Тројца мажи осудени за обид за уцена на семејството на Михаел Шумахер

Тројца мажи се осудени од страна на судот во Германија за учество во обид за изнуда врз семејството на поранешниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер, јавиja локалните медиуми.

Главниот обвинет во случајот, кој според обвинителството им се јавил на роднините на Шумахер со понуда да ги вратат украдените лични семејни фотографии во замена за пари, судот го осуди на три години затвор за обид за изнуда.

Неговиот син доби условна казна од шест месеци за неговиот дел во шемата, додека поранешен чувар кој некогаш работел за семејството Шумахер доби двегодишна условна казна за помагање и поттикнување изнуда.

Гундоган незадоволен од ремито со Брајтон

Фудбалерот од средниот ред на Манчестер сити, Илкај Гундоган го сподели своето мислење за ремито со Брајтон (2:2) во 29. коло од Премиер лигата.

- Откако двапати бевме во водство и одигравме навистина добро, штета што не освоиме три бода. Во вториот дел, откако го примивме вториот гол, почувствувавме дека ја загубивме самодовербата и вербата. Се разбира, грешките се случуваат дури и на ова ниво. Мислам дека имавме добра недела на тренинзи. Сакаме да ја пренесеме оваа моќ и енергија на натпреварите, изјави Гундоган за „Би-би-си“.

Манчестер Сити со 48 бодови останува на петтото место на табелата во Премиер лигата.

Брајтон со бод помалку (47) е седми на првенствената табела. /МИА

Протест на стотици Гренлаѓани против политиката на Трамп кон островот

Стотици луѓе на Гренланд протестираа денеска против плановите на американскиот претседател Доналд Трамп за освојување на арктичката територија, јави ДПА.

„Наша земја. Наш избор. Нашата слобода“, напиша на Фејсбук, Јенс-Фредерик Нилсен, лидер на централно-десничарската партија „Демократи“ како одговор на фотографиите од демонстрациите во главниот град Нук.

Претходно неделава претдедателот Трамп ја повтори својата идеја Гренланд да се приклучи на САД. Тој со месеци зборува дека сака да ја преземе контролата врз Гренланд, кој е дел од Данска.

На состанокот со генералниот секретар на НАТО Марк Руте во Белата куќа во четвртокот, американскиот претседател дополнително го разгоре прашањето кога одговори на новинарско прашање за неговите планови за можна анексија.

„Мислам дека тоа ќе се случи“, рече Трамп, нагласувајќи го големото стратешко значење на островот и фактот дека Данска е многу далеку од него.

Пратениците во Гренланд реагираа со бес. Ова е „целосно неприфатлив“ пристап, изјави актуелниот шеф на владата Муте Егеде за гренландскиот весник „Сермицијак“ за време на денешниот митинг во Нук.

Луѓето излегоа на улиците и во другите градови на островот. /МИА

Агенции на ОН добиле прашалник од САД да се изјаснат дали имаат антиамерикански уверувања

 Агенциите за пружање помош на Обединетите нации добиле прашалник од САД во кој се бара да наведат дали имаат „антиамерикански“ верувања или припадности.

Помеѓу 36-те прашања на формуларот испратени од Канцеларијата за менаџмент и буџет на САД (OMB), во кои увид имал Би-Би-Си, едно прашање е дали тие имаат некаква врска со комунизмот.

Прашалникот им бил доставен на некои од најголемите хуманитарни организации во светот, како што се Агенцијата на ОН за бегалци и Меѓународниот комитет на Црвениот крст.

Агенциите на ОН стравуваат дека потегот на ОМБ е знак дека САД планираат целосно да се повлечат од хуманитарната работа или дури и од Обединетите нации.

САД веќе ја напуштија Светската здравствена организација, и тоа уште на првиот ден од вториот мандат на Доналд Трамп како претседател на САД.

Американскиот државен секретар Марко Рубио неделава објави дека се суспендирани огромно мнозинство од програмите на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД).

Анкетите покажуваат дека повеќето Американци веруваат дека нивната земја троши премногу за странска помош./МИА

притисни ентер