Се појавија фотографии од мистериозен концепт на Мустанг од 1966. - Канал 5

Се појавија фотографии од мистериозен концепт на Мустанг од 1966.

Интересно е тоа дена овој Мустаг имал централно поставен мотор.

Се појавија фотографии од мистериозен концепт на Мустанг од 1966.

Шевролет минатата година за прв пат по скоро седум децении лансираше нов модел на Корвета со централно поставен мотор, со што целосно се менува концептот на овој легендарен автомобил.

Иако во шеесеттите години било експериментирано со концептни автомобили чиј мотор е сместен зад седиштето на возачот, на овој американски произведувач

Му требаа 66 години да се одлучи за таква конфигурација во продукцискиот модел на Корвета.

Судејќи по пронајдените фотографии, Форд во истиот период, поточно 1966 година, ја разгледувал опцијата за Мустанг со централно поставен погонски систем.

Форд Перформанс на својот официјален веб сајт објави четири фотографии од овој концепт, но без приказна која би го појаснила потеклото и судбината на возилото. Причина? Па ни тие немаат информации за автомобилот, освен она што може да се заклучи врз основа на фотографиите , а тоа е дека моторот наместо напред, како кај сите Мустанг модели е сместен зад седиштата на возачот и совозачот.

Покрај тоа, познато е само дека фотографиите настанале во дизајнерското студио во Дирборн на 2. мај 1966. година.

Тоа е и причината зошто Форд им се обрати на сите вљубеници во Мустанг и добри познавачи на тој модел во обид да ја открие целосната приказна за интригантниот концепт.

Сите оние кои мислат дека знаат повеќе детали за автомобилот, Форд ги повикува да пратат меил на [email protected]. Компанијата подготвила и посебна награда доколку дадените информации им помогнат да ја пополнат празнината.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Стоилковиќ и Ратко Младиќ: Воениот злосторник како „генерал“ во Владата на Македонија

Иван Стоилковиќ, министер во Владата на Македонија, до вчера заменик-премиер, денеска јасно покажа каде му е местото и кои му се вредностите.

СДСМ: Стоилковиќ и Ратко Младиќ: Воениот злосторник како „генерал“ во Владата на Македонија

За него босанскиот српски лидер Ратко Младиќ - осуден за геноцид, воени злосторства и злосторства против човештвото е величина и херој.

За него тој е „негов генерал“ - среде Македонија.

Ова е дел од поширока агенда: Вучиќ, руска агенда, кинески инвестиции, воодушевување од Кина… „Српскиот свет“ сега и во форма на почитување на воениот злосторник.

Наместо да гледаме кон иднината, кон Европа, кон демократско и просперитетно општество - ние се враќаме во деведесеттите, во политиката на Милошевиќ и војните.

Министер во Владата на Мицкоски јавно велича човек осуден за геноцид во Сребреница. Тоа не е ниту личен став, ниту „културна разлика“. Тоа е директна порака: во оваа Влада има место за оние кои ги слават воените злосторници од најмрачните страници на балканската историја.

СДСМ најостро го осудува овој чин.

За вакви како Стоилковиќ нема место во ниту една демократска, европска и цивилизирана влада.

Мицкоски мора да одговори - дали ова е официјален став на неговата Влада или личен испад на неговиот министер?

Граѓаните на Македонија не заслужуваат да имаат министер кој воениот злосторник го нарекува „мој генерал“.

Наместо да гледаме кон демократските вредности, иднината, Европа и просперитетот, ние имаме министри во Владата кои ги величаат воените злосторници.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари

Во текот на активноста, на учесниците во сообраќајот им беа поделени информативно-едукативни летоци 

Превентивни активности за безбеден сообраќај и спречување на пожари

Денеска (28.08.2026) полициски службеници од СВР Скопје на територија на општина Сарај реализираа превентивни активности за спречување на пожари. Полициските службеници преку непосредна комуникација со граѓаните им укажаа на потребата од одговорно однесување во природа, со посебен акцент на избегнување на палење оган, да не фрлаат отпушоци од цигари и доколку забележат пожар веднаш да пријават на телефонскиот број 112. На земјоделците пак, им беше потенцирана потребата од внимателно извршување на земјоделските работи, со акцент на опасностите од предизвикување пожари од палење на меѓи, стрништа со сува трева и смет на ниви. Исто така, им беше укажано дека предизвикувањето пожари е кривично дело, што соодветно законски се санкционира. На граѓаните им беше поделен и печатен едукативен материјал, изработен во соработка со ЈП „Национални шуми“, со напомена за почитување на забраната за движење во шуми.

Отсекот за превенција и ПС БПС при СВР Штип и Отсекот за превенција при СВР Тетово, пак, спроведоа превентивни активности за побезбеден сообраќај. На наплатната станица „Кадрифаково“ во склоп на кампањата „Безбедно лето - вози одморен“, полициски службеници од СВР Штип на возачите во непосредна комуникација им укажаа за важноста од управување на возило одморени, бидејќи заморот и падот на концентрацијата се главните причини за предизвикување сообраќајни несреќи во лето. Исто така, им беше нагласено дека во овој период, кога е зголемена фреквенцијата во сообраќајот и возачите се упатуваат кон летните дестинации минувајќи стотици километри, од особена важност е да се прават почести паузи во текот на патувањето и да се следат препораките за безбедно возење и почитување на сообраќајната сигнализација. Полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Тетово пак, на регионалниот пат Тетово – Јажинце, поточно на влезот во село Лешок, ги информираа возачите за последиците што можат да настанат доколку управуваат возило под дејство на алкохол. Во текот на активноста, на учесниците во сообраќајот им беа поделени информативно-едукативни летоци изготвени во соработка со РСБСП и Факултетот за безбедност – Скопје.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 16 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи поради „безобѕирно управување возило“.

Лишени од слобода 16 возачи за „безобѕирно управување возило“, девет возеле без положен возачки испит

Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит, од кои четворица во Скопје, и по еден во Прилеп, Гевгелија, Богданци, Велес и Боговиње. Под дејство на алкохол возеле по едно лице во Битола, Македонска Каменица, Кичево и Кавадарци, а по еден возач во Македонски Брод и Велес управувале возило под мерка забрана за управување со моторно возило. Од слобода е лишен и државјанин на Шведска, кој на автопатот А- 1 возел со двојно поголема брзина од дозволената. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер