ВМРО-ДПМНЕ: Преку општините во Македонија се реализираат 1.200 проекти кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните
1ВМРО-ДПМНЕ: Преку општините во Македонија се реализираат 1.200 проекти кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓаните
ЗабаваСе појави бизарниот договор на Меган Маркл со претходниот сопругМеган Маркл склучила предбрачен договор и уште еден договор со претходниот сопруг, Тревор Енгелсон , во случај на бременост да и плати личен тренер за што побргу да се врати во форма.Меган Маркл со својот поранешен сопруг не склучила само предбрачен договор, што е вообичаена процедура во светот на славните , туку и дополнителен договор во случај на бременост. Со тоа сакала да се осигура дека нејзниното неродено дете ќе ги ужива сите луксузи. Близок пријател на војвотката од Сасекс на британските медиуми им открил делови од тој договор. Нејзин приротет бил да се врати што побргу во форма по бременоста и да оди на работа. Затоа од Тревор побарала да потпише дека ќе и плаќа личен тренер за што побргу да си ја врати ,,холивудската фигура”. Во договорот имало и обврска за вработување дадилка за нероденото бебе. Ови детали се појавија во медиумите само по десетина дена откако Меган и принцот Хари објавија дека чекаат дете. Поранешната актерка Меган Маркл со екс сопругот , продуцентот Енгелсон биле во брак од 2011 , а неколку години подоцна го потпишале овој договор. Барала личен тренер и нутриционист за време и по бременоста . Разговарале и за дадилка , но сепак и било најбитно здравјето и дебелината. Станувало збор за формален документ , во чија изработка не биле вклучени адвокати , туку потпис од Меган и Тревор, раскажува блискиот пријател на војвотката. Тие биле во врска од 2004 , се венчеле во 2011 , а се развеле во 2014 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Преку општините во Македонија се реализираат 1.200 проекти кои го подобруваат квалитетот на живот на граѓанитеМакедонија денес е едно големо градилиште. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира сериозен инвестициски циклус во општините, со кој се надминуваат деценискиот недостаток на инвестиции и запоставеноста на локалната инфраструктура. Низ општините во целата држава во моментот се реализираат околу 1.200 инфраструктурни проекти со поддршка од Владата. Тоа се конкретни проекти кои директно го подобруваат квалитетот на живот за граѓаните со нови и реконструирани патишта, водоводи и канализации, подобра животна средина, модерни училишта, спортски терени, културни објекти и подобри јавни услуги. Преку два јавни повици, Владата на општините им стави на располагање средства од унгарскиот кредит, кои денес се преточуваат во конкретни капитални инвестиции со кои се развива локалната инфраструктура, но истовремено се поттикнува и домашната економија. Само преку ресорот транспорт и врски се реализираат 814 проекти во вкупна вредност од над 11 милијарди денари. Од нив, 382 се целосно реализирани, додека 432 се во напредна фаза на реализација. Во областа на животната средина се реализираат 183 проекти, во вредност од над три милијарди денари. Од нив, 45 се целосно завршени, а 138 се во фаза на реализација. Додека за ресорот образование одобрени се 55 проекти, со кои се инвестира во нови училишта, реконструкција на постојните објекти, училишни спортски сали и спортски терени. Седум проекти се целосно завршени, а на 48 интензивно се работи. 36 проекти во вредност од близу 770 милиони денари се одобрени за македонскиот спорт, од кои 10 проекти се целосно завршени, а 26 се во реализација, а Владата одобри и 18 проекти во културата вредни над 822 милиони денари, додека за социјалната политика се реализираат 10 проекти во вредност од над 771 милион денари. Вкупно 80 општини добија финансиска поддршка од Владата за развој и капитални инвестиции насочени кон патната инфраструктура, детските градинки, спортските терени и комуналната инфраструктура. Поддршката е видлива во секој дел од државата. За општините Гази Баба и Прилеп, вкупната поддршка од двата јавни повици за капитални проекти достигна 12 милиони евра, за Велес се обезбедени 9 милиони евра, додека за Неготино обезбедени се над четири милиони евра за 12 проекти, во Дебар се финансираат 26 проекти, во Битола 81, во Струмица 13, во Крива Паланка пет проекти. Тоа што е важно да се напомне е дека зад инвестициите во образованието стојат подобри услови за учениците, зад инвестициите во спортот стојат подобри услови за младите и спортските клубови. Зад проектите во животната средина стојат решени децениски комунални проблеми, додека зад инвестициите во инфраструктурата стојат подобри патишта. Инвестициите во културата значат зачувување на македонското културно наследство, додека проектите во социјалната политика значат подобри услови за граѓаните кои зависат од јавните услуги. Ова е разликата меѓу празни ветувања и работа. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ инвестира во цела Македонија, затоа што развојот и подобрите услови за живот треба да стигнат до сите граѓани без разлика на нивното место на живеење. ВМРО-ДПМНЕТагови: ВМРО-ДПМНЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: На кој Мицкоски да му веруваме — на оној од април или на оној од август?По серијалот на контрадиктрони изјави на премиерот, Либерално-демократската партија (ЛДП) прашува: на кој Христијан Мицкоски треба да му веруваат граѓаните?Дали на оној Премиер кој во април јавно призна дека на неговиот сопствен вицепремиер Арбен Фетаи повеќе не му се работи во Владата и не му се живее во Македонија, па му овозможи на државна сметка и плата да замине за Брисел како „специјален претставник“? Или пак, треба да му веруваме на истиот тој Премиер кој сега, во август, изјавува дека бил „најсреќен“ кога на македонските граѓани им се затегнуваат условите за американски визи, за демек така да се спречело нивното иселување? Не може да биде точно и едното и другото. Дали Мицкоски беше искрен во ТВ интервјуто во април кога со разбирање говореше за неодговорните функционери што бегаат од земјата, или е искрен во август кога им се радува на административните иселенички рампи за обичните граѓани? Или не бил искрен ниту тогаш, ниту сега? Или, пак, има толку лоши советници за односи со јавноста што го доведуваат во ситуација пред граѓаните да изгледа како тотален хипокрит? Да излезете со вака длабоко спротивставени ставови во рок од само неколку месеци е сериозно загрижувачки за некој што ја води државата. Државната политика за спречување на иселувањето не се води со радост за туѓите визни ограничувања, туку со создавање услови дома. Младите и семејствата не остануваат затоа што некој им ја затворил вратата надвор, туку кога овде ќе добијат подобри плати, квалитетни јавни услуги, подобро здравство и образование, и пред сѐ — институции на кои можат да им веруваат. И да, кога ќе видат дека законите важат за државните функционери - сите закони, и за работни односи, и за платите, и Кривичниот Законик. Без исклучок! За функционерите на Владата очигледно секогаш има обезбедено државен билет и народно платена позиција во Брисел, додека за граѓаните и младите, премиерот Мицкоски нуди само желби и радости за затворени граници. Оваа хипокризија мора да престане — Владата треба да почне да работи на подобрување на животот во Македонија, наместо да ја прикрива сопствената неспособност зад визните политики на други држави и зад неказнивоста. Либерално-демократска партијаТагови: ЛДП Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПотврдени 919 загинати во поплавите во Непал, 4.793 се исчезнатиНајмалку 919 луѓе загинаа, а 4.793 се водат како исчезнати по катастрофалните поплави што ги погодија Непал и Тибет, откако огромен одрон на карпи и дел од глечер предизвика ненадејни поплавни бранови во хималајскиот регион.Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани, а десетици луѓе се стравува дека се заробени во тунели на хидроцентрали. Непалските власти ги засилија операциите за пребарување и спасување во погодените области. Во акцијата учествуваат и странски спасувачки тимови, кои им помагаат на локалните екипи во потрагата по луѓе заробени во тунели на хидроцентрали. Според официјалните информации, најмалку 90 лица останале заробени во повеќе тунели.Тагови: Непал Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротест на транспортерите пред седиштето на ЕУ во Скопје08:56Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44