Се роди првата петорка во Чешка

Породувањето на петорката која е зачната по природен пат, било извршено со царски рез во 31. недела од бременоста и според претходните најави бебињата се тешки по околу 1.200 грама.

Во Прага се роди првата петорка во Чешка. Иако на прес конференцијата, лекарите не го соопштија полот на децата се дознава дека 23-годишната мајка и четирите машки бебиња и едно девојче се во добра здравствена состојба.

Породувањето на петорката која е зачната по природен пат, било извршено со царски рез во 31. недела од бременоста и според претходните најави бебињата се тешки по околу 1.200 грама.

Поради предвременото раѓање бебињата ќе останат во болница околу еден месец. Чешката „супер мама" која за неколку дена по објавувањето на веста стана ѕвезда и нејзиниот партнер веќе имаат петгодишен син.

Општината каде што живее младиот пар, во близина на Прага, веќе им обезбеди стан од 120 метри квадратни и ќе им плаќа негувателка која ќе им помага додека петорката не наполни четири години.

Уште една помошничка и родителски додаток само за едно дете на младата мајка и следува од државата. Откако сторијата беше објавена во јавноста повеќе граѓани и компании се јавиле нудејќи финансиска помош. Во Чешка последен пат е родена четворка пред 10 години, а од 1950 година четири бебиња заедно се родиле 11 пати.

Реми во Севиља, Шпанија и Полска без победник

Фудбалерите на Шпанија и Полска одиграа без победник во второто коло од Групата Е на Европскот првенство. 

Избраниците на Луис Енрике не успеаја да ја оправаат улогата на фаворит на дуеот во Севиља против вечерва солидната Полска.

Црвената фурија го отвори резуласки мечот со голот на Мората во 25 минута. Шпанија со водство од 1-0 го заврши првото полуврее. Но, во вториот дел проработе најдобриот европски стрелец. Капитенот на Послака Роберт Левандовски со својот првенец на ЕУРО во 54 минута го израмни резулатот на 1-1 и не дозволи нов пораз на Полска на првенството. По 2 кола во групата Е , Шведска е на водечката позиција со 4 бодови пред Словачка со 3. Шпанија е трета со 2 бода а Полска е четврта со 1 бод.

За патниците во нокаут рундата ќеодлууваат натпреварите Шпанија - Словачка и Шведска Полска.

Автомобил паднал на железничка пруга во Градско, повредени пет лица

Во Градско попладнево околу 19 часот, автомобил што се движел во близина на бензиска пумпа паднал од патот на железничката пруга. Повредени се пет лица.

Како што информириа за МИА д-р Василка Пановска Поп-Стефанова, началник на Брза Помош, повредените по укажаната помош се пренесени во Ургентниот центар на велешката болница.

Портпаролката на ЈЗУ Општа болница во Велес, Елеонора Јованова изјави дека кај сите повредени биле констатирани помали телесни повреди, по што се пуштени на домашни лекување.

Триесет и шестгодишник од Велес паднал од цреша

Триесет и шестгодишен велешанец попладнево паднал од цреша и се здобил со фрактури на ребра.

Елеонора Јованова, портпарол на ЈЗУ Општа болница во Велес за МИА информира дека попладне околу 19 часот, бил примен пациент кој паднал од цреша. Тој се здобил со фрактура на повеќе ребра. Бил снимен и му е укажан прва помош.

Повредениот е оставен на опсервација во Хируршкото одделение во велешката општа болница

притисни ентер