Се снима нова акциска комедија со Рајан Рејнолдс и Ченинг Тејтум во главните улоги - Канал 5

Се снима нова акциска комедија со Рајан Рејнолдс и Ченинг Тејтум во главните улоги

Ѕвездите на „Слободно момче“ Рајан Рејнолдс и Ченинг Тејтум повторно се здружуваат.

Се снима нова акциска комедија со Рајан Рејнолдс и Ченинг Тејтум во главните улоги

Според „Холивуд репортер“, Рејнолдс и Тејтум ќе глумат отуѓени браќа кои се наоѓаат во центарот на неуспешниот грабеж на дијаманти. Филмот ќе го режираат браќата Арон и Адам Ни, кои работеа на Изгубениот град минатата година со Ченинг Тејтум и Сандра Булок.

Наводно, започнала тендерска војна за правата на „Calamity Hustle“, при што гигантите како „Ворнер Брос“, „Амазон“ и „Нетфликс“ сакаат да ја преземат акционата комедија. На Рејнолдс и Тејтум им биле понудени по 20 милиони долари за улогите.

Заедно со Calamity Hustle, Рајан Рејнолдс и Ченинг Тејтум би можеле да се видат заедно на големото платно во претстојното продолжение на MCU, Deadpool 3. Иако деталите за заплетот за Deadpool 3 сè уште се главно под тајна, се претпоставува дека заплетот ќе ги следи авантурите на Вулверин и Дедпул низ мултиверзумот. Фотографиите од снимањето изгледа ја потврдуваат таа теорија.

Се очекува Deadpool 3 да вклучува и ликови од претходните франшизи, а според гласините би можеле да ги видиме Џенифер Гарнер како Електра, Хали Бери како Сторм и Тејлор Свифт. Сите овие индикации сугерираат дека појавувањето на Тејтум во улога на варијација на Гамбит би можело да биде сосема можно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Нова најава за поскапување на горивата, а сметката повторно ја плаќаат граѓаните

Во Хрватска бензинските пумпи веќе ограничија точење гориво пред најавеното драстично поскапување. 

СДСМ: Нова најава за поскапување на горивата, а сметката повторно ја плаќаат граѓаните

Информациите протекоа денеска. Од вторник се очекува значителен скок на цените.

Прашањето е едноставно:

Дали Христијан Мицкоски повторно ќе ги повика соседите да доаѓаат да точат гориво во Македонија?

Лани, со намалувањето на ДДВ-то на горивата, Македонија стана бензинска пумпа за регионот.

Соседите доаѓаа, полнеа и си заминуваа. Буџетот загуби значителни приходи. А што добија македонските граѓани?

Ништо. Само привремено пониски цени кои брзо се вратија, додека државата остана без дел од даночните приходи што требаше да одат за плати, пензии и инвестиции.

Денес состојбата е уште полоша.

Инфлацијата продолжува да ги топи реалните приходи.

Потрошувачката кошничка расте.

Минималната плата не мрда. Пензиите не го следат растот на цените.

Земјоделците се оставени без сериозна поддршка, а линеарните поскапувања на репроматеријали, ѓубривата и горивата дополнително ги уништуваат.

За две години оваа власт ја задолжи државата со околу 2,5 милијарди евра нови долгови.

Странските инвестиции паднаа за повеќе од 60 проценти.

Европскиот пат е блокиран. Македонија нема да има пристап до претпристапните фондови на ЕУ - пари што требаше да одат во инфраструктура, земјоделство, млади и развој.

Резултатот е јасен:

Повисоки цени. Пониски реални приходи. Поголем долг. Помалку инвестиции. Изолација.

Мицкоски и ВМРО-ОКГ продолжуваат со истата политика - краткорочни потези за политички поени, а долгорочна штета за граѓаните и економијата.

Сметката повторно ја плаќаат обичните луѓе. А одговорноста ја избегнуваат токму оние што ја создадоа оваа состојба, се наведува во партискот соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Австриската вечер на „Охридско лето“ донесе концерт за четирирачно пијано што долго ќе се памети

Љубителите на класична музика вчеравечер на „Охридско лето“ имаа несекојдневно музичко доживување со концерт за четирирачно пијано на Денис Расел Дејвис и Маки Намекава.  

Австриската вечер на „Охридско лето“ донесе концерт за четирирачно пијано што долго ќе се памети

Незаборавната Австриска вечер беше поддржана од Австриската амбасада во земјава и амбасадорот Мартин Памер.

Светски познатото дуо изведе дела од класични и современи автори, продолжувајќи ја својата успешна меѓународна кариера која ги носи на најпрестижните фестивали и концертни сали низ САД и Европа.

Австриската вечер на „Охридско лето“ започна со увертира од Моцартовата опера „Магичната флејта“, а продолжи со две арии од првиот и вториот чин на операта. Потоа следуваше маестрална изведба на „Влтава“ од чешкиот композитор Беджих Сметана , едно од шесте композиции во неговиот славен циклус „Од мојата татковина“.

-Иако оригиналното дело е напишано за оркестар, ние направивме аранжман за четирирачно пијано кое звучи невројатно убаво, но е премногу тешко за изведба, појасни реномираниот американско-австриски пијанист Денис Расел Дејвис.

Фестивалската публика исто така уживаше и во совршената изведба на „Фантазија во ф-мол“, едно од најубавите дела на Франц Шуберт напишано за пијано четири раце.

Прекрасната Австриска вечер на која се слушаше само совршена изведба на четирирачното пијано под сводовите на „Света Софија“ и долги ракоплескања за уметниците, беше заокружена со три дела за четитирачно пијано од композиторот Филип Глас кој е близок пријател на пијано дуото. Тоа беа прелудиуми од оперите „Орфеј“ и „Патување“, како и неговото оригинално дело „Стоукс“.

Освен што настапуваат заедно, двајцата уметници имаат успешни индивидуални кариери како пијанисти, а Денис Расел Дејвид и како диригент.

-Јас сум и диригент и пијанист, а мојата сопруга Маки Намекава е пијанист. Вечерва заедно настапуваме на овој прекрасен концерт во преубавата црква „Света Софија“. Ова е прва наша посета на Охрид и многу сме импресионирани од тоа како бевме пречекани. Охрид е прекрасен град и се надеваме дека пак ќе се вратиме овде, ни изјави Денис Расел Дејвис.

За пијано дуото Денис Расел Дејвис - Маки Намекава дела пишуваат композиторите Филип Глас („Четири става за две пијана“) и Чен Ји („Западна кинеска свита“), а Филип Глас исто така го пишува делото „Два става за четири пијана“ кое двајцата врзвни уметници го изведуваат со сестрите Катја и Марија Лабек. Во 2019 година јапонскиот композитор Џо Хисаиши им го посветува делото „Варијација 57“ за пијано дуо и камерен оркестар, соопштуваат организаторите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Викендов сончево и топло време, од понеделник дождови

По свежите утра, викендов ќе донесе стабилно и топло време низ Македонија, додека нов бран нестабилност со дожд и грмежи се очекува од почетокот на следната недела.

Викендов сончево и топло време, од понеделник дождови

Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој ќе биде најизразен во источните делови од земјата и долж Повардарието.

Утринските температури ќе се движат од 8 до 14 степени, додека дневните ќе достигнат до 30 степени Целзиусови, што ќе овозможи пријатно летно време во текот на денот.

И во сабота и недела се очекува претежно стабилно време со мала до умерена облачност и топли дневни температури.

Промена на временските услови се најавува во понеделник, кога на повеќе места ќе има дожд, локални грмежи и нестабилност. Од вторник повторно ќе следува стабилизација на времето, проследена со постепен пораст на температурите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер