Лефков: Вистинскиот виновник не седи до нас, а тоа е Филипче, вака рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
1Лефков: Вистинскиот виновник не седи до нас, а тоа е Филипче, вака рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болница
ЗабаваСе ожени внукот на Грејс Кели од Монако – Невестата се расплака (ФОТО)Веднаш по венчавката на внуката Шарлота Казираги , вчера се ожени и внукот на холивудската ѕвезда и принцеза од Монако , Грејс Кели , младиот Луис Дакрије.Синот на принцезата Стефани од Монако и нејзиниот поранешен возач и телохранител Данијел Дакрије се ожени со Мери Шевалије , со која е во врска веќе осум години. Тие се верија минатата година , а во петокот склопија граѓански брак. Вчера , пак , се одржа црковната свадба , како и забавата за одбраните гости. View this post on Instagram Jour de noce sur le Rocher, Louis Ducruet et Marie Chevallier se sont mariés religieusement ce 27 juillet à la cathédrale. Félicitations aux jeunes époux ! 📷 Palais princier #weddingday #louisducruet #monacoments A post shared by Monaco Matin (@monacomatin) on Jul 27, 2019 at 11:46am PDT На венчавката се коментираше фустанот на невестата , за кого требало 300 часа рачно да се изработи. Мери пред доаѓањето во црквата , се расплака пред присутните гости и жителите на Кнежевството. View this post on Instagram #Repost @royalty.report • • • • • • Estefania de Mónaco y Daniel Ducruet 1995. Louis Ducruet y Marie Chevallier 2019. #royalty #royal #royals #royaltyreport #royalfamily #realeza #instaroyals #royalnews #princessstephanie #monaco #danielducruet #louisducruet #mariechevallier #wedding A post shared by Grimaldi & Casiraghi (@grimaldicasiraghi) on Jul 27, 2019 at 3:44pm PDT Освен невестата, секако внимание привлече младоженецот , кој според фотографиите , сосема наликува на неговиот татко на свадбата со принцезата Стефани во 1995 година. View this post on Instagram #RoyalWedding Congratulations Mr. and Mrs. Ducruet😍🎉 Louis Ducruet and Marie Chavallier married in a religious ceremony at Monaco Cathdral 27th July 2019 . They married in a religious ceremony at the church where the grandparents of Louis have married. Louis is the first child and only son of Princess Stéphanie and her granparents are Their Serena Highnesses Prince Rainer III and Princess Grace (née Grace Kelly) #monacoroyal #monacoroyalfamily #louisducruet #mariechavallier A post shared by 🥀👑Royal Familys👑🥀 (@rroyalfamilyy) on Jul 28, 2019 at 2:26am PDT Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтрански државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаЛефков: Вистинскиот виновник не седи до нас, а тоа е Филипче, вака рекоа обвинетите за пожарот во модуларната болницаПо 5 години и голем број на докази, Абази го заштити Филипче со чување на предметот и доказите во фиоките на обвинителките Вилма Русковска и Елизабета Јосифовска од СЈО.Еве зошто Филипче, кој треба да одговара за модуларните болници, Абази директно го заштити. Имено, Артан Етеми, поранешниот економски директор на тетовската болница, кој беше осуден на една и пол година затвор за случајот со модуларната болница, до последен момент одбивал да ја прими и да ја пушти во употреба модуларната болница. Да потсетиме, болниците кои биле набавени и поставени како стоки, кои во ниту еден случај не можат да бидат користени како објекти за здравствена дејност, биле направени според техничка спецификација на лице поставено од Венко Филипче. Зошто повторно го споменуваме ова? Затоа што повеќето директори на болници низ целата Македонија се противеле на поставување на модуларни болници, бидејќи немало приклучоци, немало надзор, немале средства за да платат приклучоци, да ангажираат фирми итн. Во овој дел, Светска банка барала да види одобренија за поставување и употреба на модуларните болници и извод од Катастар, со цел за да се покаже одржливост на проектот. Но, одобрение не можела да издаде ниту општината, ниту Министерството за транспорт и врски, бидејќи не е запазена процедурата и одредбите од Законот за градење. Катастарот одбивал да врши упис на истите, бидејќи се набавени како стоки и нема извештај од надзор, согласно член 74 од Законот за градење, за да се запишат, а Катастарот врши упис само на недвижности. Економскиот директор на тетовската болница, каде што се случи пожарот, до последен момент се противел на поставување на модуларните болници, бидејќи не се опремени за да се издава здравствена и медицинска нега ниту пак биле во рамките на законските прописи. Сепак, со одлука на Министерството за здравство и тогашниот министер Венко Филипче, модуларните болници се пуштаат во употреба. Клучен факт е дека во моментот на критичниот настан, модуларната болница во Тетово нема одобрение ниту за поставување, ниту за употреба од Министерството за здравство. Болницата изгорела за неполни две минути, за што има и снимки, листа на документи и докази кои Јавното обвинителство ги криеше. Бараме одговори од Абази, зошто ОЈО ГОКК го заштити Филипче? Зошто обвинетите, поранешни директори на тетовската болница рекоа дека вистинскиот виновник треба да седи до нив на обвинителната клупа, а тоа е Венко Филипче? Миле Лефков, член на ИК и пратеник на ВМРО-ДПМНЕТагови: Миле Лефков Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФилипче на средба со лозарите: СДСМ ќе поднесе Закон – 5 денари повеќе за секој килограм грозјеИзјава за медиуми на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче.Денеска сме во посета на тиквешкиот регион, имаме средби со земјоделците, со лозарите кои што сега се наоѓаат среде процес на берба на грозјето и грозјето го спремаат да го продадат. За жал, како и минатата година, истите проблеми, истиот суров и нечовечен однос од страна на премиерот Христијан Мицкоски и целата влада, од министерот за земјоделство кон лозарите, поради тоа што нудат понижувачки откупни цени на грозјето. Трошоците за производство се многукратно зголемени. Колкава е само цената на горивото. Понатаму трошоците се зголемени и за работната рака 2.000 денари им бараат луѓето коишто го берат грозјето. Зголемена е цената на водата и секако енормно зголемена е цената и на ѓубривата со кои што се ѓубри земјиштето. Затоа бараме итно да се зголемат откупните цени и во таа насока ќе дадеме предлог Закон во Собранието со кој закон откупната цена на сите сорти на винско и трпезно грозје ќе се зголеми за 5 денари по килограм. Понатаму да се укине попустот од 8% кој што винарите го нудат како предуслов да ја платат веднаш целата количина на грозје која што ќе ја откупат. Трето да се донесе интервентна мерка затоа што има најави дека не целото црно грозје ќе биде откупено целото. Црното грозје коешто ќе им остане на лозарите да биде откупено од страна на државата. И ова е најмалку што заслужуваат нашите лозари ова е најмалку што заслужуваат овие луѓе кои што од сабајле до вечер на ова јако сонце работат да ги прехранат своите семејства луѓето кои што ги извадиле последните заштедени пари во текот на минатата година да купат ѓубриво, да ги платат работниците, да платат гориво, да платат вода, со цел оваа година да има соодветен род. Ова е најмалку што оваа ненародна предавничка власт на Христијан Мицкоски може да направи за овие луѓе. Тагови: Венко Филипче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНормализиран сообраќајот на Граничниот премин ТабановцеМинистерството за внатрешни работи информира дека сообраќајот на Граничниот премин Табановце се одвива нормално и без поголеми задржувања.Во изминатиот период беа регистрирани зголемени задржувања поради постапувањето со возилата со странски регистарски ознаки кај кои системот „Безбеден град“ има евидентирано сообраќајни прекршоци. Дополнително, ставена е во функција мобилната апликација „Безбеден град“, која во оваа фаза е наменета за странски државјани. Преку апликацијата тие можат да добијат информации за евидентираните прекршоци и издадените платни налози, како и да ги подмират глобите по електронски пат. Со воведувањето на апликацијата се олеснува и забрзува постапката за регулирање на сообраќајните прекршоци, што придонесе за нормализирање на сообраќајот и намалување на задржувањата на Граничниот премин Табановце. Министерството за внатрешни работи продолжува со преземање на сите потребни мерки за обезбедување непречен проток на возила и патници преку граничните премини.Тагови: Табановце Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтрански државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05