Од 1 декември нови правила за отворање боледување, матичен лекар смее да даде 5 наместо 7 дена како досега
1Од 1 декември нови правила за отворање боледување, матичен лекар смее да даде 5 наместо 7 дена како досега
Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
1Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
СветСе појави нова варијанта на коронавирусот и има прекар – „грло како жилет“: Стручњаците веруваат дека овој сој би можел да биде позаразенНова варијанта на коронавирусот, позната како NB.1.8.1, предизвикува специфичен симптом – силна болка во грлото, поради што ја добила прекарот „Грло како жилет“.Стручњаците наведуваат дека, иако варијантата е присутна во неколку земји, вклучително и САД, сè уште нема причина за сериозна загриженост, пренесува „ABC News“. Варијантата NB.1.8.1 потекнува од омикрон и рекомбинантната варијанта XVD.1.5.1. Првпат е откриена во Кина во јануари, а потоа се проширила и во други делови од светот, вклучувајќи ги и САД, каде што станала втора најзастапена варијанта со удел од 37% од случаите до 7 јуни, според податоците на Центарот за контрола и превенција на болести (CDC). Стручњаците веруваат дека оваа варијанта може да биде позаразна поради промените во шилестиот протеин, кој вирусот го користи за да се закачи за човечките клетки. Исто така, варијантата полесно се врзува за ACE2 рецепторите, што може да го олесни нејзиното ширење. Сепак, засега не предизвикува зголемен број на хоспитализации или потешки случаи. Иако болката во грлото станала карактеристичен симптом, стручњаците не се сигурни дали е специфична само за оваа варијанта. Тие велат дека болка во грлото се јавува кај околу 70% од пациентите со корона, без разлика на варијантата. Иако во моментов нема докази дека NB.1.8.1 предизвикува потешка форма на болеста, лицата од високоризични групи и понатаму можат да бидат подложни на посериозни последици. Останатите симптоми што може да се појават вклучуваат кашлица, треска, треперење, отежнато дишење, гушење, течење од носот, губење на вкус или мирис, замор, болки во мускулите, главоболка, мачнина, повраќање или дијареа. Стручњаците препорачуваат лицата со висок ризик да се вакцинираат двапати годишно, според препораките на „CDC“. Дополнително, за намалување на ризикот се препорачува подобрување на вентилацијата во затворен простор (на пример, отворање прозорци), носење маски во одредени ситуации, избегнување на гужви и тестирање на коронавирус доколку се појават симптоми.Тагови: вирус корона коронавирус Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОд 1 декември нови правила за отворање боледување, матичен лекар смее да даде 5 наместо 7 дена како досегаОд вторник, 1 декември, почнува примената на новите правила за отворање и продолжување на боледувањата, со кои се менуваат надлежностите на матичните лекари и постапката за одобрување подолго отсуство од работа... Додека се на боледување, објавуваат слики од плажа или од зимување на планина...Ваквата пракса на злоупотреби што според податоците на Фондот најчесто ги има во државниот сектор надлежните сакаат да ја прекинат, па затоа ги сменија правилата на издавања на боледувања и од вторник, први декември, матичниот нема повеќе од старт да може да потпише една недела дома. Сега матичниот лекар ќе има право првично да даде само пет дена, а за повеќе мора да има преглед и од специјалист за со неговиот извештај и документацијата да може да го продолжи периодот до 15 дена. Од здружението на матични лекари го поддржуваат новиот правилник, но побарале од Фондот да дадат одреден период да се тестира новиот систем како ќе функционира во пракса, бидејќи за одредени боледувања, како што се оние за грижа за дете, може да има технички проблеми. Дали одреден период новиот правилник ќе биде ставен на тест засега не се знае, но покрај построгите критериуми за засилена контрола, новиот правилник предвидува и олеснувања за пациентите. Таков е примерот со олеснувањата за одредени дијагнози за кои нема да биде потребно пациентите да се упатуваат на лабораториски испитувања, туку проценката ќе може да ја направи матичниот лекар. За тешко болните, неподвижните и тешко подвижните пациенти, како и за лицата кои се на болничко лекување, боледувањето ќе може да се утврди и без физичко присуство на осигуреникот. Според информациите на Фондот најбројни злоупотреби се регистрираат во т.н. „униформни“ сектори, како што се полицијата, одбраната и здравството. Во одреден дел како што се јавните болници, статистиката од лани покажува дека секој петти вработен е на боледување, најчесто поради дијагноза - спондоза или болки во грбот. Од ФЗО велат дека измените се резултат на повеќемесечна стручна анализа, со цел да се осовременат критериумите кои не се сменети речиси 15 години. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДеветто партиско собрание на ЛДП, делегатите ја реизбраа Моника Зајкова за претседателЛиберално-демократската партија денеска го одржува деветтото Собрание .Либерално-демократската партија денеска го одржува деветтото Собрание под мотото „Напред, Либералдемократи!“, на кое делегатите ја реизбраа Моника Зајкова претседател на партијата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии и трагедииФилипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии и трагедии, сега Владата ги расчистува правните збрки на СДС и планира старт на изградбата на Клиничка болница Штип.Венко Филипче е последен кој може да зборува за здравството и состојбата во која се наоѓа оваа област. Практично неговите пишувања на социјалните мрежи, сега конкретно за Болницата во Штип, се врв на политичко лицемерие. На Филипче треба да му е јасно дека граѓаните не забораваат дека токму Филипче со години беше министер за здравство и имаше целосна власт и буџет да ја изгради новата клиничка болница во Штип. Филипче наместо да гради модерен клинички центар за целиот источен регион, остави само карабина, раскинати договори, судски спорови. Филипче и здравството одат заедно само кога се во прашање провизии, сомнителни набавки и трагедии како модуларните болници, а не по инвестиции и грижа за пациентите. Владата предводена од Христијан Мицкоски ги расчистува правните и административните лавиринти што тој ги остави и обезбедува средства за конечно довршување на штипската болница. На Филипче му преостанува едно само да прекине со евтини манипулации и слики од проблеми таложени со децении да собира ситни политички поени, се наведува во партиската реакција .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter