Се продава редок Ламборџини со почетна цена од 2,15 милиони долари - Канал 5

Се продава редок Ламборџини со почетна цена од 2,15 милиони долари

Ламборџини Миура, модел 1971 P400 SV Speciale, оди на аукција.

Се продава редок Ламборџини со почетна цена од 2,15 милиони долари

Возобновениот спортски модел е само еден од 150 примероци на овој модел и верувале или не,од Miura има вкупно само 764 модели и се очекува овој автомобил да привлече големо внимание.

Затоа неговата цена ќе биде исклучително висока, бидејќи, како што е соопштено, аукцијата ќе започне со 2,15 милиони долари и со тоа ќе биде првиот суперавтомобил што ќе достигне толку висока цена.

Овој модел на Миура е создаден за францускиот индустријалец, Жак Дембиермонт, кој го купил еден од првите примероци на спортски автомобил во 1966 година.

Тој побарал од Lamborghini неговиот SV Speciale да има два механички елементи, претходно видени на прототипот Miura Jota - подмачкување и ZF диференцијал со ограничено лизгање.

Секако, неговите желби за брендот Ламборџини беа заповеди, па неговата Миура, уредена од Oro Metallizzato, излезе од производната линија во 1971 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манчестер Сити не се откажува од Енцо Фернандез,Челзи бара околу 140 милиони евра

Богатиот англиски премиерлигаш Манчестер Сити не се откажува од Аргентинецот, Енцо Фернандез, и покрај тоа што го пропушти рокот што претходно го одреди Челзи за доставување понуда.

Манчестер Сити не се откажува од  Енцо Фернандез,Челзи бара околу 140 милиони евра

„Гардијан“ денес пренесува дека Сити би можел да ги искористи средствата од продажбата на Нико Гонзалез во Њукасл за да направи нов обид да го ангажира аргентинскиот играч за врска.

Фернандез е заинтересиран за повторна соработка со Енцо Мареска, со кого претходно работеше во Челзи. Иако Челзи не се обидува активно да го продаде, клубот одреди цена од околу 140 милиони евра.

Сити моментално спроведува голема реконструкција на средниот ред по заминувањата на Родри и Тиџани Рејндерс, а веќе постигна договор за ангажман на Ајуб Буади од Лил за 95 милиони евра плус дополнителни бонуси. ESPN исто така пренесува дека Сити е подготвен да ја плати сумата што ја бара Челзи за Фернандез.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Советниците на СДСМ во Пехчево против дата центар

Побараа тргање на точката од дневен ред!

Советниците на СДСМ во Пехчево против дата центар

„Како координатор на советничката група на СДСМ и коалицијата, предлагам втората точка, која е доставена во материјалите од дневниот ред, да се изземе, да се симне од дневен ред и да се стави на некоја наредна седница, која ќе биде отворена, на која граѓаните ќе бидат информирани за постапувањето по истата. Ние, како советничка група, нашиот став е јасен: дека нема да ја поддржиме таа иницијатива“ рече Николчо Јовчев, претседател на ОО СДСМ Пехчево и координатор на Советничката група на СДСМ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

43 годишен Македонец во Србија, понудил мито во замена за казна за брзо возење

Властите во Србија вчера уапсиле 43-годишен државјанин на Македонија кој е осомничен дека им понудил мито на полицајци за да не му напишат казна за брзо возење, објавија српските медиуми.

43 годишен Македонец во Србија, понудил мито во замена за казна за брзо возење

Припадници на министерството за внатрешни работи на Србија, управата за криминалистичка полиција и службата за борба против корупцијата, по налог на посебното одделение за сузбивање корупција при вишото јавно обвинителство во Краљево, го уапсиле осомничениот, со иницијали З. А., за кривично дело давање поткуп.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер