Се продаваат дресовите на Меси од Мундијалот, се очекува цена од над 10 милиони евра

Комплет од шест дресови што ги носеше Лионел Меси на Светското првенство во Катар во 2022 година ќе бидат понудени на аукција во декември, објави денеска аукциската куќа Сотби.

Компанијата се надева на повеќе од 10 милиони долари за оваа колекција, која ќе се продава онлајн од 30 ноември до 14 декември, а исто така ќе биде јавно изложена во седиштето на Сотби во Њујорк. Ова ќе ја направи колекцијата „највредната колекција на спортски сувенири некогаш продадена на аукција“.

Дресот со сино-бели риги Меси го носеше на натпреварите од групата против Саудиска Арабија и Мексико, потоа во осминафиналето против Австралија, во четврт-финалето против Холандија, во полуфиналето со Хрватска и во финалето против Франција. Со седум постигнати гола тогаш 35-годишниот капитен на Аргентина ја освои титулата светски првак која му недостигаше.

За споредба, најскапиот дрес продаден на аукција, оној што го носеше американската кошаркарска легенда Мајкл Џордан во финалето на неговата последна титула во НБА со Чикаго Булс во 1998 година, беше продаден за 10,1 милиони долари во септември 2022 година.

„Дел од средствата од продажбата ќе бидат донирани за проектот UNICAS, управуван од детската болница Сант Јоан де Деу (SJD) во Барселона со поддршка на Фондацијата Лео Меси, за да им се помогне на децата кои страдаат од ретки болести“, додаваат од Сотби.

Четворица рудари загинаа во рудник во Полска

Четири лица загинале во рудникот Собиески во Јаворжно, јужна Полска, објави денеска портпаролката на државната агенција за рударство WUG.

Несреќата во рудникот за јаглен се случила во 15:30 часот по локално време кога пукнала цевка, јавуваат полските медиуми. Повредени се уште две лица.

„Додека цевката се полнела со вода, таа неконтролирано пукнала, при што три лица загинале на лице место“, изјави за новинската агенција ПАП, Пјотр Стрзода од WUG. Четвртото лице починало во 17:10 часот, додаде тој. Рудникот Собиески е во сопственост на полската државна енергетска компанија Таурон.

Вучиќ се судри со неговиот двојник: Ти рече ништо да не потпишуваш (ВИДЕО)

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, речиси секој ден објавува видеа на социјалната мрежа TikTok.

Вучиќ, речиси секој ден објавува видеа на социјалната мрежа TikTok, а едно од најгледаните е она во кое преку видео повик разговара со својот doppelgänger, односно со човек кој се претставува на истата мрежа под прекарот „дневна доза на претседателот“.

Нивното прво видео има повеќе од 1,4 милиони прегледи, а решија да снимат уште едно, но овој пат во живо, објави српски Курир.

Видеото започнува така што двојникот на Вучиќ стои на говорница и им се обраќа на публиката и на медиумите со: „Добро попладне, дами и господа“, а потоа кадарот се менува во претседателот кој го прашува: „Извинете, а вие сте?“.

Тогаш неговиот двојник се претставува како претседател на Србија и вели дека има многу важна најава.

Во следниот момент двајцата играат шах, а Вучиќ го проверува.

Додека седи на масата и ги гледа хартиите, Вучиќ му приоѓа и му вели: „Што правиш овде? Тој рече ништо да не потпишуваш“.

@jasamaleksandar Lepo sam rekao da ništa ne potpisuješ. @dnevna.doza.predsednika #jasamaleksandar #srbija🇷🇸 #srbijanesmedastane #dnevnadozapredsednika #follow ♬ original sound - Ja sam Aleksandar

Инаку, човекот што го имитира претседателот се вика Далибор Голубовиќ.

Костовски: Да, како член на СДСМ го осудувам она што се случи во Сопот

Да створиш држава е привилегија на народи која што ја немаат сите во светот.

Да створиш држава е привилегија на народи која што ја немаат сите во светот, ние имаме држава и привилегија е да ја чуваме и негуваме, има дваесет милиони Курди, а немаат држава, ние со два милиони имаме држава. Треба да се почитуваме меѓу себе, да имаме социјалдемократски постулати на рамноправност, еднаквост и солидарност едни спрема други. Со ДУИ имаме коректна соработка, исти стратешки цели за кои се бориме,а тоа е отпочнување на преговорите со ЕУ, откако ја остваривме стратешката цел влез во НАТО и еден граѓански концепт на држава. Ако некој прави етнички тензии во поглед на прикривање на криминали тоа се добро познатите „дечки“ од ВМРО-ДПМНЕ. Дали прикривате нешто вие и вашиот коалиционен оартнер кога нема вода во Тетово. Дали кога вашиот потенцијален партнер вее знамиња на Голема Албанија дали прикривате нешто, бидејќи тоа е зовривање етнички тензии. Да, како член на СДСМ го осудувам она што се случи во Сопот, тоа се ретроградни процеси од пред 145 години, рече Мартин Костовски во вечерашната Само Вистина.

притисни ентер