Се продава „iPhone“ од првата генерација: Колку чини ова парче историја? - Канал 5

Се продава „iPhone“ од првата генерација: Колку чини ова парче историја?

Како што пренесува Гардијан, „iPhone“ од првата генерација е понуден на аукција во САД, а се очекува да достигне цена од повеќе од 50.000 долари.

Се продава „iPhone“ од првата генерација: Колку чини ова парче историја?

Во моментот на пишување на оваа вест, понудената цена за уредот е 2.750 долари, а до крајот на аукцијата остануваат уште нешто повеќе од 16 дена.

Сопственичка на телефонот е уметницата Карен Грин, која го добила на подарок во 2007 година. Бидејќи во тоа време веќе имала нов мобилен телефон, а „iPhone“ тогаш не бил компатибилен со нејзината мобилна мрежа, го оставила неотпакуван на полицата, „завиткан во фланелни пижами“.

Во октомври стапила во контакт со аукциската куќа „LCG Auctions“ и им го понудила својот „iPhone“. Таа решила да оди на аукција за да собере пари за да отвори ново студио за тетовирање.

Овој „iPhone“ од првата генерација, кој се продава на аукција, е произведена во 2007 година, доаѓа со 8GB простор и има камера од 2MP.

Првата генерација на „Apple iPhone“, во времето кога се појави, чинеше 499 долари за модел со 4 GB меморија или 599 долари за модел со 8 GB простор за складирање податоци.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград

Рекордни околу 4,5 милиони граѓани или 70% од запишаните во избирачките список, излегоа на гласање на денешните вонредни парламенатрни избори во Србија.. 

Заврши гласањето во Србија, се бројат гласовите: Полиција со оклопни возила и заштитни огради во центарот на Белград

Гласачките места се затворија во 20 часот и во тек е броењето на гласови.. Првичните резултати се очекуваат околу 22 часот...

Во меѓувреме во центарот на Белград полицијата распореди големи полициски сили со околпни возила за разбивање на демонтрации...

Таму е Михаило Донев.. Михаило, има ли некакави навестувања дека Белград го очекјува немирна ноќ, или тоа е само превентивна полициска активност?

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Волво губи 333 милиони евра и најавува нов бран откази- укинуваат уште 2.500 работни места

Акциите на шведскиот производител на автомобили „Волво Карс“ паднаа за речиси 30 проценти во вторник откако компанијата објави многу поголема од очекуваната оперативна загуба во третиот квартал од 2026 година .

Волво губи 333 милиони евра и најавува нов бран откази- укинуваат уште 2.500 работни места

Акциите на шведскиот производител на автомобили „Волво Карс“ паднаа за речиси 30 проценти во вторник откако компанијата објави многу поголема од очекуваната оперативна загуба во третиот квартал од 2026 година и најави елиминација на дополнителни 2.500 работни места, претежно во Шведска.

„Волво Карс“ објави прилагодена оперативна загуба од околу 333 милиони евра во третиот квартал од 2026 година, во споредба со профит од околу 522 милиони евра во истиот период минатата година, објави „Ројтерс“.

Аналитичарите анкетирани од „Ситибанк“ очекуваа многу помала загуба од околу 65 милиони евра.

Компанијата се соочува со нееднаква побарувачка за електрични автомобили, растечки притисок од царините и влошување на пазарните услови во Кина.

„Третиот квартал од 2026 година беше многу разочарувачки и одразува година што стана многу попредизвикувачка отколку што првично очекувавме“, рече главниот извршен директор Хакан Самуелсон.

Новите отпуштања во „Волво Карс“ ќе влијаат на околу 2.000 работни места во Шведска и уште 500 низ целиот свет.

Намалувањето на персоналот, што одговара на приближно шест проценти од вкупната работна сила, ќе се спроведе преку раскинување на договорите со консултанти, природно отпуштање на вработените и целни пакети за доброволно заминување.

Волво, покрај претходно најавените заштеди од околу 2,07 милијарди евра, постави цел да ги намали индиректните трошоци и варијабилните трошоци за дополнителни околу 450 милиони евра до крајот на следната година.

Акциите на Волво Карс достигнаа рекордно ниско ниво оваа недела и изгубија повеќе од две третини од својата вредност од почетокот на годината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ загрижена поради насилните инциденти на изборите во Србија

Шефот на делегацијата на Европската Унија во Србија, Андреас Фон Бекерат, изрази длабока загриженост поради пријавените насилни инциденти на повеќе избирачки места за време на денешните предвремени парламентарни избори во Србија.

ЕУ загрижена поради насилните инциденти на изборите во Србија

„Длабоко сме загрижени поради пријавените насилни инциденти на повеќе избирачки места“, порача Фон Бекерат.

Неговата реакција доаѓа во текот на изборниот ден, кога од повеќе локации во Србија пристигнуваат информации за инциденти и нарушувања на гласачкиот процес.

Изјавата претставува реакција на Европската Унија на пријавите за изборно насилство, но во засега достапниот дел од соопштението не се наведени конкретните избирачки места на кои се однесува загриженоста, ниту дополнителни детали за инцидентите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер