Се продава шише шампањ од свадбата на Лејди Ди и принцот Чарлс- сумата е астрономска - Канал 5

Се продава шише шампањ од свадбата на Лејди Ди и принцот Чарлс- сумата е астрономска

Големо шише шампањ Дом Перињон, таканаречен магнум од 1961 година, кое требало да се послужи на свадбата на Леди Дијана и принцот Чарлс, за кое се проценува дека вреди помеѓу 67.000 и 80.000 евра, ќе биде понудено на аукција во Данска на 11 декември.

Се продава шише шампањ од свадбата на Лејди Ди и принцот Чарлс- сумата е астрономска

„Ова е уникатно и многу посебно откритие. Постојат само 12 такви магнуми, а ова шише е едно од нив“, изјави Томас Розендал Андерсен, раководител на одделот за производство на вино во Брун Расмусен, презентирајќи го ова ретко шише шампањ, според парискиот весник „Ле Фигаро“.

Според него, шишето, кое моментално се чува во приватна винска визба, би можело да привлече и љубители на вино и колекционери кои се желни за кралски сувенири.

„Купувачот би можел да биде класичен колекционер на вино на кого му е забавно да го вклучи ова шише во својата колекција, но и колекционер на кралски предмети поврзани со Леди Дијана“, изјави Розендал Андерсен.

Според него, за овој вид ретко шише алкохол се спроведуваат неколку тестови, вклучително и палење на шишето за да се провери дали содржината има убава, бистра боја.

„Сегашниот сопственик на магнумот, колекционер кој сака да остане анонимен, го купил ова шише од лондонски дилер. На аукција во 2008 година, американската аукциска куќа „Херитиџ аукшнс“ го продала овој магнум за околу 12.000 долари. Ова шише ќе биде понудено повторно на аукција што ќе се одржи на 11 декември во Конгенс Лингби, предградие на Копенхаген“, рече Розендал Андерсен.

Овој шампањ, берба од 1961 година, годината на раѓање на Леди Дијана, е етикетиран за нејзината свадба со принцот Чарлс, која се одржала на 29 јули 1981 година.

Се проценува дека овој магнум Дом Перињон ќе достигне цена помеѓу 500.000 и 600.000 круни (помеѓу 67.000 и 80.000 евра) на аукција.

„Шампањското е целосно питко. Сите шишиња вино што ги продаваме на аукција се тестираат и анализираат однапред“, додаде тој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Скопје денеска живее во фудбалски ритам. 

Центарот на градот е исполнет со навивачи, Скопје живее во фудбалски ритам

Неколку часа пред дуелот Македонија – Шкотска, центарот на градот е исполнет со навивачи од двете репрезентации, со песна, добро расположение и позитивна атмосфера пред вечерашната пресметка.

Највпечатливи, како и секогаш, се гостите. Шкотите во препознатлив стил – со килтови, знамиња и песна – уште од претпладне ја загреваа атмосферата низ скопските улици.

Добро расположение и кај македонските навивачи. Со надеж дека домашниот терен ќе донесе пресврт, тие очекуваат Македонија да ја прекине лошата серија и да стигне до првиот позитивен резултат.

За македонската репрезентација ова е можност пред домашната публика да го поправи впечатокот по поразите од Швајцарија и Словенија.

Вечерва од 20 часот и 45 минути, атмосферата од скопските улици ќе се пресели на трибините на Националната арена „Тодор Проески“. Таму прогнозите ќе завршат, а ќе почне борбата за првата победа во групата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

На 02.10.2026 во 18:00 часот во Велес, полициски службеници од Отсек за недозволена трговија со дрога при СВР Велес, го лишија од слобода Н.М.(42) од Велес. 

Лишен од слобода велешанец, пронајдена дрога и пари, следува пријава

Имено, тој бил забележан како на неколку места остава пакувања со бела грутчеста материја и при преглед на местата во негово присуство, биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, кафена грутчеста материја и дигитална вага, а при преглед кај Н.М. биле пронајдени и одземени пари.

Исто така, по издадена судска наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во дом и помошни простории на Н.М., каде биле пронајдени и одземени пари. Тој бил задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Во пресрет на Светскиот ден на животните, во паркот „Македонија“ се одржа голема едукативно-забавна манифестација под мотото „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“, организирана од Општина Кисела Вода во соработка со ЈП „Лајка“.

Општина Кисела Вода и ЈП „Лајка“ го одбележаа Светскиот ден на животните со настанот „Не можат да зборуваат, но можат да сакаат“

Ова дружење привлече голем број граѓани со своите миленици, а главниот фокус беше ставен на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и хуманиот однос кон животните.

Присутните имаа можност да добијат корисни совети од професионалци за тоа што значи вдомување и долгорочна грижа за едно животно, со акцент на соодветната здравствена нега, исхрана и условите неопходни за нивниот среќен живот. Едукативниот дел резултираше и со конкретен интерес кај граѓаните за вдомување на бездомни кучиња од стационарот.

Во рамките на предвидените активности, свој уметнички придонес даде и истакнатиот сликар Живко Поповски - Цветин, кој инспириран од природата и животните сликаше пред присутните.

-Љубовта кон животните е огледало на нашата хуманост и совест како општество. Со ова дружење сакавме да испратиме порака дека милениците не се само момент на радост, туку долгорочна обврска која бара посветеност и време. Ме радува фактот што сè повеќе граѓани покажуваат интерес за одговорно сопствеништво и за вдомување наместо купување. Општина Кисела Вода и понатаму останува посветена на хуманиот третман на животните и на подигнување на јавната свест преку вакви едукативни собири-истакна градоначалничката Стаменкоска Трајкоска.

Општина Кисела Вода упатува огромна благодарност до сите учесници и поддржувачи кои несебично помогнаа во успешната реализација: ветеринарната станица „Вет Тим“, груминг салоните „Grooming Twins“, „Shepa grooming“ и „Мое милениче“, како и пет-шоповите „Аба“ и „Пет Експерт“.

Програмата продолжува и во вечерните часови. Со почеток од 19:00 часот, пред Домот на културата „Билјана Беличанец“ (кино “Киноверзум”), граѓаните и нивните миленици се поканети на бесплатна проекција на отворено на македонскиот документарен филм „Приказната за Силјан“, во соработка со Кино Балкан Дистрибуција

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер