МОН: Се поставуваат фотоволтаици и се подобруваат условите во повеќе образовни установи во Свети Николе
1МОН: Се поставуваат фотоволтаици и се подобруваат условите во повеќе образовни установи во Свети Николе
Перински: Редовната исплата на боледувањата да стане правило – фондот подготвува промени во интерес на осигурениците
1Перински: Редовната исплата на боледувањата да стане правило – фондот подготвува промени во интерес на осигурениците
ТехнологијаСе појави првата автономна бебешка количка, не е роботакси (ВИДЕО)Ако се суди по покажаниот интерес, количките за бебиња кои самостојно управуваат може да бидат хит.Зад целиот проект стои канадската компанија Glüxkind Technologies, која го претстави својот најнов производ на овогодинешниот саем за потрошувачка електроника и предизвика невиден интерес. Ella е автономно контролирана количка која го прави одењето со дете полесно и побезбедно. Сите кои имаат деца знаат дека понекогаш не сакаат да се возат во количка, па затоа треба да ги носат. Во тие ситуации недостига „раката“ која ќе ја турка количката и тука настапува Ела. Секако, постојат некои безбедносни протоколи, па додека детето е во количката, родителот мора да ја држи рачката на количката со рака, исто како што возачот мора да ја има раката на воланот. Ен Хунгер, ко-основач на компанијата, објаснува кога Ела е најкорисна: „Така, на пример, возите новороденче, а тоа плаче. Сака да биде смирено и да го држите“, изјави Хунгер за CTV News. „Тогаш родителите можат да го направат токму тоа – тие имаат две раце и целосно внимание за детето, а количката во основа се грижи за себе“. Хунгер објаснува како количката се однесува како електричен велосипед, па му помага на корисникот со електричен погон. Истите мотори имаат и програма за возење напред-назад за да заспие детето. Батеријата трае осум часа користење, а се полни за четири часа. CNET известува дека количката е пуштена во продажба, а ќе се нуди по цена од неверојатни 3.800 долари. View this post on Instagram A post shared by Glüxkind (@gluxkindhq) Количката предизвика голем интерес на CES, па не е изненадување што доби и специјална награда.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМОН: Се поставуваат фотоволтаици и се подобруваат условите во повеќе образовни установи во Свети НиколеМинистерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска денес беше во посета на општина Свети Николе, каде заедно со градоначалникот Дејан Владев извршија увид во активностите за подобрување на условите и за поставување на фотоволтаици во повеќе образовни установи. „Драго ми е што локалната самоуправа во континуитет се труди да гради поквалитетно образование на локално ниво, а тоа е идентична цел и на Владата и Министерството за образование и наука на национално ниво. Секако, кога целите се идентични, заложбите се многу поефективни. Инфраструктурата е еден од основните предуслови за да имаме добар воспитно – образовен процес и во оваа прилика ќе се заблагодарам на градоначалникот што покажува голема грижа за најмладите и порачувам така да продолжи и во иднина да работи“, рече Јаневска. Градоначалникот Владев информираше дека се работи за инвестициски циклус од околу 13 милиони денари, средства со кои се поставуваат фотоволтаици во три основни училишта и две градинки, се уредува дворот во дел од нив, а во средното општинско училиште „Кочо Рацин“ се поставува фасада и кров со средства од Владата обезбедени преку повикот за финансирање на капитални проекти на општините.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче: Потребно е укинување на акцизата за горивата и намалување на ДДВ од 18 на 5 проценти Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција предложи конкретни мерки за намалување на цените на горивата, од кои граѓаните ќе видат реален ефект. Филипче посочи дека мерките на Владата се повторно задоцнети и недоволни, без суштински ефект, додека граѓаните веќе подолг период се соочуваат со високи цени и растечки трошоци. „Денешните предлог мерки од премиерот се задоцнети и недоволни, намалување само на ДДВ. Затоа предлагаме Владата да ги слушне граѓаните, да излезе од нивниот свет, замислен свет, да излезе премиерот од неговиот свет на бајките и на елитата, така наречена, да ги слушне проблемите со кои што граѓаните се соочуваат, да излезе од светот негов, да ги имплементира следни мерки: dа се укине акцизата на горивата и ДДВ-то да се намали од 18% на 5%“, рече Филипче. На прес-конференцијата, Филипче, направи споредба што значат мерките на Влада, а што и каков бенефит ќе добијат граѓаните со мерките што ги предлага СДСМ, од што јасно се гледа дека со мерките на СДСМ граѓаните ќе имаат значајно олеснување, реално поголема куповна моќ и помал трошок за гориво. „Ќе направам една споредба, ќе кажам неколку суми на литри споредбено со просечната и минимална плата, односно колку еден човек со просечна или минимална плата може да купи литри гориво, сега со мерките кои ќе ги предлага владата, и така како што ние предлагаме, за да имаат, претстава граѓаните за што станува збор. Доколку се имплементираат мерките на Владата, недоволното намалување на акцизата од 18 на 10%, тогаш, човек со просечна нето плата може да купи 513 литри евродизел или 535 литри Евросупер. Со нашите предлог мерки, ќе може да купи 621 литар евродизел, значи 108 литри повеќе, или 740 литри евросупер, односно 205 литри повеќе.“, рече Филипче. Филипче посочи дека разликата уште појасно се гледа кај граѓаните кои примаат минимална плата, за кои секое намалување на трошоците има директно значење за семејниот буџет. „Човек со минимална плата, наместо со мерките кои што ги предлага Владата да може да купи 276 литри евродизел, да може да купи 334 литри евродизел, значи 58 литри повеќе, и наместо 288 литри евросупер, 398 литри евросупер, односно 110 литри гориво повеќе со мерките на СДСМ.“, рече Филипче. Претседателот на СДСМ нагласи дека ова се мерки што ќе имаат поширок ефект врз економијата, бидејќи пониските цени на горивата можат да влијаат и врз останатите цени, особено во услови кога граѓаните се соочуваат со високи цени на основните производи. „Сметаме дека ова се вистински мерки, кои граѓаните ги заслужуваат, затоа што ова значајно намалување на цените на горивата, со поддршка од страна на државата, може да предизвика и некаков пад на останатите цени. Затоа што цените по маркетите се ужасни. Ние имаме поскапи цени од Германија - на прехранбени продукти, на пијалоци, на се. И никој од оваа криминална арамиска влада за тоа не е заинтересиран, заинтересирани се само за партиските тендери од кои што крадат народни пари.“, рече Филипче. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКузеска: Обвинителство мора да отвори истрага за лотото на мицкоски и трошењето 5,5 милиони евраГраѓаните ја платија сметката, сега треба да знаат до денар каде завршија нивните пари.Во кое својство владата ѝ наложила на државната лотарија да ја организира и финансира прославата за денот на назависноста прашуваат од СДСМ и бараат обвинителството да отвори истрага Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook