Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
1Многу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреварот
СветСе редат откази во оваа германска компанија: Кој остане, ќе работи за помала платаКризата во која се наоѓа „Thyssenkrupp Steel“ е предизвикана од падот на индустриската активност, високите трошоци за енергија и притисокот од евтин челик од Азија.По тридневни интензивни преговори, управата и синдикатот „IG Metall“ постигнаа договор за колективен договор што ќе важи до 2030 година. Согласно тој договор, на работниците ќе им се намали работното време на 32,5 часа неделно, ќе се укине правото на исплата на годишен додаток, ќе се намали износот на јубилејната награда, а на крајот нивните примања ќе се намалат во просек за околу осум отсто, пишува списанието „Феникс“. Можеби ќе ве интересира: Бројот на банкроти на компании во Германија на највисоко ниво од 2005 година Мерките имаат за цел да остварат заштеда во годишните трошоци за работа во износ од неколку стотици милиони евра. IG Metall пред договорот предупредуваше на „список на отровни мерки“ што според нив изнесувал околу 200 милиони евра, но сега тврдат дека таа бројка е речиси преполовена. Покрај тоа, потврдени се плановите за големо намалување на бројот на работни места. До 2029 година се планира укинување на 1.600 работни места во производството поради затворање на одредени погони, додека до 2028 ќе се укинат уште 3.700 работни места во другите делови од концернот. Можеби ќе ве интересира: Овие 10 професии се најплатени во Германија: Нудат „чисто злато“ за овие занимања, бројките се огромни! Иако претходно се спомнуваше бројка од „околу 5.000“ откази, новите податоци покажуваат вкупно 5.300 работни места помалку. Со планираната продажба на делови од компанијата, се очекува бројот на вработени да се намали од сегашните 26.300 на помалку од 16.000. Компанијата и синдикатот се договориле да нема присилни откази. Наместо тоа, се планира изработка на социјален план кој ќе вклучува отпремнини и други мерки за ублажување на последиците од реструктуирањето, а сè треба да биде договорено до септември. Можеби ќе ве интересира: Банкоматите имаат свои правила: Германците планираат нови граници за подигнување готовина (Bizportal)Тагови: Германија компанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМногу еуфорија во Скопје пред натпреварот со Шкотска, околу 4000 шкотски навивачи дојдоа за натпреваротШкотските навивачи ги освоија улиците на Скопје. Не очекува ли жешка атмосфера вечерва на арената Тодор Проески, на дуелот мегу Макеоднија и Шкотска.Каква беше денеска атмосферата во Скопје, каде видливо беше присуството на таканаречената Тартан арми. Какви се очекувањата на шкмотските навивачи? Скопје вечерва носи возбудлива атмосфера и поради уште еден настан традиционалната Бела ноќ. Што всушност носи нејзината програма, која најавено е дека ке трае до 3 часот по полноќ? Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦентарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритамСкопје денеска живее во фудбалски ритам. Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка. Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици. Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат. За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија. Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЛишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријаваНа 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари. Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: дрога Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter