Богева Мицовска: Политичкото учество е мостот помеѓу она што го знаеме и она што можеме да го промениме
1Богева Мицовска: Политичкото учество е мостот помеѓу она што го знаеме и она што можеме да го промениме
ЕкономијаСе продаде прилепски „Еурокомпозит“, почнува реорганизација на наменската фабрикаЗа 4 милиони и 200 000 евра се продаде прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“, кој е и последен на листата на загубари во земјава.Како инвеститори се јавија полска фирма „FHR ARMORL LOGISTIKS Sp z.o.o. и македонска компанија, „Футура мода Д&А ДООЕЛ - Скопје“. „Еурокомпозит“ со неизвесна судбина беше 15-тина години, а од 2021 година во стечај. Стечајниот судија во прилепскиот суд Јасмина Шишковска го прифати нивниот план за реорганизација на „Еурокомпозит“ со што конечно е продадена наменската фабрика. Првата рата доверителите веќе ја добија. - Сумата од 4 милиони и 200 000 евра е всушност 65 проценти од вкупните побарувања на доверителите. Тие се согласија со понудената сума и со планот за реорганизација на фабриката. Инвеститорот парите ќе ги уплаќа на 4 рати на крајот на секоја наредна година. Првата рата од еден милион евра веќе им е исплатена на доверителите кон крајот на декември. До целосно исплаќање на парите, новите инвеститори се корисници, а тогаш ќе бидат и целосни сопственици на фабриката, објаснува стечајниот судија Шишковска. Меѓу доверителите се Стопанска банка од Битола како најголем зашто имотот беше под хипотека во банката, потоа УЈП, МВР, Министерството за одбрана, а доверители се и поранешните вработеникон кои фабриката имаше недоисплатени обврски. -Според мене, малку беше 65 проценти што ни ги исплатија, но бевме ставени во ситуација „земи или остави“. Ако не го прифатевме овој договор што ни го нудеа, ни се закануваа со ликвидација, а тогаш - се знае, немаше ниту денар, а земеме. И, по толку време и години голгота, повеќето од луѓето прифатија зашто немаше друг излез. Една рата ни исплатија веднаш кога го потшишаа договорот и сега во наредниве три години ( крајот на 2026, 2027 и 2028година) треба да ги добиеме уште трите рати. Само лошо е што дел адвокати бараат исплата одеднаш за сите услуги, а немаше многу што тие сработија, вели Цветан Бунтески, поранешен вработен и доверител. Според планот, ќе се ангажираат од 150 до 200 работници. Веќе се преземени и првите чекори со промени на инсталации во Фабриката. Поранешните вработени се малку скептични, но ќе се чека на рестартирањето. - Фабриката не е баш во многу добра состојба сега. Откако отиде во стечај многу работи, велат, ги нема. Наводно, новите сопственици почнале да ја менуваат инсталацијата на водата, струјата, има веќе и ангажирани наши поранешни вработени. Неофицијално се говори дека ќе се произведуваат панцири, шлемови, а и дронови. Но, времето ќе покаже како ќе се одвиваат работите и како конечно ќе заживее овој некогашен гигант во наменската индустрија, едиствен во Македонија, вели поранешниот вработен во „Еурокомпозит“, Цветан Бунтески. Според поранешните вработени, на судските рочишта се појавувале само претставниците на полската, но не и на македонската фирма. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаБогева Мицовска: Политичкото учество е мостот помеѓу она што го знаеме и она што можеме да го промениме На денешната панел дискусија насловена „Учеството како двигател на демократијата“,учествуваше Маре Богева Мицовска, член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Бирото за јавни набавки.На денешната панел дискусија насловена „Учеството како двигател на демократијата“, во рамките на првата политичка платформа по повод 15 септември – Меѓународниот ден на демократијата во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, учествуваше Маре Богева Мицовска, член на Извршниот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ и директор на Бирото за јавни набавки. Таа посочи дека тоа што функцијата го носи кога се управува со одредена институција е преземањето одговорност и самата одговорност, по себе, носи голем товар, каде без поддршка на најблиски нема да може да се износи. Богева Мицовска потенцираше дека политичкото вклучување дава друга димензија, каде што идејата може да прерасне во иницијатива од која потоа може да има конкретен резултат. „Кога политички ќе се вклучиме, веќе даваме друга димензија, веќе нашата идеја, нашата заложба може да прерасне во иницијатива, а иницијативата да има и резултат. Поттикната од тоа сакам да ги поканам и да ги повикам сите присутни, но и што не поддржуваат да бидат проактивни во начинот на којшто сакаат да ги прикажат своите визии, своите идеи имајќи предвид дека ние сме Унија во којашто може да се вклучите и да партиципирате за да ги носиме одлуките заеднички. Бидејќи, токму и демократијата подразбира носење на одлуки, не во затворен круг, туку напротив со една повеќе“, истакна Богева Мицовска. За мене, додаде Богева Мицовска, политичкото присуство не значи само присуство на состаноци или да ја имаме функцијата како таква, туку тоа значи да преземеме одговорност и да не бидеме неми набљудувачи на проблемите и предизвиците. „Да бидеме проактивни чинители, да даваме решенија и да ги решаваме проблемите. Токму тука ја гледам и улогата на ВМРО-ДПМНЕ како политичка сила која остава и отвора простор за луѓе што имаат знаење, искуство и желба да работат за Македонија. Простор во кој професионалното искуство може да се претвори во политичка иницијатива, а политичката иницијатива во конкретен резултат. Политичкото учество е мостот помеѓу она што го знаеме и она што можеме да го промениме преку директно политичко учество“, посочи, меѓу другото, Богева Мицовска.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот Клековски во посета на Диспечерската служба на здравството во СловенијаМинистерот за здравство, Клековски, утрово ја започна тридневната посета на Словенија со посета на Националниот диспечерски центар во Љубљана, во придружба на амбасадорот Горан Милевски. Посетата беше посветена на запознавање со словенечкиот модел на итна медицинска помош и размена на искуства во организацијата и координацијата на службите. На средбата со претставниците на словенечкото Министерство за здравство и на центарот, предводени од директорот Андреј Финк, се разговараше за реформата на итната медицинска помош започната во 2017/2018 година. Притоа беше претставена работата на Националниот диспечерски центар, кој преку две паралелни единици во Љубљана и во Марибор ги прима сите итни медицински повици и ги координира тимовите на итната медицинска помош и ургентните центри. Во рамки на разговорите беше претставен и словенечкиот индекс за тријажа, заснован на норвешкиот модел, со кој итните случаи се класифицираат во три групи според степенот на итност и во 27 групи според причините за повикот. Беа разгледани и организациското раздвојување на докторите и тимовите за итна медицинска помош, како и стандардизацијата на возилата, од мотоцикли до хеликоптери. Посебно внимание беше посветено на воспоставените стандарди и оперативни процедури, кои опфаќаат показатели за следење на квалитетот и постапување по поплаки. Беше презентиран и системот за обука на диспечерите, која трае од шест до девет месеци, со задолжителна проверка на знаењата на секои пет години. Министерот Клековски ја оцени посетата на центарот како инспиративен почеток на тридневната посета на Словенија. Тој истакна дека словенечките искуства претставуваат значајна основа за размена на знаења и продлабочување на соработката во подготовката и спроведувањето на идните реформи на итната медицинска помош во Македонија, соопштуваат од МЗ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалСкандал во Португалија: Соколарот на Бенфика е уапсен поради криумчарење дрога Во голема полициска операција против трговија со дрога во Португалија е уапсен Жоао Пауло Сантос, еден од тренерите на орелот Виторија, познатата маскота на фудбалскиот клуб Бенфика. Сантос (46) беше приведен како дел од операцијата со кодно име „Фалкао“ (Сокол) под сомнение дека е дел од криминална мрежа што увезувала кокаин од Латинска Америка во Европа преку аеродромот Умберто Делгадо во Лисабон со комерцијални летови. Детали за полициската операција Истрагата кулминираше минатиот петок, 11 септември, кога беа уапсени двајца мажи. Сантос беше уапсен и заедно со неговиот 48-годишен пријател кој работеше како ракувач со багаж на аеродромот. По првичното испрашување пред истражен судија, двајцата беа притворени, додека Сантос беше задржан во притвор во седиштето на судската полиција. Националната единица за сузбивање на трговијата со дрога (UNCTE) работи на случајот приближно четири месеци, а истрагата продолжува за да се утврди целосниот обем на активностите на мрежата. Како функционираше синџирот за шверц? Криминалната шема била дизајнирана да ги заобиколи сите стандардни безбедносни проверки. Торби полни со кокаин биле отстранувани од авионите што пристигнувале од Јужна Америка веднаш по слетувањето, пред багажот да стигне до царинска контрола. Според „Кореио да Мања“, кој прв ја објави приказната, уапсениот ракувач со багаж бил виден како постојано зема сомнителни торби директно од багажникот на авионот. Се сомнева дека Сантос потоа, користејќи го своето службено возило кое го користел за слободно движење низ аеродромот, извезувал дрога надвор од аеродромската зона и им ја предавал на други членови на меѓународната група. Двојниот живот на тренерот-маскота на Бенфика Жоао Пауло Сантос бил професионално вработен како соколар на аеродромот Умберто Делгадо во Лисабон, каде што неговата работа била да ги брка помалите птици од пистата за да спречи дефекти на моторите на авионите. Во исто време, тој бил познат како член на тимот што се грижи за тренирањето и тренирањето на орелот Виторија, еден од најпрепознатливите симболи на фудбалскиот клуб Бенфика. Птицата редовно лета над стадионот Луз пред секој домашен натпревар, што ја прави неопходен дел од идентитетот на клубот.Тагови: Бенфика Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook