Се ожени српскиот принц Душан Караѓорѓевиќ (ВИДЕО) - Канал 5

Се ожени српскиот принц Душан Караѓорѓевиќ (ВИДЕО)

Денеска се венча принцот Душан Караѓорѓевиќ со неговата долгогодишна девојка Валерија Демузио.

Се ожени српскиот принц Душан Караѓорѓевиќ (ВИДЕО)

Црковната венчавка се одржа во Опленац , во црквата Свети Ѓорѓе. Принциот Душан и принцезата Валерија се во врска четири години , а во 2018 имаа венчавка пред матичар во Њујорк , каде што живеат.

Заедно решиле да направат и црковна венчавка во Србија и тоа во црквата во која се женеле неговите предци во Опленац.

YouTube video

Кум на свадбата беше најдобиот пријател на српскиот принц Александер Сануи.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Факултетите на УКИМ и Ректоратот добија струја, но со рок за плаќање до крајот на неделата

Министерката за образование Весна Јаневска не била запознаена со тоа дека четири факултети и ректоратот на УКИМ вечера останале без електрична енергија поради неподмирени сметки. 

Факултетите на УКИМ и Ректоратот добија струја, но со рок за плаќање до крајот на неделата

При посетата на Филозофски контатираше дека на УКИМ денеска струја има, но не негираше дека неколку високообразовни установи имале долгови за електрична енергија, но тврди дека тие редовно се сервисирале. Долговите кон ЕВН ќе се пополнуваат преку ребалансот на буџетот.

Во текот на вчерашниот ден поради неплатени сметки во повеќечасовен мрак останаа Машинскиот, Електротехничкиот, Природно-математичкиот и Земјоделскиот факултет, како и зградата на Ректоратот.

Електричната енергија денеска е повторно пуштена, а дел од факлутетите тврдат дека сами си ги подмириле сметките. Јаневска пак уверува дека високообразовните установи немаат причина да стравуваат од нови исклучувања на електричната енергија.

Исклучувањето на струјата во дел од универзитетските објекти наиде на остри реакции кај дел од партиите. Од либерално демократската младина посочуваат дека е срамно во ера на дигитализација, македонските универзитети да се соочуваат со прекин на електричната енергија и да се доведува во прашање одржувањето на настава. Бараат итна одговорност за натрупаниот долг кон ЕВН.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

19 ноември во Тетово без општинската власт: Зошто локалната самоуправа го игнорира Денот на ослободувањето?

Зошто Општина Тетово не покажува почит за Денот на ослободување на градот ниту со присуство, ниту со финансиска поддршка за свеченоста која ја организира секоја година Сојузот на борци? 

19 ноември во Тетово без општинската власт: Зошто локалната самоуправа го игнорира Денот на ослободувањето?

19 Ноември и оваа година се одбележа во Домот на културата без градоначалникот Биљал Касами на гостинските столчиња, а не дојде ниту некој друг претставник на локалната власт во име на општината.

Канал 5 се обиде да стапи во контакт со тетовскиот градоначалник, но тој не одговори на повиците и пораките. Претставникот на Сојузот на борци, Даријан Сотировски, вели дека иако за Ден на градот е прогласен трети март, 19 ноември е голем ден што заслужува да се истакне и македонското знаме. Сепак оценува дека сојузот, како и за другите градски и државни празници, успева на едно место да ги собере луѓето од различни сфери на општеството.

„ После години години откако општината го напушти одбележувањето на овој значаен ден 19 ноември, го обновивме, и секоја година е се попрепознаен од народот и навистина се радуваме што имаме споделено задоволство од сите затоа што обновивме и воспоставивме традиција којашто навистина заслужува внимание и дава една додадена вредност на живеењето во градот.

Зошто градот Тетово крена раце од ова?

- Затоа што го слави антифашизмот, а очигледно не она против кое антифашизмот е насочен. “-Даријан Сотировски – член на претседателството на Сојуз на борци.

Тетово е последниот македонски град ослободен од окупацијата во Втората светска војна во 1944, од фашистите меѓу кои и балистичките вооружени формации.

Во минатото 19 ноември беше датум кој тетовци го одбележуваа со бројни свечености, но во 2003 година општинскиот совет донесе одлука за менување на градскиот празник во 3 март како официјален датум – денот кога е конституиран првиот повеќепартиски совет на Општина Тетово.

На тој начин замре одбележувањето на денот на ослободување на градот, се до 2019 година кога повторно почнаа да се одржуваат свечености, без општинска поддршка. Денеска пред споменикот на паднатите борци почит оддаваа граѓаните, а свежо цвеќе положи и делегација на ВМРО-ДПМНЕ Тетово.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дисциплинска комисија ќе одлучува дали сестрата што пресече прст на бебе пак ќе работи со новороденчиња

Дали медицинската сестра што пред неколку дена му пресече дел од палецот на новороденче наместо фластерот за инфузија пак ќе работи со бебиња на ГАК ќе одлучи дисциплинска комисија составена од доктор, адвокат и синдикален претставник формирана при

Дисциплинска комисија ќе одлучува дали сестрата што пресече прст на бебе пак ќе работи со новороденчиња

Оваа комисија има рок од 60 дена да даде заклучок, потврдуваат од ГАК, а додека трае постапката, сестрата која има искуство од 20 години е суспендирана од досегашната позиција и е префрлена во млечната кујна. Таткото на бебето, Аднан Азизи за Канал 5 вели дека добил уверување дека утре ќе му биде доставена целата медицинска документација и со неа случајот и официјално ќе го пријави во МВР, а потоа ја ќе поднесе тужбата до ГАК, со цел тоа што ѝ се случило на неговата ќеркичка Лејла да не се случи на друго бебе.

-Утре ќе ги земеме. Професорот ми кажа да дојдеме во петок, утре ќе одам да ги земам сите документи, после ќе ги однесеме во МВР и потоа со адвокатот. Јас не ја знам сестрата (што му го пресекла прстот на детето), јас Клиниката ќе ја тужам, па како ќе каже судот понатаму, така ќе правиме. Јас и да ја познавам сестрата, работа со персоналот немам, имам со Гинекологија, затоа Клиниката ќе ја тужиме,- - Аднан Азизи – родител.

Поради потврдата од страна на Клиниката за Гинекологија дека повредата се случила во болница што случајот го дефинира како „несакан настан“ здравствените власти сметаат дека со формирањето на дисциплинската комисија случајот ќе биде затворен и нема да има оформување на дополнително стручно тело, бидејќи е потврдено дека станува збор за грешка.

Од вчера бебето е дома, на домашно лекување со антибиотици, а според појаснувањата тоа има пократок палец, бидејќи при операцијата била ампутирана дисталната фаланга на прстето, односно последниот коскен дел од палецот, за да може раната хируршки да се обработи и затвори. Родителите добиле насоки дека дури кога девојчето ќе наполни 15 или 16 години ќе може да се направи реконструктивна операција на пластична хирургија, со цел да се добие нормален изглед на палецот.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер