Се разведуваат 74 годишниот Милојко со неговата 21 годишна невеста - Миљана бара дел од неговиот имот - Канал 5

Се разведуваат 74 годишниот Милојко со неговата 21 годишна невеста - Миљана бара дел од неговиот имот

Најинтригантната брачна двојка во Србија, Милјана (21) и Милојко (74), ќе ја напуштат вилата на контроверзното реално шоу Парови за да ги потпишат документите за развод, пишува српски Курир.

Се разведуваат 74 годишниот Милојко со неговата 21 годишна невеста - Миљана бара дел од неговиот имот

Гледачите од Србија секојдневно го следат развојот на приказна која привлече големо внимание дури и од британските медиуми, а според последните случувања, Милојко тврди дека се разведува. „Сигурен сум дека добивам развод“, рече тој во програмата во живо.

Кога адвокатот ќе влезе со документите за развод, тие на кратко ќе го напуштат реалното шоу за да ги потпишат документите и договорно да се разведат

„Но, не сме заработиле ништо заедно, целииот имот е мој. Мои се куќите, мои се становите“, објасни Милојко.

Но, Миљана не се согласува со него. „Нема да се вратам во селото по никоја цена, сакам дел од имотот“, решена е младата невеста.

Žабац, оженет љубовник на Миљана, со која е во врска во ријалити шоуто, дополнително ја загреа ситуацијата. „Побарај му да ти ги врати парите за свадбата. Ќе си купиш автомобил. Тоа се твои пари” , и вели Жабац на невестата , која само пред неколку месеци се венча со 74- годишниот вдовец и покрај противењето на нејзините родители.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот

Почина 76 годишен пациент од нилска треска на клиниката за инфективни болести. Пациентот по потекло е од ризичното прогласено подрачје од скопско Драчево. 

Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот

Пациентот бил 27 дена на клиниката за инфективни болести и бил со други хронични заболувања. Инфектолозите објаснуваат дека најчесто тешки пациенти на интензивна неега се повозрасните пациенти. Ова е четврт починат пациент од нилска треска.

На клиниката во последните часови приемни се два нови пациенти меѓу кои и 24 годишен пациент со полесна форма на заболување. Вкупно се хоспитализирани 20 пациенти со нилска треска, кај двајца од нив се чекаат официјални резултати.

Градоначалникот на град Скопје Орце Ѓорѓиевски најави дека вечерва ќе има 13та по ред теренско прскање за комарци. Градоанчалникот издал налози на 20 август да се спроведе теренска дезинскеција против возрасни комарци, а на 21 август ќе се врши авионско прсакње.

Според програмата од 23 до 26 август ќе има теренско прсакње против возрасни комарци.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ристовски: Технологијата се менува, но обврската кон државата останува

Честитка од министерот Борко Ристовски по повод 18 Август - Денот на Армијата.

Ристовски: Технологијата се менува, но обврската кон државата останува

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска присуствуваше на одбележувањето на 34-годишнината од формирањето на Армијата на Република Македонија, на централната свеченост што се одржа во Кампот за обука на вода во Охрид, во присуство на највисокиот воен и државен врв.

По повод 18 Август – Денот на Армијата, Ристовски упати честитка до припадниците на Армијата и до сите кои низ годините биле дел од македонскиот одбранбен систем.

„Денеска им оддаваме почит на луѓето кои ја избрале честа да ѝ служат на својата татковина.

Македонската Армија е создадена заедно со независна Македонија и повеќе од три децении е еден од столбовите на нашата државност. Генерации македонски војници ја носеле униформата со достоинство, професионалност и подготвеност да застанат во одбрана на државата и на нејзините граѓани.

Денес имаме современа Армија, рамноправен дел од НАТО, која се модернизира и се подготвува за новите безбедносни предизвици. Но технологијата и опремата се менуваат, а едно останува исто – човекот во униформа и неговата обврска кон државата, знамето и народот.

На сите припадници на Армијата, на ветераните и на семејствата кои стојат зад нив им го честитам 18 Август – Денот на Армијата.

Нека е вечна Македонија!

Честит Ден на Армијата!“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Рејтингот на Трамп падна на најниско ниво во актуелниот мандат

Рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп падна на најниско ниво од почетокот на неговиот втор мандат, покажува најновата анкета на Ројтерс и ИПСОС.

Рејтингот на Трамп падна на најниско ниво во актуелниот мандат

Истражувањето покажува дека само 33 отсто од испитаниците го одобруваат неговото работење, додека 64 отсто не го поддржуваат. Околу 80 отсто од Американците се изјасниле дека американското учество во конфликтот со Иран ќе трае подолго време, додека само еден од пет испитаници смета дека војната била оправдана.

Падот на поддршката создава дополнителен притисок врз републиканците пред ноемвриските избори за конгресот..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер