АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK за снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните 3 години
Институциите ја префрлаат одговорноста за тоа кој е надлежен да го објави извештајот за водата во Гостивар
1АД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK за снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните 3 години
2Институциите ја префрлаат одговорноста за тоа кој е надлежен да го објави извештајот за водата во Гостивар
3Состојбата со сипаниците кај овците е алармантна, сточарите бараат итна вакцинација и повисоко обесштетување
1Клековски: Ги мобилизираме сите надлежни институции за координиран одговор на западнонилската треска
АвтомобилизамСе продава регистерска табличка „ММ“ за рекордни 24 милиони долари (ВИДЕО)Рекордна сума за регистарска табличка платил индиски бизнисмен од Абу Даби, но тоа важеше досега. Оваа е најмалку двојно поскапа.И додека Балвиндер Сани платил нешто повеќе од 7,3 милиони фунти за табличката „D5“, оваа се продава по значително повисока цена. Некој во Калифорнија понудил регистарска табличка на која пишува „MM“ преку пазарот OpenSea NFT по цена од 5888 етериуми, што е нешто повеќе од 24 милиони долари. Објаснувањето за толку високата цена го дава самиот сопственик, кој забележува дека едноцифрените таблички во Калифорнија дури и не постојат, додека двоцифрените се вистинска реткост. ММ, наводно, ги означува иницијалите на Мајкл Модецки, продавачот на табличката. Отворена е посебна страница посветена на оваа регистарска табличка, а можете да ја најдете овде. Доколку успее да најде купувач, тоа ќе биде најскапо платената регистерска табличка во историјата, но и неверојатен скок во однос на претходниот рекорд, особено кога се во прашање САД. Најскапата регистарска табличка што се продава јавно во САД е онаа со ознаката „6“, во Делавер. Исплатени се „само“ 675.000 долари. Да потсетиме, има и регистарска табличка на која пишува „Њу Јорк“, а го краси старото Волво и се продава за околу 20 милиони долари. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
ЕкономијаАД ЕСМ потпиша стратешки договор со KEK за снабдување со висококвалитетен јаглен во наредните 3 годиниПосле интензивни преговори помеѓу двете најголеми државни компании и врз основа на Одлука на Владата, АД ЕСМ склучи тригодишен стратешки договор со косовската државна енергетска корпорација КЕК .После интензивни преговори помеѓу двете најголеми државни компании и врз основа на Одлука на Владата, АД ЕСМ склучи тригодишен стратешки договор со косовската државна енергетска корпорација КЕК со кој АД ЕСМ доби концесија во рудникот во Обилиќ и можност за експлоатација на околу три милиони тони јаглен во наредните 36 месеци. Договорот официјално го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, Лазо Узунчев, и генералниот директор на КЕК, Грамос Хашани. Партнерството предвидува гарантирана и фиксна цена од 24,4 евра по тон јаглен за времетраење на договорот, со точно дефинирани параметри за квалитет кои ќе бидат основа за купопродажба. Загарантираните количини и договорната цена, ќе овозможат директна заштита на домашниот енергетски систем од недостаток на квалитетен јаглен за генерирање на електрична енергија во термоелектраните, но и заштита од неизбежните чести и драстични осцилации на цените на енергенсите на меѓународните берзи. Дополнително, тоа ќе ѝ овозможи на Компанијата огромни финансиски заштеди со набавка на јаглен по најповолна можна цена и со супериорни карактеристики во однос на сите досегашни набавки. Согорувањето на косовскиот јаглен значително ќе ја зголеми ефикасноста на термоелектраните. Ова директно ќе донесе дополнително годишно производство од 800 GWh електрична енергија и приход од околу 57 милиони евра. Финансискиот ефект дополнително ќе се подобри со заштедите од намалената потреба за користење мазут при согорувањето. Воедно, државата ќе оствари и индиректни еколошки придобивки и финансиски заштеди, со годишно намалување на CO2 емисиите за 923.000 тони поради помалку согорен јаглен и за уште 55.980 тони поради намалената употреба на мазут. Имајќи во предвид дека околу 70% од вкупното годишно производство на електрична енергија, во моментов, но и во наредните три години ќе ни доаѓа од термоелектраните, со потпишувањето на договорот, АД ЕСМ обезбедува релативно долгорочна енергетската безбедност и стабилност за граѓаните и за индустријата. Изјава на Лазо Узунчев, генерален директор на АД ЕСМ: За време на тековната консолидација на рудниците, за непречено реализирање на годишните планови за производство на електрична енергија за периодот 2027 – 2030 година, проценетите годишни потреби од набавка на јаглен како надополнување на оние од домашно производство, изнесуваат околу 1,4 милиони тони или 600.000 тони за ТЕ Осломеј и 800.000 тони за ТЕ Битола. Врз основа на прецизни логистички и инфраструктурни анализи за пропусноста на граничниот премин Блаце кој овозможува дневен транзит од максимум 120 камиони или околу 3.000 тони јаглен дневно, реалната максимална годишна количина што може да се очекува да се доставува од КЕК, изнесува околу 800.000 тони. Косовскиот басен на јаглен во Обилиќ се вбројува во едно од најголемите наоѓалишта на висококвалитетен лигнит во Европа и светот. Лабораториските испитувања потврдија дека овој јаглен поседува одлични согорувачки карактеристики, со исклучително ниска содржина на сулфур и пепел, и просечна калориска вредност од околу 1950 kcal/kg. Овие карактеристики идеално се вклопуваат во оптималниот опсег за калоричност од 1800–2400 kcal/kg, содржина на сулфур под 1% и пепел под 20% - параметри по кои се димензионирани котлите во ТЕ Битола и ТЕ Осломеј. Најдоцна до крајот на август ќе објавиме Оглас согласно Законот за јавни набавки, за избор на економски оператор кој за потребите на компанијата, наредните три години ќе ги реализира целокупните услуги за ископ, анализа на квалитет и утовар на јагленот од предвидените откопни полиња во рудникот во Обилиќ како и транспорт, шпедиција и истовар на јагленот на депониите во термоелектраните ТЕ Битола и ТЕ Осломеј. Со финализација на изборот на економскиот оператор и неговото воведување во работа, договорот со косовскиот партнер и официјално ќе влезе во сила и ќе започне неговата оперативна реализација. Паралелно со набавките на јаглен, спроведуваме интензивен план за целосна ревитализација на рударската механизација и санирање на занемарените деформации на ископните полиња настанати во минатото. Во рудниците во РЕК Битола има достаточни количини на јаглен кои согласно плановите и проектите, до крајот на 2027 год. ќе можеме без застои да ги експлоатираме и со тоа целосно да ја анулираме потребата од дополнителни количини на јаглен од останати добавувачи. За жал, рудниците ни беа систематско уништувани во период од 7 години заклучно со август 2024 год. со ископ само на јаглен и многу малку на јаловина, менаџирање на рудниците надвор од сите основни и дополнителни рударски проекти, со целосно занемарување на основната и помошната механизација и БТО системите, со нерастеретување на привремените одлагалишта, без активности за санација на појавените пукнатини и нарушената стабилност на откопните полиња. Дополнителен ограничувачки фактор е и фактот што експлоатационите резерви во нашите рудниците содржат јаглен со калоричност не повисока од 1600 kcal/kg, а сличен е квалитетот и кај геолошките резерви. Партнерството со државната косовска енергетска компанија која е еден од позначајните стопански субјекти во регионот на Западен Балкан, овозможува брзо и сигурно чекорење кон нашата крајна цел - Македонија да стане континуиран нето-извозник на електрична енергија. АД ЕСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00Продолжи судењето за „Пулс: Објектот имал прегради и врати кои ја попречиле евакуацијата14:28Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
Трет смртен случај од западнонилска треска во Македонија, почина 61 годишен скопјанец кој имал и придружни болести15:00
Денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека09:07
Притвор за македонскиот државјанин – се сомничи за транспортот на 324 килограми марихуана фатени во Солун15:00
ЈО: По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана12:29
МакедонијаИнституциите ја префрлаат одговорноста за тоа кој е надлежен да го објави извештајот за водата во ГостиварОд институција до институција се префрла одговорноста кој треба да го објави официјалниот извештај за квалитетот на водата во Гостивар и зошто тој сè уште го нема пред јавноста. Иако водата веќе е прогласена за безбедна за пиење, останува нејасно кој треба да ги објави целосните анализи и документот врз основа на кој е донесена таквата одлука. На денешната прес-конференција министерот за здравство Сашо Клековски информираше дека на 20 август ресорното Министерство треба да излезе со извештај за епидемиолошката состојба во Гостивар, но не и со извештај за квалитетот на водата од градскиот водовод. – Самите резултати од испитувањето на водата се сопственост на Јавното комунално претпријатие од Гостивар и на Град Гостивар. Она што Министерството ќе го објави се резултатите кои беа релевантни за епидемијата, а тоа е од 1 јануари 2026 до врвот на епидемијата. Бидејќи тоа се дневни контроли на водата, не гледам ништо спорно да бидат објавени и од Јавното комунално ретпријатие и од Центарот за јавно здравје од Тетово – рече Клековски. Клековски посочи дека основната заложба на Министерството е од епидемијата да се излезе транспарентно и со јасни одговори пред граѓаните, но и со научени лекции, бидејќи, според него, одговорноста за случувањата во Гостивар ја делат повеќе институции. „Канал 5“ денеска побара одговор и од ЈП „Комуналец“ Гостивар – кога и дали ќе биде објавен официјалниот извештај за квалитетот на водата од градскиот водовод. До објавувањето на прилогот, од претпријатието не добивме официјален одговор. Од Центарот за јавно здравје – Тетово, пак, за „Канал 5“ велат дека резултатите од испитувањата што редовно ги вршат ги доставуваат до Кризниот штаб и до надлежните институции, меѓу кои ЦУК и АХВ. Првиот човек на Дирекцијата за заштита и спасување и раководител на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, објаснува дека Кризниот штаб има координативна улога, додека АХВ и другите надлежни институции се тие што носат одлуки за воведување или укинување на забраните за користење на водата и ги објавуваат релевантните извештаи. Паралелно, Обвинителството активно истражува како дошло до загадувањето. Истражна постапка е отворена против в.д. директорката на ЈП „Комуналец“ Гостивар, Артана Асани, како и против техничкиот раководител на Секторот за технички работи и раководителот на Одделението за водовод, канализација и градежни работи. -Истрагата за загадувањето на водата продолжува. Обвинителството прибира и анализира материјални докази и испитува сведоци. Финансиската полиција ја проверува документацијата за финансирањето и трошењето на средствата од проектот за водоснабдување, а се истражуваат и наводите за претходни загадувања на водата. -По истекот на првичните 30 дена, ОЈО Гостивар ќе бара продолжување на мерката притвор за осомничените.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСостојбата со сипаниците кај овците е алармантна, сточарите бараат итна вакцинација и повисоко обесштетувањеСостојбата со сипаници кај малите преживари е загрижувачка - и по низа состаноци вакцини се уште нема, сточарите бараат итно решение на проблемот бидејќи велат секојдневно има појава на нови жаришта.Досега како што посочија од Сојузот на одгледувачи на овци, ококлу 40 семејства се без егистенција, откако поради болеста угинати биле околу 10 илјади овци и со тоа уништени се околку 40 до 50 стада. Бараат државата час поскоро да организира безбедна вакцинација на овците, бидејќи како што посочија дополнителен ризик според нив е и фактот што одредни сточари ги носеле грлата на добиточен пазар без да знаат дали се заболени или не, како и преиспитување на обештетувањето кое во моментов велат е многу ниско. „Финансиските загуби се многу големи. Таа стада веќе една година две не можед а се врати како што била и затоа бараме од Владата што побрзо да се обештетутваат тие луѓе за си ги вратат овците. И онака имаме проблем веќе никој не скаа да чува овци веќе и мислма ова е крај на сточарството. Сега имаме околу 7 д о 10 илјади овци можеби и повеќе пошто секој ден има нови жаришта.“- Насер Џемаили – прет. на Сојуз на одгледувачи на овци „Од тие овци живееме цела фамилија. Што ќе правиме ние и да ни ги обештетат за срамотни 100 денари по кило па ние не ги носиме на пазар за да ни ги платат по 100 денари од кило. Нашите овци ние ги чуваме за егзитенција.“ - Елми Заќири – одгледувач на овци Земјоделието во Македонија се уништува со децении – оценуваат сточарите и побараа државата да направи долгорочна наместо краткорочна стратегија, како и отоврање на нови пазари за извоз. „Што значи за Македонија има извоз 4 пати поголем на јагниња од овој. Колку ќе допринесеме во БДП. Колку ќе допринесеме во прилив на девизи. Така да сериозно треба да се разгледа оваа ситуација и кризта во сточарството која трае со години.“- Милена Величковиќ – одгледувач на овци Од агенцијата за храна и ветеринарство и министерството за земјоделие очекуваат деновиве да пристигнат вакцини како донација од Турција, а велат се разговара и со ЕУ за дополнителни количини... од Агенцијата посочуваат дека нивните тимови се континуирано на терен, ја следат состојабта со болеста и навремено се превземаат сите мерки.... „Во соработка со турската амбасада уште минатата недела испративем барање, една од вакцините која е безбедна и одговара очкеуваме 500 илјади вакцини да стигнат. “-Оливер Миланов – АХВ Дополнително, по информациите дека одредени сточари самостојното набавувале и аплицирале на вакцина, од реосорното министерство и АХВ преудпредија дека се што е без претходно одобрение од Агенцијата ќе биде соодветно санкционирано согласно важечките прописи, и дека во таков случај сопствениците нема да имаат право на компензација за забоелните животни ниту обештетување, бидејќи неконтролираната примена на вакцини велат може да го отежне епидемиолошкото следење и да создаде дополнителен ризик за стадата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook