Се појавија првите снимки од обновениот стадион на Реал Мадрид (ВИДЕО) - Канал 5

Се појавија првите снимки од обновениот стадион на Реал Мадрид (ВИДЕО)

На Твитер профилот Fanaticos RMCF е објавена досега невидена снимка од реновирањето на Сантијаго Бернабеу.

Се појавија првите снимки од обновениот стадион на Реал Мадрид (ВИДЕО)

Тие покажуваат како ќе изгледа новиот дом на Реал со покрив кој се повлекува. Мадридскиот гигант ја започна реконструкцијата на стадионот во 2019 година, а целиот проект беше проценет на 525 милиони евра. Тој број пораснал поради доцнењето на работите поради пандемијата на коронавирус, а потоа и поради поскапувањето на суровините поради војната во Украина.

Подвижен тревник, подвижен покрив, зголемување на капацитетот за 4.000 седишта на вкупно 85.000 се само дел од новитетите во реконструкцијата на футуристичкиот стадион на Реал, за кој се зборуваше дека е најмодерниот во светот уште пред да започне работата. . Ова го поткрепуваат снимките од социјалните мрежи, пишуваат шпанските медиуми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

Додека народот едвај врзува крај со крај, додека цените растат, а платите стагнираат, Мицкоски трупа нови долгови, нови милијарди на грбот на народот.

Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

Па уште и ги лаже граѓаните, го фингира долгот заедно со Кочовска.

Откако претседателот на СДСМ, Венко Филипче објави дека Владата донела одлука за ново задолжување од 1,3 милијарди евра, Мицкоски два дена молчеше.

Вчера Мицкоски немаше каде - призна дека ја носи Македонија кон долг од 12 милијади евра.

Но видовме и дека е Мицкоски несмасно се обиде да ја лаже јавноста за тоа што го фингираат јавниот долг.

Денеска ги разобличуваме сите лаги на Мицкоски.

1.Ако било задолжувањето од 1,3 милијадри евра за 2027 година, како што вели Мицкоски зошто брзала владата да одлучува 5 месеци порано?

И клучно, зошто не ја соопштија таа одлука во јавноста туку ја сокрија?

Одговорот е едноставен: пари нема. Касата е празна. Владата не може да ја затвори ниту оваа фискална година без нови долгови.

2.Изјавата на Мицкоски дека долгот од 350 милиони евра на ЈПДП не влегува во јавен долг е чиста лага, очаен обид да се спаси од одговорност за кршење закон.

Законот за јавен долг е сосема јасен: во јавен долг влегува и гарантираниот долг на јавните претпријатија и акционерските друштва основани од државата.

Мицкоски и Кочовска го фингираат јавниот долг, спротивно на законот – а за тоа следува кривична одговороност.

3.Не постои никаков рамковен заем., ЈПДП е оставено пред колапс и смислено извадено од буџетските расходи.

Откако ги потрошија милионите евра од кредитот, за да не биде блокиран од страна на доверителите за тековното работење, ЈПДП криминално доби ургентни позајмици од МНАВ, Државна Лотарија и други државни институции.

Кога беше откриен овој скандал за кој следуваат кривични пријави за над 15 лица, следуваа нови кредит од 40М евра со цел тие средства се вратат.

Тоа брзо враќање на овие средства нема да ја намали кривичната одговорност на сите инволвирани а посебно не на наредбодавецот Мицковски.

4.Кога Мицкоски ја споменува ковид пандемијата треба да знае дека граѓаните не се наивни и многу добро знаат. Додека владата на СДСМ 2 милијарди евра врати кај граѓаните за да им помогне и да ги сочува работните места а Филипче спасуваше човечки животи – Мицкоски со неговото обезбедување шеташе по теретани и кафани.

Илјадници лекари, здравствени работници 24 часа се бореа за секој човечки живот, граѓаните седеа во своите домови и ги почитуваа мерките за зашта, јавноста го гледаше Мицкоски во теретани и кафеани.

Но ова е само обид на Мицооски за дефокус - да избега од вистинската тема.

Мицкоски и неговата организирана криминална група ја носат Македонија кон 12 милијарди евра долг.

Пред доаѓањето на Мицкоски се плаќале 120 милиони за камати сега 350 милони евра за камати.

Додека граѓаните стануваат посиромашни, државата станува сè позадолжена.

Тоа е економијата на Мицкоски: празни џебови за народот, празни фрижидери и 4 милијарди нов долг врз грбот на народот за само 2 години, рече Симона Цветановски – членка на ИО на СДСМ.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Кошница од балон удри 86- годишен Германец во Швајцарија- загина на самото место

Осумдесет и шестгодишен Германец почина откако беше удрен од корпа на балон на топол воздух на ливада во Швајцарија во близина на езерото Констанца, соопшти полицијата на кантонот Тургау.

Кошница од балон удри 86- годишен Германец во Швајцарија- загина на самото место

Маж од округот Констанца им подлегна на тешките повреди на местото на настанот. Несреќата се случила во четврток вечерта за време на полетувањето. 86-годишниот Германец бил дел од група чии членови имале намера да учествуваат во лет со балон, изјави портпаролот на полицијата.

Истрагата е во тек

Балонот требало да полета од ливада во близина на Сален-Ројтенен, околу 20 километри западно од градот Констанца. Околностите на несреќата се истражуваат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голем протест во Загреб: Илјадници од цела Хрватска се собраа против одлагање опасен отпад во Лика (ВИДЕО)

Голем број граѓани се собраа денес во центарот на Загреб на протестот „Марш за Лика, марш за Хрватска“, организиран поради скандалот со опасниот отпад во областа Госпиќ.

Голем протест во Загреб: Илјадници од цела Хрватска се собраа против одлагање опасен отпад во Лика (ВИДЕО)

Протестната колона тргна од областа на Главната железничка станица, а потоа стигна до плоштадот Бан Јосип Јелачиќ, додека новинарите на „Вечерњи лист“ проценуваат дека во центарот на градот имало неколку илјади луѓе.

Толпата маршираше низ центарот на Загреб со тапани, свирчиња и труби, додека полицијата ја обезбедуваше рутата, а дел од улиците беа затворени.

На митингот пристигнаа граѓани од различни делови на Хрватска, вклучувајќи ги Лика, Далмација, Истра, Славонија и други области.

Организаторите велат дека Лика не е единствениот случај и дека сакаат да укажат на пошироките проблеми во системот за управување со отпад.

Граѓанската иницијатива „Госпиќ е наш дом“ испрати конкретни барања до Владата уште пред протестот.

Тие бараат од Владата да презентира комплетна програма за санација на закопаниот отпад во рок од 20 дена, со јасно дефинирани и обврзувачки рокови.

Едно од главните барања е 33.000 тони закопан отпад да се отстранат во рок од три месеци.

Тие исто така бараат градската општинска депонија „Ракитовац“ да биде вклучена во Планот за управување со отпад, како и ангажирање на независни експерти кои би развиле долгорочен план за следење и би спровеле независна проценка на ризикот.

Иницијативата, исто така, бара пошироки промени во системот за управување со отпад. На митингот зборуваат претставници на неколку граѓански иницијативи и здруженија од Хрватска, додека организаторите претходно објавија дека политичарите нема да држат говори.

Меѓу толпата има и опозициски политичари, но, според организаторите, програмата е наменета за претставници на граѓански иницијативи и здруженија.

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ претходно изјави дека протестот создава „непотребна хистерија“ и дека проблемот ќе биде решен, според „Вечерњи лист“.

Според информациите што ги објави овој медиум, до крајот на септември треба да се утврди како ќе се отстранува отпадот од областа Госпиќ.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер