Паричка, стара над 150 години е продадена за 4,7 милиони долари- со децении била скриена од јавноста (ВИДЕО)
2Паричка, стара над 150 години е продадена за 4,7 милиони долари- со децении била скриена од јавноста (ВИДЕО)
ЗабаваСе појавила во шоу , не можеле да поверуваат колку години има (ФОТО)Кога тајванската актерка Чен Мејфен неодамна се појави на тајванската телевизија, гледачите се воодушевија и не можеа да веруваат колку години има, а нејзините фотографии веднаш станаа вирални на социјалните мрежи.Чен (63) се појави во „гол фустан“ на програмата посветена на Лунарната нова година на телевизијата во Тајван, и откако многумина не можеа да поверуваат за нејзината возраст, таа ги сподели тајните на нејзиниот младешки изглед. View this post on Instagram #新年快樂 #鼠年好運到 晚上9點別忘了 #民視第一發發發 A post shared by 陳美鳳 MeiFen (@im_meifen) on Jan 23, 2020 at 10:55pm PST Чен на своите повеќе од половина милион обожаватели на Фејсбук им открила дека е посветена на фитнесот и диетата откако е прогласена за кралица за убавина пред повеќе од 40 години. Нејзината диета вклучува супа од ѓумбир секое утро, дневна јога и тјурио, тропско овошје за кое вели дека има вкус на сладолед. View this post on Instagram 🧧圍爐完出來夜遊😆😆 基隆雨好大阿💦遇水則發💰 刮刮樂讓新年更快樂😘 #美鳳要帶著財神找到大家 A post shared by 陳美鳳 MeiFen (@im_meifen) on Jan 24, 2020 at 9:21am PST „Јадам супа секое утро“, изјави таа за MailOnline. „Обично додавам неколку парчиња ѓумбир во супата и мислам дека тоа ми помага да ја одржувам кожата“. Таа за медиумите изјави дека наместо десерт, замрзнува тјурио. "Се чувствувам како да јадам десерт. Сè што треба да направам е да го ставам тјурио во фрижидер и да го замрзнам. Вкусот и текстурата се исти како сладолед". View this post on Instagram 晚安❤️ #香奈兒 #CHANEL @chanelofficial A post shared by 陳美鳳 MeiFen (@im_meifen) on Jan 12, 2020 at 7:10am PST Чен исто така вели дека шета редовно по јадење, што го стимулира варењето на храната. Таа не е љубител на теретани, но редовно прави јога. „Знам дека морам да вежбам. Љубоморна сум на луѓето што имаат навика да одарт во теретана.“, рече таа. 63-годишната, чие име значи „Убав феникс“, го должи својот изглед, вели таа, на доброто расположение. Таа вели дека е мотивирана од бројните обожаватели на социјалните мрежи. View this post on Instagram ☀️☀️☀️ A post shared by 陳美鳳 MeiFen (@im_meifen) on Dec 9, 2019 at 9:37pm PST Чен сега добива бројни понуди за брак на социјалните мрежи. Пред пет години, таа се разведе од сопругот, со кого беше во брак 10 години. Вели дека сега го чека вистинскиот. View this post on Instagram 每個人心中都有一個快樂的開關🔓 但我們常在不知不覺中交給別人掌控 為什麼要讓別人決定我的快樂呢 你今天打開😆快樂😆的按鍵了嗎⁉️ A post shared by 陳美鳳 MeiFen (@im_meifen) on Dec 12, 2019 at 2:29am PST „Но, мажите сакаат помлади жени, па тешко ми е да го најдам идеалниот партнер“. Чен ја освои титулата за убавина на возраст од 19 години, откако еден пријател ја пријавил. Работела во банка некое време пред да ја започне актерската и телевизиската кариера. View this post on Instagram 高領出動😢喉嚨好像發炎 A post shared by 陳美鳳 MeiFen (@im_meifen) on Dec 6, 2019 at 1:53am PST View this post on Instagram 這件小香上衣10幾年了,今天穿來錄影,上面的鑽還是那麼亮🤩 #美鳳有約 A post shared by 陳美鳳 MeiFen (@im_meifen) on Nov 12, 2019 at 10:09pm PST Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦаринска управа: Европската комисија нотира добро ниво на подготвеност Европската комисија нотира добро ниво на подготвеност на Царинската управа во спроведување на реформите за забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ.Европската комисија во најновиот извештај за напредокот на државата нотира добро ниво на подготвеност во реформските процеси што ги презема Царинската управа во Поглавјето 29 - Царина унија, со цел забрзување на интеграцијата на нашата држава во единствениот пазар на Европската унија. Зголемените приходи, воспоставување на сеопфатен разузнавачки систем за поддршка на истрагите и спроведување на законот, зајакнување на капацитетите на Секторот за контрола и истраги, надградбата на ИТ системите и усогласеноста на царинското законодавство, се дел од областите каде е забележан напредок. „Вкупните приходи наплатени од Царинската управа во 2025 година беа за 5,2 проценти повисоки во споредба со 2024 година, надминувајќи 2,1 милијарди евра“, нотира ЕК во последниот извештај. Во делот на оперативни и административни капацитети, од Комисијата го истакнуваат воспоставувањето на сеопфатен разузнавачки систем за поддршка на истрагите и спроведување на законот како и новиот систем за управување со ризик и податочен склад. Во оваа насока потенцирано е учеството во меѓународни операции и размената на разузнавачки информации. Контролите, се засноваат на анализа на ризик поткрепена со разузнавачки информации, информации добиени пред пристигнување на стоката и техники на селективност. Воедно, со финансиска поддршка на ЕУ со цел зајакнување на борбата против организираниот криминал, нотирано е дека капацитетите на Секторот за контрола и истраги се значително зајакнати со нови возила и заштитна опрема, како и ИТ опрема за сервер салата со што се подобрува ИТ безбедноста на царинските операции. Во делот на борбата против корупција Комисијата наведува дека продолжува спроведувањето на Стратегијата за интегритет и борба против корупција за периодот 2024-2027 година. Во делот на дигитализацијата се потенцира дека е обезбедено одржување и понатамошен развој на системот за Интегрирана тарофна околина, како и започнување на пилот фаза на системите за регистрација и идентификација на економските оператори и за унифицирано управување со корисниците и дигитален потпис. Царинското законодавство е со висок степен на усогласеност со правото на ЕУ, при што Царинската тарифа во 2026 година е донесена и усогласена со Комбинираната номенклатура на ЕУ. Во областа на добрососедски односи и регионална соработка нотирано е ратификувањето на Протоколите 5 и 6 со кои се воспоставува рамка за олеснување на трговијата преку царинска соработка и либерализација на трговијата со услуги, соопштуваат од ЦУ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканУапсена е поранешна турска министерка за членство во криминална организацијаПоранешната турска министерка Фатма Бетул Сајан Каја е уапсена во рамките на истрага за трансакции на пазарот на капитал, под сомнение за кршење на Законот за пазари на капитал и членство во криминална организација.Поранешната турска министерка Фатма Бетул Сајан Каја е уапсена во рамките на истрага за трансакции на пазарот на капитал, под сомнение за кршење на Законот за пазари на капитал и членство во криминална организација, објави денес обвинителството во Истанбул. Според документот на обвинителството, Каја е осомничена дека имала информации што можеле да влијаат на цената на акциите на „Озата Денизчилик“, објави „Анадолу“. Истражителите изјавија дека поранешната министерка ги купила акциите на компанијата во април 2026 година и ги продала на 16 септември, денот пред одлуката за ликвидација на средствата. Обвинителството се сомнева дека Каја знаела за претстојната ликвидација и дека ги префрлила акциите на „Тера Јатирим Менкул Дегерлер“, која ѝ ја исплатила нивната вредност истиот ден, наместо парите да бидат исплатени во вообичаените два работни дена. Поранешниот претседател на Одборот на пазарите на капитал, Ибрахим Омер Ѓенул, и Илијаш Каја беа ослободени под мерки на судски надзор, кои вклучуваат редовно пријавување кај властите и забрана за патување.Тагови: министерка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЏенифер Лопез позира без облека, а косата никогаш не ѝ била посветла (ВИДЕО)Џенифер Лопез избра костим од Барбарела за овогодинешниот Ноќ на вештерките, ликот што Џејн Фонда го играше во истоимениот филм од 1968 година. За таа пригода, таа беше трансформирана со помош на прекрасна руса фризура моделирана по познатата актерка, а носеше и реплика од проѕирниот боди со светки од филмот. Таа дополнително го адаптираше костимот за Ноќта на вештерките со солзи и детали што имитираат крв. Пејачката и актерка често експериментирала со фризури во текот на својата кариера, од природни кадрици од деведесеттите до медено руси прамени, пишува Харперс Базар. Најсветлата нијанса досега Иако Ноќта на вештерките заврши, се чини дека Лопез сè уште не е подготвена да се збогува со својот нов изглед. Нејзиниот фризер Крис Аплтон објави претходно невидени фотографии на Инстаграм на кои пејачката е речиси непрепознатлива. View this post on Instagram A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1) На фотографиите, Лопез позира целосно гола, а посебно внимание привлекува нејзината екстремно светла руса коса, најсветлата нијанса што некогаш ја носела. „Бомбастични боцки“, напиша Аплтон во описот на објавата, алудирајќи на Барбарела и нејзиниот костим. Тој ја обликуваше нејзината коса во луксузни, волуменозни кадрици, со дополнителен волумен нагласен на темето. Фризерот одговорен за бројни трансформации Аплтон стои зад многу фризури на Џенифер Лопез, вклучувајќи го и нејзиното неодамнешно „фенирање од милион долари“. Станува збор за луксузно стилизирана коса со костенливи прамени и шишки што го врамуваат лицето. @jlo Her specialty is LOVE ❤️ Barbarella 🚀 Happy Halloween everybody! ♬ original sound - JLO View this post on Instagram A post shared by Chris Appleton (@chrisappleton1) Перика или трајна промена? Дали Лопез ќе ја задржи новата боја на косата сè уште не е познато. Не е ни јасно дали носи перика на фотографиите. Имено, Аплтон е позната по големите трансформации на изгледот на неговите познати клиенти, вклучувајќи ги Ким Кардашијан и самата Џенифер Лопез. Затоа, останува да се види дали ова е потрајна промена или само привремен експеримент.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter