Се подготвува најголемниот трансфер, паѓа рекордот на Нејмар - Канал 5

Се подготвува најголемниот трансфер, паѓа рекордот на Нејмар

Јануарскиот преоден рок уште не е започнат, а ние веќе се гледа вистинска фудбалска сапуница.

Се подготвува најголемниот трансфер, паѓа рекордот на Нејмар

Со недели читаме дека Реал се обидува да го донесе Кајлијан Мбапе на секој можен начин.

Мадридскиот клуб не крие дека најдобриот млад играч на светот е нивна главна цел, а Зидан јавно зборуваше и за доаѓањето на Мбапе на Бернабеу пред два дена, додека спортскиот директор на ПСЖ , Леонардо им порача на „Кралевите“ дека се вознемирувачки и иритирани во обидите да ги намамат нивните играчи.

Сепак, се чини дека работата сè уште може да се случи ова лето. Иако младиот фудбалер има договор со ПСЖ до јуни 2022 година, Ле Паризиен пишува дека Реал за него подготвил вртоглави 300 милиони евра. Доколку другите клубови се вклучат во играта, кои би сакале да го донесат францускиот напаѓач, тогаш износот на надоместокот би можел да достигне и до нереални 400 милиони евра, што е за 178 милиони повеќе од рекордот кој го држи трансферот на Нејмар од Барса во ПСЖ.

Сепак, во Паркот на принцовите нема да се откажат од Мбапе. ПСЖ му понуди договор како на Нејмар, а Goal.com пишува дека станува збор за плата од 700.000 евра неделно, односно нешто помалку од 37 милиони годишно.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Петрушевски: На ВМРО-ДПМНЕ му одговара филмот кој Филипче го продава секој ден затоа што тоа е филм кој носи порази на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара филмот кој Филипче го продава секој ден затоа што тоа е филм кој носи порази на СДС, нам ни останува да се грижиме за граѓаните и државата.

Петрушевски: На ВМРО-ДПМНЕ му одговара филмот кој Филипче го продава секој ден затоа што тоа е филм кој носи порази на СДС

Контрашот Венко Филипче полека, но сигурно се губи на политичката сцена. Секојдневно исти приказни, лажна загриженост, ширење паника во јавноста и секако не поминува ден без лаги.

Филипче треба да разбере дека овој негов филм не поминува кај граѓаните.

А зошто не поминува? Затоа што фактите постојано го демантираат. Фактите укажуваат на сосема поинаква слика од онаа која ја има во неговиот филм. На кратко, во најголемата енергетска криза дизелот има најниска цена во Македонија. Пензиите растат. Платите во сите сектори од образование, здравство, МВР се покачуваат редовно според планот.

Талогот од СДС знае само за марихуана економија, а истата им носи добивка само на неколкумина или на контрашот Филипче, неговиот учител Заев кој продаде се што можеше да се продаде од државата.

И да нема дилема кај Филипче, тој може да продолжи со неговиот филм. На ВМРО-ДПМНЕ тој филм му одговара затоа што овој филм на Филипче го носи СДС кон порази. И да е јасно, секако, тоа не е добро за државата, затоа што е потребна здраво поставена опозиција. Но, работата на ВМРО-ДПМНЕ е да се грижи за граѓаните и државата и да повика да се консолидира опозицијата.

Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ

YouTube video

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Овации за Лука Модриќ во Севиља

Момент за паметење во Севиља, стоечки овации за легендата на светскиот фудбал, Хрватот, Лука Модриќ која синоќа на дербито Шпанија- Хрватска влезе во игра дури во 81-вата минута.

Видео: Овации за Лука Модриќ во Севиља

Шпанската фудбалска публика дефинитовно добро го памети и почитува поранешниот ас на Реал Мадрид.

Капитенот на Хрватска доби громогласни овации од шпанската публика, иако играше за противничкиот тим.

Лука Модриќ го започна натпреварот против Шпанија од клупата за резерви, но неговото влегување во завршницата на мечот донесе еден од највпечатливите моменти на вечерта во Севиља.

Славен Билиќ одлучи да го внесе капитенот во игра дури во 81-вата минута, на местото на Петар Сучиќ, а публиката го поздрави со громогласни овации.

Речиси сите на трибините станаа за да го поздрават со аплауз хрватскиот играч за врска, кој најдобрите години од својата кариера ги помина во Шпанија, играјќи за Реал Мадрид. Иако сега беше на спротивната страна, домашните навивачи му покажаа голема почит.

Отсуството на Модриќ од почетниот состав беше едно од изненадувањата што Билиќ ги подготви за натпреварот против актуелните европски и светски шампиони. Хрватска губеше со 3–1 кога тој влезе во игра, а натпреварот заврши со победа на Шпанија од 4–1.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ајкула залута во јужнокорејско пристаниште, 600.000 луѓе дојдоа да ја видат (ВИДЕО)

Ајкула што залутала во пристаништето на Бусан, голем пристанишен град во југоисточна Јужна Кореја, стана вистинска атракција. Градските власти проценуваат дека околу 600.000 луѓе дошле да ја видат во текот на изминатите две недели.

 Ајкула залута во јужнокорејско пристаниште, 600.000 луѓе дојдоа да ја видат (ВИДЕО)

Ајкулата, долга приближно 3,5 метри, првпат била забележана на 18 септември во тесен воден канал во рамките на Северното пристаниште на Бусан. Властите вчера се обиделе да спроведат акција за спасување откако ајкулата не успеала сама да го најде патот назад кон отвореното море, но обидот бил неуспешен.

Крајбрежната стража и други служби ангажирале пловни објекти за да прскаат вода зад ајкулата во обид да ја насочат кон океанот, но животното пливало подалеку од водените млазови.

Ајкулата дури добила и прекар

Како што пренесе весникот „Чосун дејли“, властите сега планираат задутре да употребат рибарска мрежа за да се обидат да ја изведат ајкулата од каналот. Во меѓувреме, ајкулата стана вистинска ѕвезда во Јужна Кореја и го доби прекарот „Буканги“.

За време на четиридневниот празник Чусок минатиот викенд, околу 480.000 луѓе го посетиле крајбрежниот парк каде што се појавила ајкулата. Според соопштението од градот Бусан и медиумските извештаи, паркот вообичаено привлекува околу 2.000 посетители дневно за време на викендите.

Вчера, Бусан исто така ја прогласи ајкулата за почесен амбасадор за односи со јавноста на градот. И други приказни поврзани со животни претходно привлекле големо внимание во Јужна Кореја.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер