НБРМ: Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка АД Битола
1НБРМ: Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка АД Битола
ТенисСе појави снимка што докажува зошто Медведев се расплака по финалето (ВИДЕО)Рускиот тенисер Данил Медведев можеше да го победи Новак Ѓоковиќ од број 1 на АТП-листата со победата против Надал во финалето на Австралија опен.Но легендарниот Шпанец со спектакуларен пресврт надополни 0:2 и го освои рекордниот 21. Грен слем по повеќе од пет часа игра. По мечот Медведев не беше толку разочаран од поразот, колку од однесувањето на публиката во Род Лејвер Арената. Русите свиреа, го вознемирија, а во еден момент се слушна крик да се врати во Русија. Одличниот тенисер после тоа се распадна на прес-конференцијата и изјави дека дури размислува да се откаже од настапот на Грен слемовите. "Само ќе кажам нешто за моментите кога момчето престана да сонува. Денес беше еден од нив. Нема да кажам зошто. Отсега играм само за себе и моето семејство. Да заработам пари за нив. За луѓе кои веруваат во мене и Русите затоа што верувам дека имам поддршка таму“, рече тој и продолжи: „Ако има турнир на тврда подлога пред Ролан Гарос и Вимблдон, ќе одам таму, дури и ако тоа значи дека треба да го пропуштам Роналд Гарос или Вимблдон или што и да е. Момчето престана да сонува, го убија момчето во мене. Момчето ќе си игра за себе и тоа е тоа - тоа е мојата приказна“. A great final but the crowd was an utter disgrace. Clapping and cheering double faults is cringe #AusOpen — Rohanc (@rohancct) January 30, 2022 Рускиот тенисер не застана тука, па само ден подоцна изјави дека врвот на АТП никогаш не сакал младите сили да ја симнат големата тројка, иако го уверувале дека публиката ќе биде на страната на младите играчи. „Кога почнав да се искачувам на ранг-листата и кога бев 20-ти или 30-ти во светот, дојдоа и тие натпревари со Роџер, Новак, Раф. Имавме тешки натпревари, тогаш не можев да ги добијам, многу се зборуваше. Се сеќавам. Се зборуваше дека младата генерација треба да биде подобра, но имаше и луѓе кои рекоа дека навистина сакаат да не видат нас, младата генерација како одиме на врвот“, рече Русинот, додавајќи: "Бев мотивиран. Да, сакав да им ја отежнам работата. Сепак, претпоставувам дека овие луѓе лажеа бидејќи ниту еднаш кога излегов на теренот на тие големи натпревари не видов дека некој сака да победам". Запрашан дали националноста има некаква врска со тоа, тој се согласи. „Кумулативно, да, синоќа како да се стигнало до врвот на планината“, заклучил Медведев. 😢 Душераздирающие интервью такого настоящего Дани Медведева. Когда ребенок перестал мечтать 💔 pic.twitter.com/YhNrjYS2C3 — Eurosport.ru (@Eurosport_RU) January 30, 2022 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНБРМ: Од 5 ноември ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка АД БитолаНародната банка ги известува граѓаните кои имаат платежни сметки во АЛТА банка АД Битола, а немаат платежни картички, дека од четврток, 5 ноември 2026 година, ќе започне подигањето средства од шалтерите во главната филијала на банката во Битола.За таа цел, ќе бидат отворени повеќе шалтери на адресата ул. „Добривое Радосављевиќ“ бр. 21 во Битола. Исплатата ќе биде достапна за граѓаните, а особено за пензионерите и примателите на социјална помош, кои средствата ги добиваат преку платежни сметки во банката, но немаат платежни картички. Граѓаните ќе можат да подигнат до 20.000 денари, што е максималниот износ дозволен за повлекување во период од две недели. Од 6 ноември, вклучително и сабота 7 ноември, филијалата ќе работи во две смени, со цел да се опслужат што поголем број клиенти. Исплатата ќе се врши во текот на повеќе денови според распоред, за кој граѓаните ќе бидат известени преку СМС-порака, со наведување на денот и часот кога треба да дојдат во филијалата. Ги замолуваме граѓаните да се придржуваат до добиените термини и да не доаѓаат во филијалата во деновите во кои не се повикани и пред времето за кое се повикани на конкретниот ден, со цел да се избегнат гужви и подолго чекање. За оние кои нема да бидат во можност да дојдат во определениот термин, ќе бидат обезбедени дополнителни термини. Шалтерите ќе бидат наменети исклучиво за подигање готовина, при што нема да се вршат други видови трансакции. Се работи на подготовка за отворање на шалтерите за пензионери и приматели на социјална помош и во други градови во земјата, за што Народната банка наскоро ќе извести.Тагови: Народна Банка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаО. Карпош: Младите – двигатели на еколошкиот одржлив развој!По повод 50-годишнината од формирањето на Општина Карпош, во Младинскиот центар – Карпош се одржа презентација на еколошки проекти и младинско учество, посветена на улогата на младите во креирањето поодржлива и поинклузивна заедница. Луна Китановска, од иницијативата „ECOSOCIAL VOICES: Youth Voices“, зборуваше за важноста на младинскиот глас, активното учество и ангажманот на младите во општествените и еколошките прашања. За значењето на циркуларната економија и практичните решенија за поинклузивен и одржлив развој говореше Стефани Пренкова, додека Сотир Габелоски, преку фотоизложба посветена на реализирани микроакции, ја истакна улогата на младите во создавањето поправеден систем на храна, поддршката на локалните производители и значењето на институционалната соработка. Настанот заврши со интерактивна дискусија, размена на идеи и можности за младинско вмрежување, со цел преточување на иницијативите во конкретни активности и промени. Активноста ја реализираше Еко Логик, во рамки на проектот „Граѓанското општество и младите за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија“, финансиран од Европската Унија, а спроведен од People in Need (ПИН), во партнерство со ЛЕАД, АРНО и Ековита. Зелената иднина започнува со знаење, идеи и активно учество. Младите не се само иднината – тие се двигатели на промените уште денесКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМожат ли демократите сега да покренат постапка за отповикување на Трамп?По значајната победа на изборите во САД, демократите обезбедија мнозинство во двата дома на Конгресот, што им овозможува да покренат нова постапка за отповикување против претседателот Доналд Трамп. Сепак, иако го имаат потребниот број гласови за да изгласаат отповикување, за негово реално отстранување од функцијата би биле потребни значително повеќе гласови од обично мнозинство во Сенатот. Сенат Демократи 53 Републиканци 42 Преставнички дом: Демократи 224 Републиканци 134 Трамп веќе беше отповикан двапати за време на неговиот прв претседателски мандат, но Сенатот го ослободи од обвиненијата во двата наврати. Новата постапка би била трета во неговата политичка кариера, а демократите веќе размислуваат за спроведување истраги поврзани со неговата администрација. Уставот на САД предвидува дека против претседателот може да се покрене постапка за отповикување поради велепредавство, поткуп или други тешки кривични дела и прекршоци. Постапката започнува во Претставничкиот дом, каде што за одобрување на отповикувањето е доволно просто мнозинство гласови. Бидејќи демократите освоија мнозинство во Претставничкиот дом, тие ќе можат да гласаат за отповикување и без поддршка од републиканците, под услов нивните претставници да останат обединети. Сепак, новото мнозинство стапува на должност дури на 3 јануари 2027 година; затоа, тие не можат самостојно да ја иницираат и спроведат постапката за отповикување пред тој датум. Важно е да се разбере дека, во американскиот политички систем, отповикувањето не значи автоматско разрешување на претседателот. Со гласањето за отповикување, Претставничкиот дом всушност поднесува официјални обвиненија против претседателот, за кои потоа одлучува Сенатот. Сенатот одлучува дали претседателот ќе биде прогласен за виновен и отстранет од функцијата, а за таква одлука е потребно двотретинско мнозинство од сенаторите што учествуваат во гласањето. Доколку се присутни сите 100 сенатори, потребни се најмалку 67 гласа. Демократите имаат мнозинство во Сенатот, но го немаат потребното двотретинско мнозинство. Затоа, за отстранување на Трамп, тие би морале да придобијат значителен број републикански сенатори, што претставува и најголема пречка за негово отстранување од функцијата. Доколку Сенатот не го собере потребниот број гласови, Трамп останува претседател и продолжува да ја извршува функцијата. Токму тоа се случи и по двата претходни постапки за отповикување. Ако Сенатот го прогласи Трамп за виновен, тој веднаш ќе ја изгуби претседателската функција. На негово место ќе дојде потпретседателот Џеј Ди Венс, кој ќе стане претседател на Соединетите Држави и би можел да продолжи со голем дел од политиките на Трамп сè до истекот на мандатот на 20 јануари 2029 година. Демократската партија е поделена околу тоа дали повторно да се обиде да покрене постапка за отповикување на Трамп. Некои пратеници сметаат дека постојат сериозни основи за започнување на процесот, додека други предупредуваат дека, без доволна поддршка во Сенатот, тоа би било политички залудно. Демократскиот конгресмен Џејми Раскин изјави дека, за време на својот мандат, Трамп направил бројни прекршувања кои би можеле да послужат како основа за отповикување. Тој конкретно укажа на тоа дека претседателот си присвоил овластувања кои, според Уставот, му припаѓаат на Конгресот. Од друга страна, поранешниот градоначалник на Чикаго, Рам Емануел, предупреди дека нов обид за отповикување нема да доведе до разрешување од функцијата, туку до дополнителни политички конфликти. Демократската сенаторка Тами Дакворт, исто така, ја повика партијата наместо тоа да се фокусира на секојдневните грижи на американскиот народ. Хаким Џефрис, лидерот на демократите во Претставничкиот дом, не ја исклучи можноста за отповикување, иако не најави никакви планови за започнување на таква постапка. Тој изјави дека демократите ќе се водат според фактите, ќе го применуваат законот и ќе постапуваат во согласност со Уставот.Тагови: Доналд Трамп Сенат Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter