АвтомобилизамСе продава Ламборџинито на ДиКаприо од филмот „Волк од Волстрит“ (ВИДЕО)Се продава познатото бело Ламборџини кое Леонардо ди Каприо го возеше во филмот Волкот од Волстрит.Ламборџинито се нуди по цена од 1,5 до 2 милиони долари и во состојба во каква беше во филмот. Значи, речиси целосно скршен. Да потсетиме, ликот на Ди Каприо, Џордан Белфорт, удри во скап автомобил откако се предозира со опијати. Станува збор за модел на Lamborghini Countach од 1989 година за 25th Anniversary, а ќе биде достапен на аукција во Абу Даби следниот месец, за прв пат од 2013 година, кога го видовме на големиот екран. Тоа ќе биде еден од 658 понудени автомобили. Купувачот на автомобилот ќе го добие и костимот на Леонардо од филмот, режисерското столче потпишано од режисерот Мартин Скорсезе, од Леонардо и од Маргот Роби.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ХороскопДневен хороскоп за 10. јули 2026 годинаДневен хороскоп за петок, 10. јули 2026 година. Рак 22.6-22.7. Љубов Денеска на својата најдрага личност би можеле да и рааскажете цел еден роман. Внимавајте да запрете на време. Кариера Некои ќе заминат на кратко службено патување, каде ќе наидат на добра шанса за проширување на дејноста со која се занимаваат. Здравје и совет Претерувате со консумирања. Лав 23.7-22.8. Љубов Веројатно денеска ќе бидете почувствителни отколку вообичаено , па ќе ја покажете својата ранлива особина. Сепак , немојте да станете патетични. Кариера Вашите надредени денеска би можеле да покажат наклонетост кон вас , а таквиот став би можел малку да ве изненади. Здравје и совет Денот е создаден за убави работи. Девица 23.8.-23.9. Љубов Без оглед што во вашите односи има мала дистанца , денешниот ден ќе ви донесе подобрување и романтика. Кариера на никого ништо не му замерувате , па сепак лесно ги откривате завидливците. Ги нзате ,но немојте да им обрнувате внимание. Здравје и совет Имате сила за двајца. Вага 24.9.-23.10 Љубов Ќе размислувате дали една љубовна фаза да ја приведете кон крај , па да свртите нов лист. Засега само ќе размислувате. Кариера Денеска конечно ќе созреат условите за една деловна соработка , а вие самите од тоа ќе научите нешто. Здравје и совет Слушајте ги луѓето околу вас. Шкорпија 24.10-22.11. Љубов Вашата интуиција денеска правилно ќе ве води и ќе ви покажува дали да тргнете или да застанете. Потпрете се на неа. Кариера Ќе го направите она што морате да го направите, зашто од вас се очекува да играте по правилата на играта. Тоа не значи дека ќе загубите нешто лично. Здравје и совет Немојте постојано да се провлекувате. Стрелец 23.11.-21.12. Љубов Ќе сонувате за нешто што го нема , но тоа ќе ве извлече од љубовната летаргија во која сега се наоѓате. Кариера Денеска веројатно ќе бидете пофалени и тоа ќе ви извлече насмевка на лицето. Ќе работите уште подобро. Здравје и совет Расте вашата самодоверба. Јарец 22.12.-20.1. Љубов Чувството дека се ќе биде добро ќе ве наведе на поголема отвореност во личните односи , а потоа ќе дојде и до подобрување. Кариера Веројатно ќе ја проширите соработката со млади сработници на работното место. Тие ќе бидат конструктивни , а вие инспиративни. Здравје и совет Ќе бидете трезвени во секој аспект на делувањето. Водолија 21.1.-19.2. Љубов Оние во врска ќе се договараат околу некои заеднички навики , а оние кои живеат заедно ќе постават правила. Кариера Доколку сте чекале вработување , нови работни услови или слично , денеска состојбите ќе созреат за такво нешто. Здравје и совет Ослободете се од нездравите навики. Риби 20.2.- 20.3. Љубов Они кои се во стабилни врски денеска имаат шанси за да го подобрат својот однос преку сексуалност. Кариера За жал , не можете ништо да прескокнете или да заобиколите. Утврдете ги јасно правилата на работата , па ќе ви биде полесно. Здравје и совет Оддалечете се од непријатните места и луѓе. Овен 21.3-20.4. Љубов Оние во стабилни врски денеска ќе поработат на својот еротски живот и така ќе настојуваат да се зближат со партнерот. Кариера Малите тековни задачи се решаваат добро , а денеска ве посматраат лица кои би сакале да вложат средства во она што го работите. Здравје и совет Обидете се да се наспиете. Бик 21.4- 20.5. Љубов Ја враќате романтиката во својата врска. Партнерот е воодушевен. Некои тоа го прават преку убава вечераз а двајца. Кариера Ќе прифатите секаква работа и ќе бидете благодарни што е така. Станувате свесни дека сте среќник кому нешто му се нуди. Здравје и совет Мали грижи. Близнаци 21.5.-21.6. Љубов Ќе се чувствувате кајко да сте исфрлени од игра. Не тагувајте поради тоа , зашто ќе помине како што дошло. Кариера Не дозволувајте други да манипулираат со вас. Дури и кога ви упатуваат слатки зборови , не заборавајте кои се крутериумите на професионалност. Здравје и совет Побарајте хумористични содржини.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПавле Трајанов и Александар Трајановски вечерва во „Само вистина“ Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидатПавле Трајанов и Александар ТрајановскиКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСо поглед во таван- почна судењето на обвинетиот за убиството на 4 жени во кумановско15:00Серискиот убиец од Старо Нагоричане не призна вина 12:27Видео: Започна судењето за обвинетиот сериски убиец од Старо Нагоричане10:54Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10Средба Кос – Мицкоски во Владата15:14
Средба Мицкоски - Кос во Владата: Пофалби за реформите, но и потврда дека уставните измени остануваа главен услов за ЕУ18:10
Рецепти Нов хит меѓу напитоците: Црно млеко и негови предностиАлтернатива која помага во балансирање и оптимална функција на организмот.Во последно време, црното млеко привлече внимание, пред сè поради својот нутритивен профил. Се прави од натопено црно сусамово семе, вода и урми, и станува популарна алтернатива за оние кои избегнуваат лактоза и бараат полесна опција. Следејќи ги трендовите на овесно, бадемово, кокосово и соино млеко, црното млеко се издвојува не само по својот вкус, туку и по богатата минерална содржина. Црното сусамово себе е познат по подлабокиот вкус во споредба со белиот сусам, изобилува со витални хранливи состојки и антиоксиданси што го прави ова млеко интересен додаток во здравата исхрана. Нутритивни предности Една од главните причини што црното млеко привлече интерес се неговите нутритивни предности. Црниот сусам е особено богат со калциум, правејќи го овој напиток привлечен за оние што не консумираат кравјо млеко или бараат дополнителни билни извори од овој есенцијален минерал. Покрај калциумот, црниот сусам содржи и цинк, бакар, витамин Е и антиоксиданси, кои поврзани заедно го подобруваат здравјето на кожата, виталноста на косата и општиот имунитет. Урмите во рецептот имаат двојна цел, даваат природна сласт, а преку своите влакна и природниот шеќер даваат енергија на организмот. Како се приготвува црно млеко Приготвувањето и едноставно. За основниот рецепт се потребни: пола шолја црн сусам, 3-4 шолји вода, 2-4 урми и прстофат сол. Натопете го сусамот најмалку половина час, потоа процедете го и измешајте го со вадата, урмите и солта додека не добиете изедначена смеса. Смесата процедете ја низ газа или фино сито за да се отстранат ситните цврсти делови. Вака приготвениот напиток може да се чува во затворено стаклено шише во фрижидер 3-4 дена, но важно е да се протресува пред употреба бидејќи природните состојки може да се раздвојат. Вклучување на црното млеко во исхраната Црното млеко може да го пиете чисто или да го користите како состојка во смутија, овесни каши, кафе, какао или како основа за здрави десерти. Меѓутоа, клучно е да бидете умерени. Иако црниот сусам е хранлив, тој е доста калоричен, содржи и здрави масти, па се препорачува да не се претерува. За оние кои имаат алергии, паметно е да го воведуваат постепено во нивната исхрана. Препорачаната доза би била пола до една шолја неколку пати во неделата. Црното млеко е вкусен и хранлив додаток во исхраната, не е магично решение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter