Се појавија нови информации за состојбата на Михаел Шумахер: Веќе не е иста личност - Канал 5

Се појавија нови информации за состојбата на Михаел Шумахер: Веќе не е иста личност

Здравјето на легендарниот возач на Формула 1 Михаел Шумахер (56) е вистинска мистерија.

Се појавија нови информации за состојбата на Михаел Шумахер: Веќе не е иста личност

Здравјето на легендарниот возач на Формула 1 Михаел Шумахер (56) е вистинска мистерија по несреќата на скијање што ја доживеа, а во годините откако семејството и пријателите се обидуваат да продолжат понатаму, секоја приказна за него е вистински магнет за фановите.

Имено, пред нешто повеќе од 11 години, Шумахер доживеа несреќа на скијање во Мерибел. Во таа прилика тој ја удрил главата и се здобил со тешка повреда на мозокот, која целосно го променила неговиот и животот на неговото семејство. Неговата здравствена состојба се чува во строга тајна, но повремено излегуваат одредени информации и коментари за неговиот изглед и состојба.

Еден таков коментар даде хирургот од Болоња, Никола Ацари, иако тој лично не го третирал Шумахер:

– Мора да замислите личност која е многу различна од онаа што ја паметиме од патеката, со изменета структура на телото. Физички се промени многу, повеќе не е истиот човек. Не би го препознале - рекол Ацари.

Професорот Ерих Ридерер уште во 2020 година коментираше дека верува дека Шумахер е во вегетативна состојба: буден, но не реагира. Дише, срцето му чука, можеби може да седне и да направи неколку чекори со помош, но ништо повеќе.

Исто така, повремено ѕвони и неговиот пријател и поранешен шеф во Ферари, Жан Тод. Тој е еден од ретките кои сè уште го посетуваат славниот Германец, а уште во 2019 година за француски „L'Équipe“ изјави:

– Го видов, се кара. Заедно ги гледаме трките. Но, се разбира, ми недостига стариот Мајкл. Тој едноставно веќе не е истиот човек. Луѓето би биле шокирани кога ќе го видат. Тој е различен, но убаво опкружен со љубовта на неговото семејство. Неговиот живот сега е сосема поинаков – изјави Тод.

Семејството на познатиот возач се уште ја чувствува најголемата болка. Во документарецот на Нетфликс „Шумахер“, неговата сопруга Корина и синот Мик зборуваа за животот по несреќата.

– Мајкл е тука. Различно, но го има, а тоа ни дава сила - рече Корина, додека Мик додаде:

– Би дале сѐ за да можеме да зборуваме за трките како порано, да зборуваме на ист јазик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

28 повредени во украински напад со дронови во руското одморалиште Сочи

28 луѓе се повредени во украинскиот напад со дронови во руското одморалиште Сочи на Црното Море.. 

28 повредени во украински напад со дронови во руското одморалиште Сочи

Властите во Краснодарскиот регион соопштија меѓу повредените има и две деца и дека по нападот избил голем пожар на пристанишниот кеј..

Сочи е познат како „втора престолнина“ на Русија и е дом на официјалната летна резиденција на претседателот Владимир Путин..

Нападите се сметаат за одговор на во вчерашните жестоки руски напади врз Украина во кои беа убиени најмалку осум луѓе..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп ветува по 5.000 долари за сите возрасни Американци ако Републиканците победат на изборите во ноември

Американскиот претседател  Доналд Трамп на конвенцијата на Републиканската партија во Далас им вети по 5.000 долари на сите возрасни граѓани на САД .

Трамп ветува по 5.000 долари за сите возрасни Американци ако Републиканците победат на изборите во ноември

Американскиот претседател Доналд Трамп на конвенцијата на Републиканската партија во Далас им вети по 5.000 долари на сите возрасни граѓани на САД доколку Републиканците ја задржат контролата врз Конгресот по меѓуизборите на почетокот на ноември..

Единствениот услов, според него, е средствата да бидат потрошени во Соединетите американски држави.

Сепак, начинот на спроведување на ваквата мерка, како и нејзината правна оправданост, засега остануваат нејасни..

Според пресметките, ваквата идеја би чинела речиси колку целиот буџет за одбрана на земјата, односно околу 1,35 трилиони долари, имајќи предвид дека во земјава има приближно 270 милиони возрасни жители.. Соперничките Демократи контроверзната понуда го нарекоа тоа празно и неостварливо ветување..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пет и пол милиони евра чинела прославата на Денот на независноста- повеќето ги дала Државна лотарија, Филипче се сомнева

340 милиони денари или 5,5 милиони евра изнесува вкупната финансиска конструкција за прославата на 35 години независност, според информациите што ги соопшти Владата. 

Пет и пол милиони евра чинела прославата на Денот на независноста- повеќето ги дала Државна лотарија, Филипче се сомнева

Од нив, 300 милиони денари, или 4,8 милиони евра, биле обезбедени преку Државната лотарија од нераспределената добивка за 2024 година, а дополнителни 40 милиони денари или околу 650.000 евра обезбедиле општествено одговорни компании. На речиси едночасовна прес конференција која ја одржаав владината портпаролка Марија Митева, директорот на АД Државна лотарија Александар Климовски и сопственикот на Авалон продукција беа објаснети деталите околу одлуката и склучувањето на договорот за организирање на прославата.

Митева кажа дека со владин заклучок било предвидено ангажирање на светски артист од А класа, продукција од ист ранг и организација на 12 настани низ Македонија.

„Владата донесе заклучок каде се утврдија конкретните активности за прославата за независноста. Беше предвидено А класа светски артист, со А класа продукција кој гарантира 30.000 посетители, организирање на 12 настани низ Македонија со концепт, настан со светска ѕвезда А класа во придружба на македонски артисти. Ќе ми дозволите да направам важна споредба, Перпарим Бајрами и Артан Груби – 8,2 милиони во воздух. Тоа се средства кои не завршија кај граѓаните, а ова се пари кои завршија за граѓаните.“

Директорот на АД Државна лотарија Климовски вели дека тие 300 милиони денари кои доаѓаат од нераспределената добивка се компаниски пари, а не буџетски иако единствен сопственик на компанијата е државата. Тој објасни дека откако го добиле заклучокот од Владта, објавеиле јавен повик, иако согласно законот за спонзорства и донации немале таква обврска, а не него се јавила само фирмата Стардаст која ги имала правата за трговската марка на Авалон.

„Станува збор за средства од 300 милиони денари кои беа компаниски пари, нераспределена добивка. Компанијата е издвоена од Владата. Сè додека се во компанијата, тие се корпоративни пари.“

Лидерот на СДСМ Венко Филипче претходно на прес конференција побара Владата веднаш да ги објави записникот од 167. седница, целата документација за постапката и поединечните исплати на сите учесници во прославата. Според него, лага е дека парите не се државни и праша зошто не биле употребени за друга намена.

„Мицкоски изјави дека за оваа прослава не бил потрошен ниту еден денар народни пари. Но, од 167. седница на Владата излезе на виделина дека АД Државна лотарија, која е стопроцентно во сопственост на државата, треба да ја организира прославата со пет милиони евра народни пари, пари на граѓаните. Ниту знаеме кој одлучувал за пет милиони евра пари на граѓаните, ниту врз основа на кои критериуми набавката ѝ е доделена на компанијата што го организирала настанот. Само неколку месеци претходно истата компанија добила пари од Државната лотарија и за други активности, а никој не знае за кои и какви. Може ли некој да каже дека нема сомнеж во оваа работа? Зошто дивидендата од Државната лотарија не се намени за исплата и зголемување на субвенциите на земјоделците, за лековите што недостасуваат, за подобрување на инфраструктурата во училиштата или за зголемување на социјалната помош? “

Инаку, на самиот почеток на денешната пресконференција за отчетот, сопственикот на Авалон Бобан Милошески се извини за неговиот однос кон новинарката на Слободен печат, кога на претходната прес конференција на прашањето за тоа колку чини концертот на Дејвид Гета, одговори со, цитирам, „дали мислите дека сум идиот“...

Според договорот со Авалон, Климовски вели дека до 1 октомври продукцијата ќе треба да достави детален извештај за тоа колку пари за секој настан од прославата поедничено се потрошени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер