Се распадна владејачката коалиција во Италија

Италијанската владејачка коалиција се распадна.

Поранешниот италијански премиер Матео Ренци изјави дека министрите на неговата партија Италија Вива ќе се повлечат од кабинетот, со што коалициската влада ќе остане без мнозинството во парламентот, пишува ДВ.

На прес-конференцијата што започна околу 18:20 часот, Матео Ренци ги објави оставките на министрите Тереза ​​Беланова, Елена Бонети и секретарот Иван Скалфаро.

"Минуваме низ голема политичка криза, се соочуваме со опасности поврзани со пандемијата. Наша одговорност е да ги решиме овие проблеми, а не да ги криеме", рече Ренци, цитиран од Кориере.

Денес пред конференцијата, Движењето Пет Sвезди и Демократската партија (ПД) побараа од Ренци да го зачува единството на владата.

Италија Вива, која има поддршка од 3% од гласачите и се обидува да остане релевантна на политичката сцена, е несигурен сојузник на премиерот Џузепе Конте од формирањето на владата во 2019 година, а тензиите постојано се зголемуваат во последните неколку недели, според Ројтерс.

Ренци го критикувал планот на Конте да ги потроши милијардите евра ветени од Европската унија за рестартирање на италијанската економија.

Филипче: Колегата Јота има тешка повреда на главата

Хирургот Ѓорѓи Јота кој вчера беше прегазен од возило управувано од 16-годишник без возачка дозвола пред Клиничкиот центар во Скопје, има тешка повреда на главата, потврди денеска министерот за здравство Венко Филипче.

– Вчера во текот на ноќта ме консултираа. Колегата доктор Јота има тешка повреда на главата и се наоѓа во одделот за интензивно лекување на ТОАРИЛУЦ. Има нагмечување на мозокот и на белите дробови, поставен е на респираторна машина и сега се преземаат сите мерки на интензивно лекување, изјави Филипче во одговор на новинарско прашање пред Министерството за здравство.

Регистрирани се 554 нови случаи на Ковид 19 , починале 8 заболени

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа се направени 3.477 тестирања, а регистрирани се 554 нови случаи на ковид-19 .

Во Скопје – 258, Кавадарци – 51, Прилеп – 41, Куманово –25, Неготино – 22, Охрид – 18, Тетово – 16, Струга – 13, Гевгелија – 12, Битола – 11, Велес, Струмица и Крива Паланка – по 10, Штип - 8, Кичево -7, Гостивар и Валандово – по 6, Крушево и Богданци – по 5, Пробиштип и Демир Хисар – по 4, Кочани – 3, Делчево – 2, Свети Николе, Дебар, Берово, Виница, Кратово, Демир Капија и Пехчево – по 1.

Регистрирани се 210 оздравени пациенти од:

Скопје – 90, Прилеп –25, Кавадарци – 19, Неготино и Тетово – по 8, Куманово и Штип – по 7, Гостивар и Делчево – по 6, Гевгелија – 5, Битола и Велес – по 4, Струмица, Крушево и Берово – по 3, Кочани, Свети Николе, Виница и Ресен – по 2, Охрид, Кратово, Пехчево и Дојран – по 1.

Пријавени се вкупно 8 починати лица. Починати се по 2 пациенти од Скопје (77г,70г) и по еден пациент од Прилеп (72г), Кавадарци (73г), Охрид (71г), Ресен (68г) Валандово (66г) и Дојран (64г). Од пријавените смртни случаи сите се починати во болнички услови.

Направени се 3.477 тестови преку: ИЈЗ-575, ЦЈЗ Скопје-90, Авицена-358, Биотек-601, Жан Митрев (Филип Втори)-151, Систина-294, Лаор–241, МАНУ-0, Судска медицина-10, ЦЈЗ Битола-80, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-2, ГАК-0, Синлаб-50, Ремедика-15, ИБЗД Козле-12, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 997, УК Пулмологија со алергологија–1, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.

Досега во земјата се направени вкупно 516.169 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 101.762, бројката на оздравени пациенти е 90.895, на починати е 3.119, а бројот на активни случаи изнесува 7.748.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

Дистрибуција по градови, Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)

Скопје 44485, активни 3421

Куманово 5545, активни 256

Тетово 5428, активни 272

Прилеп 5328, активни 604

Гостивар 3770, активни 138

Штип 3650, активни 122

Велес 3426, активни 250

Битола 3413, активни 168

Кавадарци 3304, активни 559

Охрид 3218, активни 403

Струмица 2696, активни 168

Струга 2399, активни 172

Кочани 1817, активни 72

Кичево 1769, активни 66

Гевгелија 1199, активни 172

Неготино 1196, активни 183

Свети Николе 1106, активни 23

Крива Паланка 822, активни 78

Ресен 805, активни 63

Дебар 792, активни 41

Радовиш 744, активни 26

Делчево 734, активни 184

Берово 641, активни 24

Пробиштип 542, активни 26

Виница 519, активни 23

Валандово 366, активни 30

Крушево 277, активни 67

Кратово 275, активни 36

Демир Хисар 265, активни 15

Богданци 265, активни 39

Македонски Брод 252, активни 7

Демир Капија 241, активни 31

Македонска Каменица 193, активни 3

Пехчево 185, активни 3

Дојран 95, активни 3

Фото: Сашо Мијалков спроведен во Шутка

Поранешниот шеф на УБК Сашо Мијалков е спроведен во затворот во Шутка и почнува да го издржува 60 дневниот притвор.

Тој во затворот пристигна во полициско комбе и со силно полициско обезбедување и интервентна полиција.

Веднаш зад полицијата со неколку автомобили пристигна и обезбедувањето на Мијалков. Полицијата во моментов ги легитимира и ги претстресува нивните возила, додека Мијалков е веќе однесен во затворот.

Мијалков почнува да го издржува 60 дневниот притвор кој судот ми го одреди поради опасност од бегство.

притисни ентер