Притвор за помошник-директорот во Царинската управа, осомничен дека зел мито од над 17.500 евра, бара ЈО
2Притвор за помошник-директорот во Царинската управа, осомничен дека зел мито од над 17.500 евра, бара ЈО
3Мицкоски: Донирани се инвертер клима уреди за 500 семејства, дел од проектите и политиката на оваа Влада
Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ЖивотСе развела од милијардер, па сега е побогата од британската кралица (ФОТО)Манекенката, поранешна мисица и пејачка Кирсти Бертарели стана најбогатата разведена жена во Велика Британија, а се верува дека нејзиното сегашно богатство е поголемо од богатството на британската кралица.Педесетгодишната Кирсти тајно се развела од сопругот милијардер Ернесто Бертарели, со кого била во брак 21 година. Заедно, тие биле рангирани на 14 -то место на листата на богати според „Сандеј Тајмс“ оваа година, а нивното богатство тогаш било проценето на неверојатни 9,2 милијарди фунти. Тие не сакале јавно да зборуваат за спогодбата по разводот, но Daily Mail дознава дека оваа поранешна Мис на Велика Британија се согласила на 350 милиони фунти. Покрај тоа, таа добила модерна куќа покрај Женевското Езеро во Швајцарија, купена оваа година за 52 милиони фунти. Исто така поседува викендичка од осум милиони фунти во швајцарскиот скијачки центар Гштад. „Одлуката беше заедничка, а разводот беше консензуален“, нагласил портпаролот на парот. Се верува дека Кирсти потпишала предбрачен договор пред да се омажи за Италијанецот во 2000 година. Заедно имаат три деца. View this post on Instagram A post shared by Kirsty Bertarelli (@kirstybertarelli) Ова ја прави Кирсти најбогатата разведена жена родена во Британија во правната историја. Сега е побогата од сер Мик Џегер (310 милиони фунти), Ед Ширан (220 милиони фунти) и Адел (140 милиони фунти). Исто така, се верува дека е побогата од британската кралица чие лично богатство се проценува на околу 365 милиони фунти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМитовски: Ветувањата вредат кога стануваат дела – да подадеме рака таму каде што е најпотребноГрадоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски, денес го посети семејството Ангеловски и малиот Атанас, за кого е целосно реализирано ветувањето за подобрување на условите во домот.На почетокот на својот мандат, при посетата на семејството, Митовски вети поддршка за создавање услови приспособени на потребите на Атанас, дете со попреченост. Денес, дадениот збор е претворен во дело , целосно се уредени и приспособени бања и тоалет со непречен пристап, со што значително се олеснува секојдневието на Атанас и на целото семејство. „Мило ми е што можев да им го олеснам секојдневието и што ветеното денес е реалност. Но, уште повеќе би ме радувало ако овој гест биде поттик и за другите. Да си бидеме поддршка едни на други, да подадеме рака и да помогнеме таму каде што е најпотребно. Понекогаш за некого нашата помош значи многу повеќе отколку што можеме да замислиме“, истакна градоначалникот Митовски. При посетата, со пригодни подароци беа израдувани Атанас и неговата сестричка, а нивните насмевки беа најубавата слика од средбата. Пораката е едноставна, но силна, хуманоста добива вистинска вредност кога станува дело. Нека ова биде поттик за општествено одговорните компании, институциите и сограѓаните да се вклучат и да бидат поддршка таму каде што е најпотребна.Тагови: Сашко Митовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПритвор за помошник-директорот во Царинската управа, осомничен дека зел мито од над 17.500 евра, бара ЈОПритвор за помошник директорот во Царинската управа, Џевер Имери, кој беше уапсен вчера како прима мито, побара Јавното обвинителство. Од таму инфомрираа дека акцијата следела по пријава од граѓанин, а Имери ќе одговара за две дела- примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание. Тој, според истрагата, во периодот од април/мај до септември 2026 година, користејќи ја својата службена положба, во повеќе наврати побарал и примил вкупно 17.500 евра. -Дел од средствата, во износ од 7.500 евра, биле побарани и примени во врска со веќе склучен договор за јавна набавка за потребите на Царинската управа, со цел договорот да продолжи да се реализира без пречки и без ризик од негово раскинување. Дополнително, во врска со друга постапка за јавна набавка што била предмет на жалбена постапка, осомничениот побарал уште 10.000 евра, при што се повикал на свое претпоставено влијание врз натамошниот тек на постапката. Според прибраните докази, за возврат тој требало да влијае врз постапувањето во жалбената постапка и да делува во однос на условите и техничката спецификација. – соопшти ОЈО ГОКК. Според информациите, Имери вчера по преземањето на парите, не застанал на полициските наредби и се дал во бегство, но брзо потоа бил фатен од полицијата и уапсен. За неполна седмица, ова е втор случај во кој обвинителството и полицијата постапувајќи по пријава од граѓанин, спроведоа успешна акција со обележани пари. Претходно уапсен беше и возачот на генералниот секретар на Владата, кој барал поткуп за вработување во пожарна. Од ОЈО ГОКК ги охрабруваат сите граѓаните кои располагаат со сознанија или информации за можни коруптивни дејствија да ги пријават до надлежните органи. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Донирани се инвертер клима уреди за 500 семејства, дел од проектите и политиката на оваа ВладаПретседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на доделени ваучери за инвертер клими за повеќе од 500 семејства, изјави:„Тоа е уште еден проект којшто го реализираше Владата, а тоа е во делот на донирање на инвертер клима уреди за 500 семејства коишто согласно својот социјален статус ги исполнуваат условите за да можат да ги кондиционираат своите домашни простории. Во случајов еве, бидејќи доаѓа грејната сезона да ги загреваат. И ова е дел од проектите и политиката на Владата да поддржува ваков тип на проекти. Тоа е исто така во насока на борбата со намалување на емисијата на штетни честички, односно загадувањето. Така што ние ќе продолжиме и понатаму овие проекти да ги спроведуваме.“Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter