ЖивотСе продава карпа од Марс, тешка 24 килограми- цената е астрономска Метеорит, кој е најголемото познато парче од Марс на Земјата, би можел да достигне цена до 4 милиони долари кога ќе се најде на аукција во Њујорк на 16 јули, објави CNN.Познат како NWA 16788, метеоритот тежи 24,5 килограми и е масивен во споредба со повеќето марсовски метеорити, кои се претежно мали фрагменти, соопшти аукциската куќа Sotheby's. „Монументален примерок“ Откриен во ноември 2023 година во оддалечениот регион Агадез во Нигер, NWA 16788 е „монументален примерок“ кој е околу 70 проценти поголем од следниот најголем дел од Марс што некогаш е пронајден на Земјата, додаде таа. Dans 2 semaines, Sotheby's va proposer la plus grosse météorite martienne (NWA 16788) : 24 kg pour une mise à prix à 1 600 000 $ !https://t.co/nsrxYZE7lR pic.twitter.com/xcqT6pju8F — Stephane SEBILE (@spacemen1969) July 2, 2025 Исто така е исклучително редок, со само околу 400 марсовски метеорити пронајдени на Земјата. „Највредното досега понудено на аукција“ „NWA 16788 е откритие од извонредно значење, најголемиот марсовски метеорит некогаш пронајден на Земјата и највредниот од ваков вид некогаш понуден на аукција“, рече Касандра Хатон, потпретседателка за наука и природна историја во Sotheby's. Метеоритите се она што останува кога комета, астероид или метеороид ќе го преживее својот премин низ атмосферата на Земјата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканОдреден притвор за сопственикот на „Алта банка“ Давор МацураДавор Мацура сопственикот на „Алта банка“ имал и двајца помагачи. Вишиот суд во Белград му одреди притвор во траење до 30 дена на одговорното лице во „Алта банка“, Давор Мацура, кој се сомничи дека од трезорот на банката изнел повеќе од 45 милијарди динари, со помош на уште две уапсени лица. На директорот на секторот за трезор и управување со готовина во „Алта банка“, Г. М., и на соработникот за трезорски операции во „Алта банка“, И. П., им е одреден притвор, соопшти денеска судот. Според Мацура, на Г. М. и И. П. им е одреден притвор за да не влијаат врз сведоците и за да се спречи повторување на кривичното дело во краток временски период, а исто така, според Мацура, мерката е одредена и поради опасност од бегство. Се сомнева дека Давор Мацура го сторил кривичното дело злоупотреба на положбата на одговорно лице, додека другите се сомничат за истото кривично дело, извршено преку помагање. Како што претходно соопшти обвинителството, постои сомневање дека Мацура го сторил делото во претходниот период, заклучно со 31 октомври, пречекорувајќи ги границите на своите овластувања. Притоа, осомничените Г. М. и И. П. му помогнале создавајќи услови за извршување на кривичното дело – во својство на лица одговорни за непосредно ракување со вредности во трезорот на „Алта банка“ – со тоа што му предавале картички за влез во трезорот, или пак, користејќи ги сопствените картички и своето присуство, му овозможиле неовластен влез во трезорот „Депо“. На овој начин, како што се сомнева, Мацура извлекол пари од трезорот и се стекнал со незаконска имотна корист во износ од околу 45 милијарди динари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00
МакедонијаСДСМ: Вината за Алта банка е кај Мицкоски и Славески – тие ја донесоа во Македонија За Алта банка целата одговорност е кај Христијан Мицкоски и Трајко Славески, тие ја донесоа банката на Вучиќ во Македонија која сега е под стечај.Граѓаните во Македонија не можат да дојдат до своите пари, до своите заштеди, луѓето што живеат од социјална помош немаат од што да ги покријат трошоците и не можат да ги подигнат средствата. Немаат за храна, сметки, лекови, немаат за живот. Експозитурите не работат, на банкомати се чека со часови. Само на компаниите им овозможија слободно да префрлаат пари. Владата на Мицкоски го отвори патот за влез на Алта банка во Македонија, а гувернерот Славески даде согласност за преземањето на Стопанска банка Битола. СДСМ предупредуваше за сомнителниот капитал уште пред 11 месеци. Славески уверуваше дека се е во ред а ништо не е во ред. Сега носи погрешни одлуки на штета на граѓаните. Она што скандалот со Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС на Вучиќ во Србија и ВМРО-OКГ на Мицкоски кај нас. За овој скандал, за оваа финансиска афера мора да има одговорност. Трајко Славески да поднесе оставка за да се спречат дурги штетни негови одлуки. Обвинителството да отвори истрага и кривично да ги гони Мицкоски, Славески и сите кои што се поврзани со Алта банка. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОливер Миланов си поднесе оставка, на негово место на чело на АХВ доаѓа Јовица АндовскиОливер Миланов си поднесе оставка од директорската функција во Агенцијата за храна и ветеринарство. На негово место е назначен досегашниот заменик-министер за здравство Јовица Андовски.Миланов ја презеде директорската функција на 4 јули 2024 година, откако владата на 2 јули истата година го именуваше за вршител на должноста директор. По нешто повеќе од две години на чело на агенцијата, заминува од функцијата, а раководењето со институцијата го презема Андовски. Андовски пак ја вршеше функцијата заменик-министер за здравство во периодот од јули 2024 до октомври 2026 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиФијаското на Трамп. Демократите ги освоија двата дома на Конгресот08:33Народната банка воведе тримесечна привремена администрација во Алта банка15:08Тројца вработени во Народната банка се именувани за администратори на Алта банка 11:00Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39
Драматично пред затворените експозитури на „Алта банка“: Битолчани бараат да влезат внатре и да си ги земат парите15:00