Се отворија американските берзи и веднаш паднаа- Белата куќа смирува: Верувајте му на Трамп - Канал 5

Се отворија американските берзи и веднаш паднаа- Белата куќа смирува: Верувајте му на Трамп

Портпаролката на Белата куќа Каролина Левит се обиде да ги смири инвеститорите загрижени поради најавата на Трамп за нови царини во интервју за Си-Ен-Ен.

Се отворија американските берзи и веднаш паднаа- Белата куќа смирува: Верувајте му на Трамп

„Сите на Волстрит треба да му веруваат на претседателот Трамп ова утро“, рече Левит, додавајќи: „Ова е претседател кој ја удвојува својата докажана економска формула од неговиот прв мандат“.

Таа ги нарече тарифите „политика на здрав разум“ и додаде дека другите земји имале „70 години да ги поправат нефер трговските практики“, но наместо тоа „ги ограбиле американските работници“.

Запрашан дали има шанси Трамп да ги отфрли царините пред тие да стапат на сила овој викенд, Левит рече: „Претседателот вчера јасно стави до знаење дека ова не се преговори, ова е национална вонредна состојба“.

Таа додаде дека претседателот останува цврст дури и ако се покаже дека царините прекршуваат член од договорот за НАТО: „Претседателот е решителен во својот пристап“.

Левит исто така ги повика Американците да купуваат домашни производи и најави дека Белата куќа работи на мерки кои ќе го ублажат влијанието на царините врз граѓаните: „Ние работиме на ова секој ден. Американците и критичарите треба да ја разгледаат целокупната економска стратегија на оваа администрација.

Претходни, берзата се отвори на Волстрит, а сите главни американски берзански индекси се отворија нагло пониско, јавува Би-Би-Си. Во првите минути од тргувањето, Dow Jones падна за 2,8%, S&P 500 за 3,3%, додека технолошкиот Nasdaq забележа пад од дури 4,4%.

Фјучерс индексите веќе најавија негативен почеток на денешното тргување – пад од 2 до 3 отсто – што сега се оствари.

Американските акции минуваат низ турбулентен период по изборната победа на Трамп. Првично, тие силно се зголемија поради очекувањата дека неговите планирани даночни намалувања ќе го стимулираат економскиот раст. Но, во последниве недели, серија најави за нови царини ги поттикнаа стравувањата од инфлација и забавување на економијата, бришејќи ги сите претходни добивки.

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.

Состојба на патиштата

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Мостот на река Вардар на регионалниот пат Р1312, кај Башино село е затворен за секаков вид на сообраќај.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица од 17.04.2025 г. е пуштен за сообраќај за возила до 3.5 тона.

Во Кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, Палевски ќе одговора на прашања

Во Кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, Палевски ќе одговора на прашања од Обвинителството.

Во Кривичен продолжува судењето за убиството на Вања и Панче, Палевски ќе одговора на прашања

Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува денеска во 10 часот во Основен Кривичен суд Скопје со сведочење на обвинетиот Љупчо Палевски на вкрстени прашања од Обвинителството и одбраната на останатите обвинети.

Во својот исказ Палевски на изминатото рочиште повторно ги оспори обвинувањата против него, тврдејќи дека доказите на обвинителството се нецелосни и манипулативни.

Палевски негираше вина дека учествувал во грабнувањето и убиството на Вања и Панче. Тој тврди дека на денот на убиството на Вања бил во банка да плаќа сметки, по што отишол на пазар на купи грејач за котел, па се вратил во седиштето на политичката партија „Десна“ каде имал состаноци со членови од партијата. Палевски, исто така, тврди дека не го возел „ситроенот“ на Жежовски, ниту дека некогаш бил во неговата куќа.

-Мотив да го направам ова кривично дело немам, не сум ни имал и не сум го сторил ова кривично дело за кои ми прочитавте цитат од обвинение и ме прашувате, изјави Палевски.

Според него, доказите во истрагата против него се фалсификати. Во својата одбрана Палевски посочи и други, според него, недоследности во истрагата, особено во врска со видеоснимките што ги презентираше обвинителството.

Адвокатот Јовица Страшевски, неговиот бранител, исто така во изјава за медиуми истакна дека постојат значителни разлики меѓу изведените докази и изјавите на обвинителството.

-Доказите што ги изведуваше ОЈО и нивните прашања поставени кон обвинетите покажуваат големи разлики во однос на изјавите и презентираните материјали, изјави Страшевски, нагласувајќи дека денешното сведочење на Палевски е клучно за да се утврдат овие неусогласености.

Палевски е последниот сведок кој треба да сведочи, откако претходно, покрај сведоците на Обвинителството, беше сослушан таткото Александар Ѓорчевски, како и останатите обвинети. Обвинетиот Велибор Манев ги образложи грабнувањата и убиствата на Вања и Панче, посочувајќи дека главен организатор бил Љупчо Палевски. Боре Видевски го негираше своето учество во настаните, додека Влатко Кешишев посочи дека тој не сведочел на истите, бидејќи најчесто му била давана задача да чува стража.

Во обвинението стои дека Љупчо Палевски, Боре Видевски, Велибор Манев, Влатко Кешишов и Александар Ѓорчевски, заедно испланирале грабнување на 14-годишната Вања со цел да присилат член на нејзиното потесно семејство да даде пари за откуп. Грабнувањето на оштетениот Панче Жежовски во Велес, пак, според обвинението, било со намера да го присилат да им го даде неговото возило „ситроен“ за да го користат за грабнување на детето во Скопје.

Малолетната Вања и велешанецот Панче беа пријавени за исчезнати на 27 и 24 ноември, а на 3 декември 2023 година беа пронајдени мртви во близина на Скопје и Велес.

РФМ, Пелистер, Вардар со честитки до Алкалоид за европското финале

 Ракометната федерација на Македонија, актуелниот македонски шампион Пелистер, како и двократниот европски шампион Вардар упатија честитки до РК Алкалоид за пласманот во финалето на Европскиот куп.

РФМ, Пелистер, Вардар со честитки до Алкалоид за европското финале

- Ракометната федерација на Македонија упатува честитки до РК Алкалоид за пласманот во финалето на Европскиот Куп.

РК Алкалоид во финалето на Европскоот Куп ќе игра против АЕК Атина.

На РК Алкалоид му посакуваме успех и среќа во финалето, стои во честитка од РФМ.

Градскиот ривал Вардар на својот фејсбук-профил објави:

„Се радуваме на секој успех на македонските екипи на европска сцена, и горди сме што РК Алкалоид“ го имаме за градски ривал. Ви посакуваме многу успех во финалето во Европскиот Куп“.

Големиот успех на Алкалоид го честиташе и актуелниот македонски првак Пелистер.

- Честитки до тимот на @rkalkaloid за пласманот во финалето од EHF Cup! – објави битолскиот прволигаш.

Алкалоид во финалето ќе се соочи со АЕК од Атина.

притисни ентер