Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката
1Протест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценката
3Можен ли е компромис за нов колективен договор во културата до 1 април, откако Уставен го укина актуелниот?
3Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
СудбинаСе родил без раце и нозе, а сега е еден од најпознатите шминкери- инспирира милиони (ВИДЕО)Бриел Адамс-Витли, роден во Бразил со тешка форма на Ханхарт синдром, ретка состојба што го оставила без раце и нозе, му покажува на светот што значи да се надмине невозможното.На само 22 години, Бриел ги надмина предизвиците што на многумина им изгледаа непремостливи. Посвоен во САД На само 9 месеци, Бриел беше даден на посвојување. Неговото американско семејство во Јута го прими додека неговата посвоителка беше бремена со своето 11-то дете во тоа време - таа сега има 13 биолошки деца, а Бриел е единственото посвоено дете. „Моето семејство ме научи да бидам што е можно понезависен и да правам сè што можам сам, вклучително и облекување, движење низ куќата и качување по скали со помош на електрична инвалидска количка“, изјави Бриел за Qwerty. Надминување на малтретирањето и градење самодоверба Бриел се сеќава како неговата мајка го научила да се фокусира на позитивното кога бил малтретиран во училиште. „Еден ден ми рече: „Погледни се во огледало и напиши десет работи што ги сакаш кај себе. Потоа избери десет луѓе од твоето училиште и кажи им една убава работа“. Тоа ми го промени животот и ми помогна да се стремам кон подобро и да бидам среќен со себе за да можам да им го дадам најдоброто од себе на другите.“ Кога малтретирањето стана посериозно, Бриел се префрли во друго училиште на една година за да ја врати самодовербата. Тогаш реши да се приклучи на танцова компанија, што беше неговиот прв чекор во светот на шминкањето. „Отсекогаш ја сакав убавината - имам четири сестри и сите се убави, а мајка ми е неверојатна. Обожавам да ги гледам како се шминкаат и како секој пристап функционира различно“, рече Бриел. Уникатен пристап кон шминкањето Бриел почна да учи техники за шминкање од туторијали на YouTube, прилагодувајќи ги на своето тело. „На почетокот, лежев на подот со крпа, користејќи тркалезен сунѓер. Беше тешко, морав постојано да ја кревам главата, а вратот ме болеше“, се сеќава тој. View this post on Instagram A post shared by Briel Adams-Wheatley (@no_limbs_) За време на пандемијата COVID-19, Бриел одлучи да се фокусира на она што го сака - правење видеа за шминкање. Неговите први видеа беа ограничени на неговиот врат, но кога вклучи објаснување за неговата состојба без раце и нозе во видеото, тие станаа вирални. View this post on Instagram A post shared by Briel Adams-Wheatley (@no_limbs_) „Луѓето беа воодушевени и почнаа да разбираат како функционирам без раце и нозе“, додава тој. Инспирира милиони Денес, Бриел има повеќе од два милиони следбеници на TikTok, каде што споделува упатства за шминкање, делови од неговиот секојдневен живот со сопругата и совети за самостоен живот. „Работите што ме прават најсреќен се кога родителите велат дека нивните четиригодишни деца сакаат да ги гледаат моите видеа за појадок или кога луѓето кои минуваат низ тежок период ја користат мојата содржина за да го разубават својот ден“, објаснува Бриел. View this post on Instagram A post shared by Briel Adams-Wheatley (@no_limbs_) Неговата порака е универзална: „Се надевам дека мојата содржина ќе го разубави денот, не само за лицата со попреченост или членовите на ЛГБТ заедницата, туку за сите. Сите поминуваме низ различни работи и доаѓаме од различно потекло, и тоа е она што нè прави посебни.“Тагови: раце шминкер Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
РакометПочина ракометар на полувремето на натпревар во Сараево Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар.Трагичен инцидент се случи денеска за време на ракометен натпревар од Првата лига на Федерацијата на Босна и Херцеговина Југ помеѓу ОРК Босна и РК Железничар, кој се играше во салата „Рамиз Салчин“ во Сараево, кога еден од играчите почина. Како што потврди Klix.ba, ракометар на ОРК Босна починал на полувремето од срцев удар. Потоа натпреварот беше прекинат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПротест на сопствениците на земјиште долж трасата за автопатот Скопје-Блаце, не се задоволни од проценкатаПедесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала.Педесетина сопственици на земја долж трасата на автопатот Скопје-Блаце денеска по втор пат се обидоа да ја блокираат Јадранската магистрала, револтирани од проценката на државата за квадрат земјоделско земјиште да им даде 20 евра, а за градежно 50 евра. Обвинуваат дека вештакот немал лиценца, а за случајот ја известиле и ЕБРД која го финанисра проектот.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд Бардовци во Шутка, 30 дена притвор за гостиварецот што крвнички ја претепал сопругата13:3842-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07Претепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14
42-годишната претепана жена од Гостивар се бори за живот на КАРИЛ, сопругот задржан во психијатриска болница 15:07
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
БалканИлјадници на протест во Истанбул поради високите трошоци за живот (ВИДЕО)Илјадници луѓе учествуваа денеска на протест во Истанбул против зголемувањето на цените и за поголема социјална правда, објави опозицискиот весник „Џумхуриет“.Протестот, свикан од синдикати и граѓански организации, се одржа на азиската страна од најголемиот град во Турција. По правило, турските власти не го објавуваат бројот на учесници во протестот. Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше: „Работа, леб, слобода“. „Едвај врзуваме крај со крај“, изјави демонстрантот Фатих Курт за новинската агенција АНКА, блиска до опозицијата. „Сакаме да живееме достоинствен живот“, рече друг демонстрант. Според официјалните податоци, Турција во моментов се справува со годишна стапка на инфлација од околу 30 проценти. Независната истражувачка група „Енаг“ тврди дека годишната стапка на инфлација во октомври била околу 45 проценти. Минатата недела, илјадници луѓе излегоа на улиците на Истанбул за да протестираат против затворањето на бројни опозициски медиуми.Тагови: Истанбул протест Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook