Се породила пред куќата, не знаела дека е бремена! - Канал 5

Се породила пред куќата, не знаела дека е бремена!

Елизабет Вајтхед добила болки во стомакот и тргнала д аоди во болница - се породила пред својата куќа. Детето се родило 3 месеци порано. Кога полицајците дошле не дишело - тие го оживеале со вештачко дишење.

Се породила пред куќата, не знаела дека е бремена!
Елизабет Вајтхед (21) од Њу Џерси вели дека два пати правела тестови на бременост кои се покажале негативни, и воопшто немала претстава дека е бремена! Таа добила болки во стомакот и тргнала на лекар, но пред куќата почнала да се пораѓа! Родила син, но кога полицијата дошла, детето, кое е тешко само еден килограм, се уште било поврзано со мајката со папочна врска и не дишело. Полицајците го оживеале со вештачко дишење.

Вајтхед има 9 месечно бебе, ни на крај памет не и паѓало дека тоа толку бргу ќе добие братче. И мајката и детето сега се добро ! /извор: NBC

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма во Германија: Маскиран маж упаднал во седиште на партијата на Зелените- има голем број повредени

Маскиран напаѓач упаднал на состанок на парламентарната група на Зелената партија во германскиот град Шверте и употребил бибер спреј, повредувајќи осум лица, соопшти полицијата во Дортмунд.

Драма во Германија: Маскиран маж упаднал во седиште на партијата на Зелените- има голем број повредени

Едно лице е однесено во болница, додека седум други се здобиле со полесни повреди, објави регионалниот јавен радиодифузер WDR. Осомничениот сторител избегал кога полицијата пристигнала на местото на настанот.

Полициските службеници го бараат и ги испрашуваат сведоците.

„Се справуваме со чин кој е многу веројатно политички мотивиран. Сè укажува на тоа“, изјави портпаролот на полицијата.

Налепница залепена на стаклото од канцеларијата на партијата пишува „Подобро мртов отколку црвен“.

Полицијата истражува дали налепницата е поврзана со нападот. Зелените во Шверте во соопштението изјавија дека се згрозени од насилството.

„Полоши последици беа спречени само благодарение на храбрата интервенција на член на парламентарната група. Откажувањето не е опција“, соопштија Зелените.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иран ѝ постави ултиматум на Америка: Ова се условите за мир

Главниот преговарач на Иран и претседател на Парламентот, Мохамад Багер Калибаф, изјави дека Техеран нема да преговара со Соединетите Држави за ставање крај на конфликтот сè додека не се исполнат седум ирански услови.

Иран ѝ постави ултиматум на Америка: Ова се условите за мир

Калибаф ги даде овие изјави во вторник, а неговото обраќање беше емитувано на иранската државна телевизија.

Иранските власти јавно не открија за какви услови станува збор. Државните медиуми пренесуваат дека тие вклучуваат укинување на санкциите, прекин на американската поморска блокада на иранските пристаништа и ослободување на запленетите ирански средства.

Калибаф исто така предупреди дека Иран ќе го „прошири географскиот опсег на конфликтот доколку непријателот направи грешка“.

Поморските сили на Иранската револуционерна гарда соопштија дека три нафтени танкери налетале на поморски мини во Ормускиот теснец и се запалиле, и покрај тоа што биле надгледувани од воздух од страна на американските сили. Според Гардата, танкерите налетале на мините бидејќи пловеле низ теснецот кршејќи ги прописите.

САД и Израел започнаа војна против Иран кон крајот на февруари. Во средината на јуни, Иран и САД потпишаа меморандум за разбирање во Исламабад, со посредство на Пакистан. Договорот предвидуваше прекин на воените дејствија и рок од 60 дена за преговори за поширок мировен договор. Договорот почна да се распаѓа уште кон крајот на јуни, а истече во средината на август, при што преговорите никогаш не започнаа.

Во средината на септември, Иран му достави на Вашингтон нов предлог кој содржи седум услови. Според претходните извештаи на Ројтерс и катарската новинска агенција „QNA“, тие вклучуваат укинување на блокадата на иранските пристаништа и санкциите за извоз на нафта, одмрзнување на средствата, плаќање воени репарации и прекин на непријателствата на сите регионални фронтови.

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, во октомври изјави дека Ормускиот теснец би можел да се отвори во рок од шест дена, доколку Вашингтон ги прифати овие услови.

Според Ал Џезира, главниот спор меѓу двете страни се однесува на редоследот на чекорите. САД бараат прво да се отвори Ормускиот теснец и уште од самиот почеток да се разговара за иранската нуклеарна програма, додека Иран инсистира прво да се укинат блокадата и санкциите.

На почетокот на ноември, Иран – преку Катар, кој дејствува како посредник – испрати предлог до САД во врска со својата нуклеарна програма. Сепак, Техеран има намера да разговара за ова прашање дури откако Вашингтон ќе ги исполни седумте барања на Иран.

По ова, американскиот претседател Доналд Трамп разговараше со емирот на Катар, шеикот Тамим бин Хамад Ал Тани, за можностите за посредување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре ведро и студено време со температури од минус 8 до 12 степени

Времето утре ќе биде утрото ведро и студено, а преку денот променливо облачно, соопшти УХМР. 

Утре ведро и студено време со температури од минус 8 до 12 степени

МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА

-1 Попова Шапка, Крушево, 1 Маврови Анови, 2 Лазарополе, 4 Берово, Прилеп, 5 Крива Паланка, Битола, 6 Тетово, Штип, 7 Виница, 8 Претор, Зајчев Рид, Велес, Охрид, Кавадарци, 9 Скопје Петровец, Демир Капија, 10 Струмица, Гевгелија.

ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ

Времето денес беше сончево и постудено со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од северозападен правец. До крајот на денот и во текот на ноќта ќе биде ведро и постудено.

ВРЕМЕТО УТРЕ

Утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот променливо облачно. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -8 до 0, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени.

Во Скопје, сончево и постудено со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне до 6 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Утре утрото ќе биде ведро и студено насекаде со негативни утрински температури. Преку денот облачноста постепено ќе се зголемува и од крајот на утрешниот ден до недела следува период на претежно облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите ќе бидат умерени, а наместа и пообилни (над 30 l/m² за 24h). Поради заладување во деновите од викендот се очекува врнежите да бидат од дожд и снег. Во четврток ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер