Се шетале низ шума, па здогледале лисја како се движат- кога се приближиле, се преплашиле (ВИДЕО) - Канал 5

Се шетале низ шума, па здогледале лисја како се движат- кога се приближиле, се преплашиле (ВИДЕО)

Видео од Тајван, снимено во 2024 година, повторно кружи на социјалните мрежи последниве денови и предизвика бројни реакции.

Се шетале низ шума, па здогледале лисја како се движат- кога се приближиле, се преплашиле (ВИДЕО)

На прв поглед, изгледа речиси нереално! Камерата снимила необично движење на шумското тло, додека површината се бранува и се движи како да е „жива“.

Густа „линија“

Објавената снимка покажува нешто што се движи масовно низ шумата, во континуирана и густа „линија“ што се протега десетици метри.

Многу гледачи признаваат дека на почетокот мислеле дека се последици од обилните дождови или нанос од сува трева и лисја што водата ги разнесела по земјата. Сепак, како што камерата се приближува, станува јасно дека станува збор за нешто сосема друго.

Снимката е снимена во Националниот парк Шеи-Па во северен Тајван, една од најпознатите планински области во земјата. Таму, длабоко во природата, туристите и водичите наидоа на необична глетка.

Дури по неколку моменти стана јасно дека станува збор за огромна маса стоногалки, или Диплопода, кои се движат во еден правец, покривајќи ја земјата како „подвижен тепих“.

Според локалните медиуми, необичниот феномен прв го забележал туристичкиот водич Јанг Сјаоџонг додека водел група посетители по шумска патека на 27 април. На почетокот, луѓето мислеле дека гледаат расфрлана трева по обилните дождови.

Но, кога се приближиле, сфатиле дека станува збор за огромен број стоногалки кои лазат по земјата. „Колоната“, според очевидци, била долга помеѓу 40 и 50 метри!

Набрзо пристигнало „предупредување“

Јанг им рекол на медиумите дека и претходно видел стоногалки на патеката, но никогаш во таков број. Глетката, како што признал, била толку необична што му предизвикала морници и непријатно чувство дека може да „најави некој голем настан“.

Поради овој впечаток, видеото брзо завршило на мрежите, каде што било објавено со „предупредување“ дека луѓето треба да избегнуваат пешачење и престој во близина на реки. Авторот на објавата сугерирал дека необичната миграција на стоногалката може да биде поврзана со доаѓањето на „силна бура“ или дури и „земјотрес“.

Социјалните мрежи набрзо се загреаа. Корисниците масовно коментираа на видеото и го поврзуваа со природните катастрофи што го погодија Тајван во тоа време.

Имено, само неколку недели претходно, на 3 април 2024 година, силен земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала го погоди округот Хуалиен. Земјотресот беше еден од најсилните во последните неколку децении на островот, а по него следеа бројни последователни сеизмички активности.

Жителите на многу делови од Тајван живееја во неизвесност со денови поради честите последователни потреси, објавува Must Share News.

YouTube video

Експертите ги смируваат тензиите

Во таква атмосфера, секој необичен природен феномен предизвикуваше дополнителна загриженост. Ова ги наведе многу интернет корисници да веруваат дека масовната миграција на стоногалките може да биде еден вид „предупредување од природата“ за уште посилен земјотрес.

Сепак, експертите брзо ја уверија јавноста. Тие објаснија дека феноменот всушност е поврзан со природните промени во животната средина.

Според нив, миграциите на стоногалките во регионот повремено се случуваат поради сезонски промени, како и разлики во нивоата на влажност.

Слично мислење изразија и надлежните органи, објаснувајќи дека земјотресите не можат да се предвидат врз основа на однесувањето на стоногалките или другите животни.

Ова го истакна и професорот Ву Ли-веи од Универзитетот Тунгаи, кој работи на Одделот за биолошки науки. Тој објасни дека миграциите на стоногалките не се невообичаени на островот.

Според него, ваквите движења обично се случуваат кога има големи промени во нивното живеалиште - на пример, кога ќе снема храна или кога ќе се променат нивото на влага и структурата на почвата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Конески: Создаваме Македонија во која младите ќе имаат фер шанса за достоинствен живот и сигурна иднина

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини со Видиновски“ гостуваше Тодор Конески, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ кој порача дека промените се клучниот показател за актуелната политичка состојба во Македонија.

Конески: Создаваме Македонија во која младите ќе имаат фер шанса за достоинствен живот и сигурна иднина

На телевизија Канал 5 во емисијата „Само Вистини со Видиновски“ гостуваше Тодор Конески, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ кој порача дека промените се клучниот показател за актуелната политичка состојба во Македонија, нагласувајќи дека Владата спроведува политики и иницијативи со кои младите се ставаат во фокусот и добиваат можности за подобра иднина во сопствената држава.

„Кога ја коментираме политичката состојба во Македонија клучниот збор којшто треба да го издвоиме е промени, гледаме промени во коишто пред се младиот човек не се чувствува како гостин во својата држава туку како нејзин домаќин, гледаме дека секојдневно се работат иницијативи во коишто младите се во фокусот но и другите политики коишто се спроведени, а младите имаат бенефит од истите, промените се тоа што е клучно и што ја отсликува политичката состојба во Македонија. Исто така мора да потенцираме дека политичката состојбата во оваа држава моментално е многу стабилна, имаме стабилно владино мнозинство, имаме стабилна Влада којашто програмата со којашто има излезено пред граѓаните во 2024 година ја исполнува во добар тек. Промените се случуваат, дефинитивно имаме една структура којашто работи во насока на тоа Македонија како екосистем ја направи место каде што младите ќе имаат шанса за одржлив развој и фер шанса за достоинствен живот“, рече Конески.

Конески посочи и конкретни иницијативи насочени кон подобрување на студентскиот стандард, потенцирајќи дека од 13 студентски иницијативи биле прифатени 10, како и дека се разгледува нов модел за студентски оброк.

„Резултатите од Реформската агенда покажуваат дека сме први со најмногу алоцирани пари од Европската Унија согласно реформските процеси, од 13 студентски иницијативи 10 се прифатени односно студентите и барањата на студентите, понудивме нов модел за студентскиот оброк којшто рековме дека прво ќе го презентираме на студентите откако ќе се произнесат ќе видиме дали истиот ќе биде прифатен или нема, премиерот понуди две нови решенија коишто директно би помогнале при решавање на проблемот со домување, директно ќе се постапи кон решавање на истиот“, дециден е Конески.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Олимписката шампионка Брињоне ја заврши кариерата

Актуелната двократна олимписка шампионка во велеслалом и супер-Џи, Федерика Брињоне, денес објави дека ја завршила својата натпреварувачка кариера поради повреда.

Олимписката шампионка Брињоне ја заврши кариерата

- По два дена на снегот, сфатив дека ногата не ми се опоравила и дека премногу ме боли. Поради оваа причина, решив да ја завршам мојата натпреварувачка кариера. Ова беше тешка одлука, и покрај сè што направив за да се вратам, сериозноста на повредата не ми дозволува. Би сакала да учествувам само во уште една, последна трка, ќе ве известам кога - рече Брињоне на Инстаграм.

Италијанската скијачка се врати на патеките во вторник за прв пат по операцијата во август, кога ѝ беа вметнати плочи и завртки во левото колено по повеќекратни фрактури на ногата и скинати предни вкрстени лигаменти.

Брињоне беше двократна светска шампионка во 2023 и 2025 година, а има сребро и бронза од Зимските олимписки игри во 2022 година и бронза од 2018 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цветков до Штериев: Проверивте ли дали НБРМ смее да ги продава акциите на Алта банка?

Пратеникот на СДСМ, Борче Цветков, на денешната втора Надзорна расправа за Алта банка, побара од директорот на Македонската берза, Иван Штериев, да одговори што конкретно проверила Берзата.

Цветков до Штериев: Проверивте ли дали НБРМ смее да ги продава акциите на Алта банка?

Пратеникот на СДСМ, Борче Цветков, на денешната втора Надзорна расправа за Алта банка, побара од директорот на Македонската берза, Иван Штериев, да одговори што конкретно проверила Берзата пред да се реализираат трансакциите за купување на Алта банка АД Битола и друштвото кое денес работи под името Алта осигурување. Цветков посочи дека случајот со Алта банка АД Битола отвора сериозни прашања за функционирањето на финансискиот систем, институционалната одговорност и транспарентноста на пазарот на капитал.

„Станува збор за случај кој не смее да се третира само како редовна, деловна или техничка постапка за продажба на акции, особено, ако се има предвид дека станува збор за банкарска институција, чија сопственичка структура претрпе сериозни промени и дека во постапката се вклучени повеќе институции со различни надлежности и одговорности“, рече Цветков.

Тој посочи дека Македонската берза има важна институционална улога во обезбедувањето законито и транспарентно функционирање на пазарот, еднакви услови за учесниците и навремено објавување информации од значење за инвеститорите.

„Јавноста има право да знае како се случувале овие процеси, кој носел одлуки, врз основа на која информација и дали во секоја фаза биле почитувани принципите на законитост, транспарентност, еднаков третман и заштита на интересите на засегнатите страни“, рече Цветков.

Во таа насока, Цветков побара конкретен одговор кои документи и одобренија биле доставени до Македонската берза од надлежните институции, кога биле доставени и дали Берзата е подготвена целосно да ја објави хронологијата на постапките.

„Преку Македонска берза поминаа и трансакциите за купување на Алта банка АД Битола и трансакциите за купување на друштвото што денес е Алта осигурување. Што конкретно провери берзата по секој од двата случаи пред да се извршат овие трансакции? Кои одобренија ѝ беа доставени од институциите и на кој датум? Дали сте подготвени да ја објавите таа хронологија?“, праша Цветков.

Во дополнителното прашање, Цветков го отвори и прашањето за можните правни последици од продажбата на акциите, барајќи да се разјасни дали биле проверени овластувањата на Народната банка за нивна продажба и дали постои ризик од нова штета за граѓаните доколку следуваат тужби и меѓународна арбитража.

„Проверивте ли дали Народна банка Македонија смее да ги продава тие акции, односно што доколку утре следуваат тужби и меѓународна арбитража, дали постои ризик за граѓаните на Македонија повторно да бидат оштетени?“, праша Цветков, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер