„Најтешките борби не се водат секогаш на фронтовите“: Александар Видиновски ја објавува својата прва книга „На местото на настанот“
2„Најтешките борби не се водат секогаш на фронтовите“: Александар Видиновски ја објавува својата прва книга „На местото на настанот“
Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
1Шпанската полиција ја истражува смртта на фудбалерот на Тенерифе, што го очекува голманот со кој се судри?
ЖивотСе разведе и „Колдплеј љубовницата“ (ВИДЕО)Кристин Кабот, менаџерката за човечки ресурси која се здоби со слава откако камера за бакнување ја фати во афера на концертот на Колдплеј, официјално се разведува од својот сопруг Ендру.52-годишната Кабот поднесе барање за развод помалку од еден месец откако видеото на кое се бакнува со својот шеф стана вирално. Сепак, се чини дека врската на двојката е нарушена веќе некое време, а Ендру Кабот наводно останал незаинтересиран за веста дека неговата трета сопруга одлучила да продолжи понатаму. Поранешната сопруга: Тоа е карма Неговата поранешна сопруга, Џулија Кабот, за „Дејли меил“ изјави дека му пратила порака на Ендру веднаш по инцидентот. „Тој рече: „Нејзиниот живот нема никаква врска со мене“ и потврди дека се разведуваат. Тој тврди дека тоа нема никаква врска со него, иако биле во брак и делеле куќа. Но, искрено, единственото нешто за кое се грижи се парите“, додаде таа. „Не би рекла дека е материјал за сопруг“, остро коментираше Џулија, додавајќи за Кристин: „Но, и таа не изгледа како материјал за сопруга“. Трет развод за богат наследник Судските документи потврдуваат дека Кристин Кабот поднела барање за развод на 13 август во судот во Портсмут. За Ендру Кабот, извршен директор на семејната компанија Privateer Rum, ова ќе биде трет развод. Неговата поранешна сопруга го опишала како потомок на семејството Бостон Брамин, едно од најстарите и најбогатите семејства во Бостон. Според Џулија, 63-годишна инструкторка по јога, нејзиниот поранешен сопруг го заслужил ова. „По сè, добив еден куп пораки од луѓе кои напишале само еден збор: карма. Како сееш, така ќе жнееш. Не мислам дека ова воопшто го погодило. Неговите чувства не се повредени. Веројатно е само засрамен“, рече Џулија, која беше во брак со Ендру четири години, сè додека не се разведоа во 2018 година. Дали разводот е само претстава? Од друга страна, некои извори изразуваат сомневање дека целата приказна за разводот е само обид да се спаси образот по виралниот скандал. Ендру Кабот бил на службено патување во Јапонија во времето на инцидентот и наводно не знаел што се случило сè додека не се вратил дома. „Семејството сега тврди дека со месеци имаат брачни проблеми и зборуваат за разделба, што е интересно бидејќи само пред еден месец им кажуваа на сите колку се заљубени“, изјавил извор за „Мејл“. Интересно е што Кристин и Ендру Кабот купиле куќа вредна 2,2 милиони долари со четири спални соби, сместена во близина на атлантскиот брег, само пет месеци пред скандалот. Што точно се случило? Да потсетиме дека инцидентот што доведе до целиот случај се случил на 16 јули на концертот на „Колдплеј“ на стадионот „Жилет“ во Масачусетс. Таму, Бајрон и неговата љубовница Кабот биле снимени од камера за бакнување, слична на онаа што се користи на спортски настани. Во видеото, кое набрзо стана вирално, Бајрон се гледа како ја држи Кабот околу половината, а таа му возвраќа блискост. Но, кога ги видоа своите лица на големиот екран, двајцата испаничија и се обидоа да исчезнат од кадарот - Бајрон се наведна, а Кабот го покри лицето. @instaagraace trouble in paradise?? 👀 #coldplay #boston #coldplayconcert #kisscam #fyp ♬ original sound - grace Ситуацијата дополнително ја зачинил фронтменот на „Колдплеј“, Крис Мартин, кој од сцената коментирал: „Или имаат афера или се само многу срамежливи“. Автентичноста на моментот ја забележа корисничката на TikTok, Грејс Спрингер, која за The Sun изјави дека немала поим кого снима. „Само помислив дека забележав интересна реакција на камерата за бакнување и решив да ја споделам“, рече таа. „Делумно ми е жал што им ги превртив животите на овие луѓе наопаку, но... играш глупави игри, освојуваш глупави награди.“Тагови: Колдплеј љубовница Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканЕдногодишно девојче убиено во Нови Сад, уапсени родителитеПолицијата во Нови Сад ја уапси 33-годишната А. Ш. под сомнение дека вечерта на 2 ноември ја убила својата едногодишна ќерка.Уапсен е и таткото на детето, 54-годишниот Т. Ш., кој се сомничи за не пружање помош, потврдија од Вишото јавно обвинителство во Нови Сад. Од Обвинителството наведуваат дека мајката му нанела повеќе удари по телото на детето, што резултирало со смрт на девојчето. А. Ш. се товари за тешко убиство – кривично дело за кое е предвидена казна затвор во траење од најмалку десет години до доживотен затвор. Таткото, Т. Ш., се товари за не пружање помош, дело за кое законот предвидува затворска казна од три месеци до пет години. На осомничените им е одреден притвор во траење до 48 часа, во текот на кој ќе бидат сослушани во Вишото јавно обвинителство во Нови Сад. По сослушувањето, во рамките на истрагата ќе бидат спроведени дополнителни доказни дејствија. Фото: ВИТагови: Нови Сад Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија„Најтешките борби не се водат секогаш на фронтовите“: Александар Видиновски ја објавува својата прва книга „На местото на настанот“Новинарот, уредник и телевизиски водител Александар Видиновски на 5 ноември (четврток), со почеток во 19 часот, во книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ во Скопје, ќе ја промовира својата прва книга – „На местото на настанот“.Книгата, објавена во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, носи лични сведоштва од речиси две децении новинарска кариера, исполнета со известувања од кризни подрачја, драматични настани и ситуации во кои новинарот не е само набљудувач, туку и непосреден сведок на историјата. Од престрелките во Диво Насеље и драматичната ноќ на воениот удар во Турција, до воени зони, несреќи и кризи во Македонија и надвор од неа, Видиновски ги пренесува приказните што останале зад телевизиските прилози и директните вклучувања. За разлика од кратките телевизиски извештаи, книгата нуди простор за подлабоко раскажување на настаните, личните доживувања и моментите што не секогаш можеле да бидат пренесени пред камерите. Во разговор со Александар Видиновски ќе откриеме што се крие зад насловот „На местото на настанот“, кои моменти од неговата новинарска кариера биле најголем предизвик, но и колку е тешко од професионалното искуство да се создаде лично сведоштво. 1. Што беше главниот мотив што ве поттикна да ја напишете оваа книга? Кога се роди идејата? Идејата се роди сосема спонтано. Низ годините, настаните од кои сум известувал беа навистина големи и значајни, па така, по игра на случајноста, безброј пати сум ги раскажувал моите доживувања и преживувања од терен на пријатели кои со интерес ги слушаа. Си реков: додека се сè уште свежи сеќавањата, да ги ставам на харртија (или забележам) за да остане некаков пишан доказ дека и македонски новинари, во одредени моменти, биле рамо до рамо со странските колеги и известувале директно од лице место од големи светски настани. 2. Колку е различно чувството кога информациите што секојдневно ги пренесувате како новинар ќе ги преточите во книга? „Оваа книга нуди многу повеќе од обична вест. Таа открива како се создава таа информација, што се случува зад камерите и кои се тие невидливи моменти. Фокусот е ставен на личната перцепција, стравот, љубовта и искрените искуства – на сè она што е подлабоко и поинтимно од стандардното новинарство.“ 3. Дали во текот на пишувањето имаше моменти кога се двоумевте дали некои работи треба да ги споделите со јавноста? „Да, секако дека имаше и такви моменти. Златна новинарска пракса е никогаш да не се открива изворот на една информација. Тие стари новинарски стандарди безусловно ги почитувам. И во самата книга се споменуваат одредени луѓе, но нивниот идентитет секако остана заштитен.“ 4. Кому му е првенствено наменета оваа книга? „Книгата е наменета за сите граѓани кои сакаат да прочитаат и да видат многу повеќе од обична вест. За оние кои сметаат дека новинарството е убава, но и предизвикувачка професија, и за сите кои вистински се грижат за општеството и работите што ни се случуваат.“ 5. Дали очекувате книгата да отвори одредени прашања или дискусии во јавноста? „Интересно е како уште необјавена, книгата веќе предизвикува дилеми и дискусии за одредени поглавја. Тоа е одлично, бидејќи дијалогот и спротивставените мислења се знак на здрава дебата. Секако, туѓите ставови не мора да ги прифатам, но секогаш длабоко ги почитувам.“ 6. Кога би можеле да издвоите само една реченица што ја опишува книгата, која би била таа? „Најтешките борби не се водат секогаш на фронтовите, најтешко е да ги извојуваш оние битки што ти се случуваат во време на мир.“ „На местото на настанот“ е повеќе од хронологија на новинарски ангажмани – тоа е обид да се зачуваат сведоштвата за настани што оставиле трага, но и да се раскажат приказните што често остануваат надвор од телевизискиот кадар. Преку својата прва книга, Александар Видиновски им дава можност на читателите да ги погледнат познатите настани од една поинаква перспектива – од местото каде што се случувале. View this post on Instagram A post shared by Канал 5 Телевизија (@kanal5televizija) Тагови: Александар Видиновски книга Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаХоџа-Гецова: Продлабочување на соработката со Чешка во областа на животната срединаНа средбата беше истакната важноста на размената на искуства и експертиза, особено во областите на управувањето со отпадот, подобрувањето на квалитетот на воздухот и контролата на индустриското загадување.Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, оствари средба со амбасадорката на Чешката Република во Македонија, Ирена Гецова, на која беа разгледани можностите за унапредување на билатералната соработка, со посебен фокус на заштитата на животната средина. На средбата беше истакната важноста на размената на искуства и експертиза, особено во областите на управувањето со отпадот, подобрувањето на квалитетот на воздухот и контролата на индустриското загадување. Министерот Хоџа изрази благодарност за континуираната поддршка од Чешката Република во процесот на пристапување на Северна Македонија кон Европската Унија, како и за активната улога на Чешката амбасада во Скопје во поттикнувањето на соработката во областа на животната средина. Двајцата соговорници ја потврдија подготвеноста за понатамошно продлабочување на партнерството преку институционална соработка, размена на знаења и реализација на конкретни активности од заемен интерес.Тагови: Муамет Хоџа Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook