СветСе појавија снимки од моментот кога авион падна во море близу аеродром во Тајланд (ВИДЕО)Минувачи го снимиле застрашувачкиот момент кога авион се урна во близина на аеродромот во близина на одморалиштето Хуа Хин во Тајланд.Шест лица загинаа кога мал тајландски полициски авион се урна во морето, објави АП. Авионот, според официјалните лица, бил на пробен лет како подготовка за обука за падобранство. Иако моделот на авионот не е официјално потврден, снимките од местото на несреќата покажуваат дека станува збор за авион од типот „Викинг ДХЦ-6 Твин Отер“ со пропелер. Авионот се урнал во близина на аеродромот Хуа Хин, во покраината Прачуап Хири Кан, соопшти локалниот оддел за односи со јавноста. Снимките што се појавија на интернет го покажуваат моментот кога предниот дел од авионот се урива во морето. Сè се случило на околу 100 метри од брегот. 🚨 #BREAKING: Small plane crashes into sea near Hua Hin Airport in Thailand, killing 6 people and injuring 1 person. pic.twitter.com/JdUeU9xP5T — Breaking News Alerter (@BreakingAlerter) April 25, 2025 Како што претходно беше објавено, сите загионати биле полицајци. Петмина од нив починале на самото место, додека шестото лице починало подоцна во болница. Причината за несреќата засега е непозната. Властите собираат докази, вклучително и податоци од црната кутија на авионот.Тагови: авион аеродромот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55Собраниска седница за реконструкција на Владата, ќе се сменат 8 министри18:18Убиство во Скопје: Син со нож го убил татко си кој претходно ја нападнал неговата мајка10:58
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
СветИран поднесе жалба до Советот за безбедност на ОН Иран официјално поднесе жалба до Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН), обвинувајќи ги САД за систематско кршење на Меморандумот за разбирање од Исламабад, потпишан минатиот месец. Во писмо упатено до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и претседателот на Советот за безбедност, Зенон Нгаи Муконг, постојаниот претставник на Иран во ОН, Амир Саид Иравани, изјави дека САД, како што тврди Техеран, почнале да ги поткопуваат неговите одредби речиси веднаш по потпишувањето на договорот, објави „Прес ТВ“. На 17 јуни, Иран и САД потпишаа Меморандум за разбирање кој предвидува траен прекин на непријателствата на сите фронтови и продолжување на преговорите за конечен договор во рок од 60 дена. Според толкувањето на Иран, документот предвидува дека Иран ќе ја преземе одговорноста за управувањето и безбедноста на пловидбата низ Ормутскиот теснец. Во жалбата, Иравани наведе 42 случаи на наводни прекршувања на договорот од неговото потпишување, вклучувајќи ги воените напади на САД на иранска територија, ограничувањата за продажба на иранска нафта, воспоставувањето алтернативна поморска рута низ Ормутскиот теснец и поддршката за Израел во конфликтите во Либан. Иранскиот амбасадор особено го истакна Член 5 од меморандумот, за кој тврди дека ја потврдува надлежноста на Техеран врз утврдувањето на безбедното минување низ Ормутскиот теснец.Тагови: Иран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПродолжува судењето на апелацискиот судија Ѓоко РистовПродолжува судењето на апелацискиот судија Ѓоко Ристов. Тој е обвинет за непријавување имот, прикривање имот и перење пари, откако истражителите пронајдоа заѕидани 350.000 евра во кујната од домот на неговите родители во Неготино. Судијата Ристов негира вина и тврди дека парите не се негови, а одбраната најави презентирање документи за потеклото на средствата. Случајот го води судијката Билјана Коцевска од одделот за гонење организиран криминал. Вчера се случи и инцидент во кој беше опожарен патничкиот автомобил „фолксваген пасат“ што го користел обвинетиот судија.Тагови: судењето Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Македонската дијаспора е жртва на блокадата на СДС, Левица и ДУИ Блокадите што СДС, Левица и ДУИ ги спроведуваат во Собранието се насочени директно против граѓаните.Најголема жртва на нивната неодговорна политика е македонската дијаспора, која повторно е ставена во втор план поради теснопартиски интереси на СДС Левица и ДУИ. СДС, Левица и ДУИ со нивните опструкции на законските решенија што треба да ги олеснат административните процедури и да ги подобрат услугите за нашите иселеници, јасно покажуваат дека политичките пресметки им се поважни од потребите на стотици илјади македонски граѓани кои живеат и работат надвор од државата. Македонската дијаспора со години дава огромен придонес за развојот на државата. Таа инвестира, помага на своите семејства, отвора можности за нови економски врски и ја промовира Македонија низ светот. Наместо да им се овозможат побрзи, поефикасни и подостапни услуги, СДС, Левица и ДУИ одлучија да ги блокираат процесите за олеснување на гласањето и носењето на новиот Изборен законик. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува цврсто определена да работи во интерес на сите македонски граѓани, без разлика дали живеат во татковината или надвор од неа. Нашата цел е модерна, ефикасна и достапна администрација која ќе биде вистински сервис за дијаспората. Ги повикуваме СДС, Левица и ДУИ да престанат со деструктивните блокади и конечно да покажат чувство на одговорност. Интересите на македонската дијаспора не смеат да бидат заложник на дневнополитички калкулации. Македонија има обврска да ги поврзува своите граѓани, а не да дозволи некој да ги оттурнува поради политички мотиви. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook