Се продава бунга-бунга имотот на Берлускони на Сардинија, цената е неверојатна (ФОТО) - Канал 5

Се продава бунга-бунга имотот на Берлускони на Сардинија, цената е неверојатна (ФОТО)

За половина милијарда евра се продава луксузен имот на Сардинија во сопственост на семејството на поранешниот италијански премиер.

Се продава бунга-бунга имотот на Берлускони на Сардинија, цената е неверојатна (ФОТО)

Откако Силвио Берлускони почина минатиот јуни на 86-годишна возраст, неговите пет деца ја презедоа контролата врз деловната империја и имотот на семејството. Децата на Берлускони сега одлучија да ја продадат вилата на брегот на Сардинија во која поранешниот италијански премиер беше домаќин на бројни познати личности, како рускиот претседател Владимир Путин, поранешниот американски претседател Џорџ Буш и поранешниот британски премиер Тони Блер.

Како што дознава „Фајненшл тајмс“, луксузната вила Чертоса на Сардинија се продава со посредство на миланската агенција за недвижности Дилс за 500 милиони евра. Вилата Чертоса е всушност огромен комплекс од паркови и згради. Целиот имот има вкупно 68 соби, директен пристап до Средоземното Море, неколку базени, две езера, вештачки вулкан, градина со големина од 80 фудбалски игралишта и амфитеатар. Берлускони изработил и копија од кулата нураге, мегалитска градба на древните жители на Сардинија, како и подземен бункер. За гостите кои доаѓале на имотот на Берлускони од морето, изградено е пристаниште како оние од филмовите за Џејмс Бонд, а од него патека води до пештера, а потоа и лифт за влез во вилата.

Меѓу можните купувачи се емири, саудиски, индиски и американски милијардери. Дилс директно ќе контактира со потенцијалните купувачи и нема да има јавно рекламирање на имотот, а прегледите на имотот треба да започнат овој месец. Имотот може да биде од интерес и за меѓународните туристички групи.

Островот Сардинија традиционално е популарна дестинација за руските олигарси, а неколку од најлуксузните вили на Коста Смералда, која ги опфаќа одморалиштата Порто Черво и Порто Ротондо, биле купени од руски државјани во 1990-тите. Меѓутоа, Русите во моментов се под санкции поради војната во Украина, па тешко дека тие ќе бидат купувачи на зградата на Берлускони.

Според проценката за 2021 година, имотот бил вреден 260 милиони евра. Вила Чертоса, наводно, била на пазарот двапати претходно, во 2010 и 2015 година, но Берлускони секогаш ги негирал гласините за потенцијална продажба. Италијанските медиуми објавија дека Берлускони во 2015 година одбил понуда од 500 милиони евра од саудиското кралско семејство, што наводно било втор обид за купување.

Пред смртта на Берлускони минатата година, според јавно достапните информации, трошоците за управување со имотот, вклучително и оној на Сардинија што сега е на продажба, се зголемиле од 21 на 24 милиони евра. Повеќе од половина од трошоците биле поврзани со поправки и одржување на внатрешните и надворешните простори. Трошоците за струја изнесуваат 1,3 милиони евра.

Семејството Берлускони поседува многу други имоти во Италија и во странство. Ќе се продаваат поскапите имоти како Вила Чертоса, а остатокот ќе остане за семејството.

Децата на Берлускони деновиве мака мачат со неговите „бунга бунга“ девојки. Петте деца на Силвио Берлускони одлучија да поведат правна постапка против една од нив, поранешната реалити ѕвезда Џована Ригато. Поранешната натпреварувачка во италијанскиот „Големиот брат“ е обвинета дека барала милион евра од покојниот политичар за да молчи за развратните сексуални „бунга бунга“ забави организирани во вилите на Берлускони.

Ригато, која ги негира обвинувањата, наводно добивала од 2.000 до 3.000 евра месечно и стан од Берлускони, но сакала повеќе. Поранешниот италијански премиер минатата година покренал постапка против неа пред неговата смрт, а неговите пет наследници сега одлучија да продолжат да ја гонат Ригато.

Една од најпознатите забавувачки на Берлускони е Мароканката Карима ел-Махруг, попозната како „Руби крадецот на срцата“. Како 17-годишна, често ја гледале како гостин во вилата на Берлускони во Аркоре. На судењето на Берлускони во 2013 година, Руби негирала дека се занимавала со проституција или дека имала секс со премиерот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Зимската служба на Општина Кавадарци работи со полн капацитет

Зимската служба на Општина Кавадарци работи со полн капацитет, со цел да се обезбеди непречено и безбедно одвивање на сообраќајот во зимски услови.

Јанчев: Зимската служба на Општина Кавадарци работи со полн капацитет

Во моментов механизацијата е ангажирана на расчистување на патниот правец кон Бошавијата и горните села, каде што се работи на отстранување на снегот и одржување на проодноста на патиштата.

Екипите и механизацијата се на терен и продолжуваат со активностите согласно временските услови и потребите.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно и да ја прилагодат брзината на условите на патот, објави на ФБ градоначалникот Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Санчез очекува историска излезност на вонредните избори во Шпанија- новата влада треба да се формира за два месеца

Привремениот премиер на Шпанија, Педро Санчез, од социјалистичката партија PSOE, гласаше денес на предвремените парламентарни избори и изрази увереност дека излезноста ќе биде историски висока и дека има добро чувство за изборите.

Санчез очекува историска излезност на вонредните избори во Шпанија- новата влада треба да се формира за два месеца

Тој им рече на новинарите на гласачко место во мадридскиот округ Монклоа дека „гласот е најголемата моќ“ и дека би било добро сите граѓани кои имаат право на глас да излезат на гласање, објави шпанскиот јавен радиодифузен сервис RTVE.

„Колку е поголема излезноста, толку подобро ќе се одразат чувствата на граѓаните и толку поголема сила ќе има владата за да продолжи да ги спроведува своите политики“, рече Санчез.

Избирачките места се отворија утрово во Шпанија за предвремените парламентарни избори кои би можеле да ја доведат крајната десница на власт за прв пат откако земјата се врати во демократијата по смртта на генералот Франциско Франко во 1975 година.

Повеќе од 100.000 припадници на Националната полиција и Цивилната гарда ќе се грижат за безбедноста на 22.493 избирачки места.

Право на глас имаат повеќе од 38,5 милиони гласачи, избирајќи ги сите 350 членови на Долниот дом на парламентот преку затворени партиски листи, како и 208 од 266 членови на Сенатот.

Премиерот го избира исклучиво Долниот дом, додека преостанатите сенатори ги назначуваат регионалните парламенти.

Новиот Долен дом ќе се состане на 23 декември за да го избере претседателот на парламентот, а потоа шпанскиот крал Фелипе ќе предложи кандидат за премиер, кој обично е лидер на партијата што освоила најмногу гласови.

За да биде избран, кандидатот мора да обезбеди апсолутно мнозинство, или најмалку 176 гласови, или едноставно мнозинство во вториот круг гласање.

Нема рок за преговори за владина коалиција, но новата влада мора да се формира во рок од два месеци од тоа гласање за да се избегнат нови избори.

Иако редовните избори не беа закажани до следното лето, шпанскиот социјалистички премиер Педро Санчез ги распиша изборите откако конзервативната Народна партија (ПП), крајнодесничарската Вокс и десничарската каталонска сепаратистичка партија „Заедно за Каталонија“ ги отфрлија итните законски мерки предложени од неговата влада за решавање на станбената криза во земјата. Анкетите на јавното мислење пред изборите покажуваат дека Санчез нема да успее да го продолжи својот осумгодишен мандат, а се очекува конзервативната Народна партија (ПП) на Алберто Нуњез Фехој да освои најмногу гласови и би можела да формира влада со поддршка на крајнодесничарската Вокс. Педро Санчез, еден од последните левичарски лидери во Европа, ги распиша изборите откако парламентот ги отфрли неговите декрети на 2 октомври, кои беа наменети за ублажување на растечкото незадоволство поради зголемувањето на кириите и присилните иселувања.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приватните гинеколози не се согласиле со ФЗОМ за новиот петгодишен договор

Здружението на приватни гинеколози и акушери реагира на соопштението на Фондот за здравство за наводна согласност за новиот петгодишен договор..  

Приватните гинеколози не се согласиле со ФЗОМ за новиот петгодишен договор

-На разговорот не беше постигната согласност. Фондот не прифати ниту еден од нашите предлози, а Здружението не даде согласност ниту за новиот договор ниту за повисоките договорни казни.

Соопштението на ФЗО остава впечаток дека договорите се усогласени со претставниците на сите здравствени дејности. Во делот што се однесува на матичната гинекологија, таквиот впечаток е погрешен.

Бараме ФЗО јавно да појасни дека новиот договор за матичните гинеколози е утврден без согласност од нашето Здружение и да образложи зошто не ги прифати предлозите што ги доставивме – реагираа од Здружението на приватни гинеколози..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер