3Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
Шоу бизПоранешниот сопруг на Бритни Спирс проговори за нивниот брак и откри бизарен случај (ВИДЕО)Сем Асгари, бившиот сопруг на пејачката Бритни Спирс, беше гостин во подкастот „Sibling Revelry“, чиј водител беа Кејт и Оливер Хадсон.Таму открил дека старателството од нејзиниот татко е најчудната работа со која требало да се справи. „Еден ден почнав да учам што значи тоа, а потоа си помислив: „Чекај малку. Мислев дека сум во Америка. Што мислиш, на некој над 18 години му треба родителска дозвола?“ Тоа беше најбизарното нешто што сум го видел“, коментира Сем. Тој истакна дека единственото нешто што можел да направи е да ја поддржи: „Тоа и го направив, ѝ дадов поддршка колку што можев. Тоа беше искуство каде што морав да бидам нежен бидејќи лесно може да се случи да кажеш или направиш нешто што не е во ред“, заклучил Сем. За потсетување, Сем и Бритни се венчаа во јуни 2022 година во куќата на пејачката. Тие беа во врска шест години пред тоа, а Асгари поднесе барање за развод во средината на август 2023 година, наведувајќи ги непомирливите разлики. Нивниот брак траеше 14 месеци, а разводот наводно бил финализиран на 43-от роденден на Бритни. Непосредно пред разводот, ТМЗ објави дека Сем се соочил со Бритни за гласините за нејзиното неверство. Сеуште не е познато дали гласините се точни, но Сем им поверувал и тие се степале, по што тој се иселил од нивната куќа. View this post on Instagram A post shared by XILA MARIA RIVER RED (@britneyspears) На крајот на ноември, Сем беше фотографиран во Лос Анџелес како се држи за рака со својата нова девојка, Брук Ирвин. За врската на Сем и Брук веќе некое време се шпекулира, но тие се уште не ја откриле природата на нивната врска. Многумина на социјалните мрежи мислат дека Брук изгледа како помлада верзија на Бритни Спирс.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветМелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со ТрампИталијанската премиерка Џорџа Мелони вели дека односите со САД мора да се вратат во нормала по јавната расправија што минатата недела ја имаше со американскиот претседател Доналд Трамп.„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете држави остануваат добри. Во петокот Мелони го обвини својот некогашен близок сојузник Трамп дека измислил приказна за неа откако тој за италијанска телевизија изјави дека таа го молела да се фотографира со неа за време на неодамнешниот самит на Г-7 во Франција.Тагови: Мелони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПолитико: Унгарија го блокира забрзувањето на преговорите на ЕУ со Украина и МолдавијаУнгарија не даде согласност за клучниот процедурален чекор неопходен за забрзување на пристапните преговори на Европската унија со Украина и Молдавија, објави Политико, повикувајќи се на двајца дипломати на Европската унија.Европската унија на 15 јуни официјално го отвори првиот преговарачки кластер со Украина и Молдавија, а европските челници најавија дека Киев до средината на јули ќеги отвори сите шест кластери. Остварувањето на таа цел сега е доведено во прашање, бидејќи Унгарија вчера била единствената земја членка што се спротивставила на испраќањето писмо до Европскиот совет и до Европската комисија со таков предлог. Унгарскиот премиер Петер Маѓар не се спротивстави на отворањето на првиот кластер за Украина, но претходно реагираше дека ставањето на брза лента на земјата би испратило погрешна порака до Србија, Албанија, Црна Гора и Македонија, кои со години работат на членството во Европската унија.Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
МакедонијаЦУК: Активни три пожари низ Македонија, во Куманово и Илинден- горат бандери, дрвја и отпадНа територијата на државата до 14:30 часот се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор. Од нив, три пожари се активни, еден е ставен под контрола, а два пожари се изгаснати. Како што соопшти ЦУК, активни пожари има: во Општина Демир Хисар – с. Обедник каде гори ниска вегетација, во Општина Куманово – населба Перо Чучо каде се зафатени бандери и дрвја, и во Општина Илинден – с. Јурумлери запален е кабаст отпад. Под контрола е ставен пожарот во Општините Свети Николе и Лозово – с. Делисинци и с. Сарамзалино, каде гори ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во општините Куманово на ул. „Ѓуро Пуцар“ бр. 38 и во Чашка, во с. Чашка каде горела ниска вегетација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook