијасим.

И Александра Круниќ би можела да се најде во главната ждрепка доколку таа и Мате Павиќ ги победат Пејтон Стернс и Кристијан Харисон.

Меѓу поинтересните парови во главната ждрепка се Карлос Алкараз и Серена Вилијамс, кои ги очекуваат своите противници од квалификациите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер