Се разбудил, открил дека е мртов и живеел како зомби!!!

Ги убедувал во болницата да не му даваат таблети бидејќи мозокот му е мртов, немал чувство за мирис и вкус, не чувствувал глад, немал што да каже, а најдобро му било кога одел на гробишта бидејќи таму бил најблиску до смртта. Британецот кој медиумите го нарекуваат греам боледувал од синдромот Котард!

Пред 9 години Греам се разбудил и открил дека е мртов. Всушност боледувал од Котард синдромот, кој прави пациентот да верува дека тој или делови од неговото тело веќе не постојат!

Оваа ретка состојба која го погодила Греам го натерала да верува дека неговиот мозок е мртов. Тој боледувал од тешка депресија и с еобидел да с есамоубие со електрична направа во неговата када. Но преживеал. 8 месеци подоцна во болница објаснувал дека е мртов, дека самиот си го убил мозокот и повеќе не е жив!

- Чувствував дека веќе немам мозок и бев убеден дека сум го „сварил“ во кадата! - вели Греам.

Оваа чудна приказна ја пренесува newscientist.com. Докторите никако не можеле да го убедат дека ако оди дише и зборува не може да е мртов. Тој само се нервирал од нивните тврдења сигурен дека не постои. Најпосле, го поврзале со двајца научници - неврологот Адам Земан од Велика Британија и Стивен Лоринс од Белгија.

- Тоа беше првиот и единствен пат кога мојата секретарка мии рече - навистина е важно да позборувате со овој човек бидејќи ми вели дека е мртов, изјави Лоринс.

- Тоа беше навистина необичен пациент. Неговото верување беше метафора за тоа како се чувствува во врска со светот, тој беше во состојба меѓу животот и смртта - вели Земан.

Синдромот Котард не е многу истражен. Истражувањтео се сведува на анализирање на ретките случаи како Греам. До сега е познато дека поради овој синдром неколкумина гладувале до смрт, убедени дека нема потреба да јадат кога не с еживи. Има и уште поужасни случаи на луѓе со Котард синдромот кои го полиле своето тело со киселина верувајќи дека на тој начин ќе се спасат и нема повеќе да бидат „живи мртовци“.

Снимките на мозокот на Греам довеле до неверојатно откритие - неговиот мозок функционирал како на човек кој спие или е под анестезија!

А како се чувствувал тој? Вели: Немав никаква друга опција освен да прифатам дека нема начин навистина да умрам. Тоа за мене беше ноќна мора.

Понекогаш одел на гробишта каде што се чувствувал добро, најблиску до смртта, но полицијата го враќала дома.

По долги години психотерапија и пиење теарпија, Греам веќе не мисли дека мозокот му е мртов.

- Уште не сум нормален но се чувствувам подобро, работам околу куќата, не мислам дека мозокот ми е мртов.... Не се плашам од смртта но среќен сум што сум жив - вели денеска Греам.


Полицијата во Минск користи ласерски пушки против демонстрантите (ВИДЕО)

Полицијата во Минск користела ласери и светлечки гранати за да ги растера демонстрантите собрани во западните предградија на Минск, јавува дописникот на ТАСС.

Околу 500 луѓе, претежно млади, се собраа во центарот на Минск.

Белорусија ги одржа претседателските избори на 9 август, а според првичните резултати, претседателот Александар Лукашенко доби поддршка од 80,08 проценти.

По објавувањето на резултатите, избувнаа протести во Минск и неколку други градови.

Властите на Белорусија објавија дека околу 2.000 незадоволни граѓани се уапсени за време на протестите против изборната победа на претседателот Александар Лукашенко.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека повредени се 21 припадник на полицијата и безбедносните служби, од кои петмина биле хоспитализирани.

Од друга страна, претходните два дена загинаа двајца демонстранти , едниот прегазен од полициско возило , а на другиот му експлодирала направа од домашно производство во рацете.

Не платила за чистење смет, ѓубраџиите и се одмаздиле (ВИДЕО)

Браќа кои се занимавале со отстранување на отпад и чистење  куќи се одмаздиле на клиент која, наводно, одбила да плати за нивната работа, истоварувајќи камион полн со ѓубре пред нејзиниот влез.

Џонатан Морган (31) и неговиот брат Калум (27) од Кардиф, во Велс се одмаздиле на жена која не сакала да им плати за услугата. Браќата кои работат на отстранување на отпадот од Кардиф и расчистување на куќите, на 20 јули отстранувале стар мебел и отпад два часа и побарале 120 фунти за нивната работа, пренесува The Sun.

Меѓутоа, откако не платила до следниот ден, тие се вратиле во куќата и го истуриле ѓубрето по патеката.

„Ова им се случува на клиентите кои не плаќаат. Тие добиваат поврат на средства. Бесплатно е“, вели Калум во снимката пред Џон да го растовари отпадот. Еве како изгледаше тоа.

Браќата велат дека тие наплатиле 120 фунти за работата и велат дека станувало збор за работа од 200 фунти. Додаваат дека се чинела како пристојна дама која објаснила дека нема многу пари, па решиле да и наплатат само за да не бидат во загуба.

„Не требаше да заработиме, само сакавме да и помогнеме“, велат тие.

Францускиот премиер предупредува дека епидемијата оди во погрешна насока

Францускиот премиер Жан Кастекс денеска изјави дека стапката на инфекција со коронавирус во Франција се движи во погрешна насока и дека е потребно заедничко дејствување на национално ниво зашто ситуацијата ќе излезе од контрола.

,,Јавноста станува несовесна”, предупреди премиерот, откако беа пријавени скоро 5.000 нови случаи на ковид-19 од саботата до вчера, според официјалните бројки. Епидемијата однесе повеќе од 30.000 животи во земјата.

Бројот на позитивни тестови за вирусот се зголеми од околу илјада на ден пред три недели на скоро две илјади на ден сега, рече францускиот премиер за време на посетата на главната болница во Монпелје.

Земјата ќе го премине „прагот на претпазливост“ од 20 случаи на 100.000 жители оваа недела, предупреди тој.

Кастекс рече дека француската влада одлучила да ја продолжи забраната за собирање на повеќе од 5.000 лица до крајот на октомври и ќе подготви нови ограничувања за 20-те најголеми градови за да го спречи ширењето на инфекцијата.

Од локалните власти исто така ќе биде побарано да направат повеќе за да ги охрабрат луѓето да носат маски на јавни места низ целата земја.

,,Секоја недела се спроведуваат над 600.000 тестови во Франција, што е задоволително, но може да се направат повеќе за да се опфатат повеќе лица со симптоми, рече премиерот.

„Ако не дејствуваме заедно, ризикуваме дека повторното ширење на епидемијата ќе биде тешко да се контролира“, рече Кастекс.

притисни ентер