Фактурирано едно парче леб како цел килограм: Скандалозни наоди од ревизијата во студентскиот дом „Пелагонија“
1Фактурирано едно парче леб како цел килограм: Скандалозни наоди од ревизијата во студентскиот дом „Пелагонија“
АвтомобилизамСе продава легендарен Мерцедес со поминати 1,25 милиони километри (ФОТО)Веројатно е најпознатиот Мерцедес на нашите простори, сега е актуелен навистина посебен примерок.Секако, станува збор за моделот W123, претходникот на E-Class и еден од најдобрите Mercedes во историјата. Тоа е модел кој го направи Мерцедес славен и се покажа како неверојатно издржливо возило. Него го сакаа таксистите, занаетчиите, но и бизнисмените и тие најчесто се разликуваа по својот избор преку изборот на мотор. Овие примероци честопати правеле огромна километража, а голем број од нив поминале повеќе од милион километри. Сепак, никој од нив веројатно не оставил 1.258.000 км зад себе во оваа состојба. И не само тоа, тој работи со забележително поредок караван ,познат како Т-модел. Ако се прашувате што има под хаубата, има 300 TD мотор. Така е, примерокот поминал просечно 80 километри на ден во последните 42 години, а сегашниот сопственик го имал последните 15 години. Иако е стара над четири децении, опремата е комплетна и вклучува климатизација. Доколку сте заинтересирани за овој автомобил, знајте дека го нуди Дизелгер од Аризона преку Bring-a-Trailer. Сегашната цена е 6.000 долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеНема нови потврдени случаи на западнонилска треска, но петмина пациенти се во критична состојбаНема нови потврдени на западно нилска треска, ама има неколку нови приеми на пациенти за кои има сомнеж дека воспаление на мозокот имаат поради вирус, кои спаѓаат во ризичната група и се над 50 годишна возраст, потврдуваат за Канал 5 од Инфективна.Нема нови потврдени на западно нилска треска, ама има неколку нови приеми на пациенти за кои има сомнеж дека воспаление на мозокот имаат поради вирус, кои спаѓаат во ризичната група и се над 50 годишна возраст, потврдуваат за Канал 5 од Инфективната клиника. Дваесет и четиригодишното момче од Центар кој се води како досега најмладиот хоспитализиран со симптоми на западно нилска трескаб е во добра општа состојба и нема компликации, а 25 годишната девојка се уште е со одредени тегоби како силни главоболни и зашеметеност, но надвор од животна опасност, а за жал, нема подобрување на состојбата кај петмината повозрасни пациенти кои веќе со денови се во критична состојба и остануваат на апарати за дишење, брифираат од Клиниката. Со оглед на тоа дека се намалува возрасната граница, и се почесто и помлади бараат помош по убод од комарец, лекарите апелираат на внимателност, особено кај повозрасните кои имаат придружни хронични болести и кај децата. Во минатото имало случаи на западно нилска треска кај деца и кај нас, но тогаш инфекцијата ја добиле во странство, а сега 37 од 38 случаи се водат како автохтони, односно заразата ја добиле во земјава. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
МакедонијаФактурирано едно парче леб како цел килограм: Скандалозни наоди од ревизијата во студентскиот дом „Пелагонија“126 денари за килограм – толку се плаќал лебот во 2025 година во студентскиот дом „Пелагонија“ иако според пазарот цената му е 70 денари – државните ревизори утврдија низа неправилности и несоодветно трошење на јавните средства во домот. Во 2023 година, „Пелагонија“ распишала тендер за леб и брашно, а истиот го добила фирма која воопшто нема таква дејност. Договориле цена по 57 денари од килограм, но добавувачот, при фактурирањето едно парче, односно векна леб го прикажувал двојно, како килограм. Ваквото постапување поради ретките контроли немал кој да го „детектира“ дури до крајот на 2024 година. А, подобра состојбата не била и подоцна. -Ревизијата утврди и дека со новиот договор во 2025 година цената на лебот достигнала 126 денари/кг, што е значително над пазарната цена од околу 70 денари/кг, што укажува на неекономично користење на јавните средства и слабости во контролата на јавните набавки,- - Државен завод за ревизија. Освен кај лебот, државната ревизија констатирала пропусти и при набавката на душеци. Извештајот нотира дека биле набавени 250 душеци, кои биле со поголеми димензии од самите кревети, па истите стојат складирани. А, мерка не била земена ниту за претходната набавка, па тоа ги оштетило и креветите. -Утврдивме дека и претходно биле набавени 450 душеци од истиот добавувач, иако постоечките биле во добра состојба, а поради тоа што димензиите на креветите се помали од душеците, била нарушена стабилноста и статиката на креветите. Тендерската документација на набавката на душеци од 2023 година содржи ограничувачки услови, а договорот е склучен со избраниот економски оператор без обезбедена банкарска гаранција за квалитетно извршување на договорот,- - Државен завод за ревизија. Канал 5 стапи во контакт со Агим Фејзулаху, кој директоруваше со „Пелагонија“ до крајот на 2023 година, но тој одби да даде изјава, единствено посочи дека во тендерските постапки има јасни законски услови и клаузули, кои според него се испочитувани. Актуелниот директор Орхан Алиу пак најави дека дополнително ќе одговори на наодите од ревизорите. Тагови: ДЗР Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВтор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
МакедонијаВтор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП ТабановцеВтор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на Граничниот премин Табановце.Камерите на „сејф сити“ конечно почнаа да ги санкционираат и странците, па така покрај македонските возачи, сега и странските ќе мораат да ги почитуваат сообраќајните правила и да возат безбедно. Казнувањето на самиот граничен премин вчера предизвика нервоза кај дел од возачите, бидејќи биле затекнати дека и за нив важат правилата. Каква е денес сликата го прашуваме Дејан Србиновски, кој се наоѓа на Табановце. Дејан, дали повторно имаме метеж и нервозни возачи? Во видеото погледнете го целиот извештај. Тагови: Табановце Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter