Белата куќа: Маск ќе го напушти ДОГЕ кога ќе ја заврши работата, кон крајот на пролетта - Канал 5

Белата куќа: Маск ќе го напушти ДОГЕ кога ќе ја заврши работата, кон крајот на пролетта

 Белата куќа синоќа објави дека Илон Маск ќе ја напушти функцијата во Одделот за владина ефикасност (ДОГЕ) како што е планирано подоцна оваа пролет, кога „неговата неверојатна работа“ ќе биде завршена.

Белата куќа: Маск ќе го напушти ДОГЕ кога ќе ја заврши работата, кон крајот на пролетта

-Илон Маск и американскиот претседател Доналд Трамп јавно кажаа дека Илон ќе ја напушти јавната служба како посебно вработен во американската влада кога ќе заврши неговата неверојатна работа во ДОГЕ, објави на својот „X“ профил портпаролката на Белата куќа, Керолин Левит.

Таа ги критикуваше медиумите, повикувајќи се на написот објавен вчера на Политико, во кој се наведува дека Трамп им рекол на својот поблизок круг и на членовите на неговиот кабинет дека „Маск ќе се повлече од сегашната позиција во администрацијата во наредните недели“.

Се очекуваше Маск да го напушти ДОГЕ по 130 дена како „посебен државен службеник“ во мај оваа година. Маск беше официјално ангажиран како „посебен државен службеник“, позиција основана од американскиот Конгрес во 1962 година која им овозможува на извршната или законодавната власт привремено да вработуваат службеници за конкретни краткорочни владини проекти.

Според Политико, Трамп и Маск неодамна се договориле Маск да се врати на своите приватни работи. ДОГЕ беше основан со цел да се намали трошењето на владините агенции, како и да се распуштат оние чии улоги се покажаа како вишок.

Трамп се закани со оставка на Џером Пауел, шефот на Фед

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ја критикуваше работата на првиот човек на Федералните резерви (Фед), Џером Пауел, нарекувајќи го „вечно задоцнет и во заблуда“ и изјави дека неговата оставка треба да дојде „што е можно побрзо“.

Трамп се закани со оставка на Џером Пауел, шефот на Фед

Трамп ова го напиша денеска на една од социјалните мрежи.

- Предоцна е да се намалат каматните стапки по примерот на ЕЦБ (Европска централна банка) која тоа одамна го направи. Но сепак, Пауел треба да ги намали сега, напиша Трамп, и порача дека тој е созреан за оставка.

Во говор одржан во Економскиот клуб во Чикаго синоќа, Пауел изрази загриженост заради високите царини воведени од Трамп, предупредувајќи дека тоа можат да доведат до забавен економскиот раст и зголемена инфлација. Тој потенцираше дека ценовната стабилност и вработеноста може да бидат загрозени.

Ова не е првпат Трамп да го критикува Пауел. Неговиот мандат како претседател на Фед истекува во мај 2026 година. Оваа институција која се грижи за фискалната стабилност на САД се смета за независна и обично Белата куќа не се меша во нејзината работа.

Гризман, сепак, останува во Атлетико

Иако се шпекулираше дека летово ќе се пресели во американската МЛС лига, 34-годишниот француски крилен напаѓач Антоан Гризман ќе остане во Атлетико Мадрид, објавија денеска шпанските медиуми.

Гризман, сепак, останува во Атлетико

Актуелниот договор на Гризман истекува во јуни следната година, но се шпекулираше дека тој ќе замине во МЛС лигашот Лос Анџелес во летниот преоден рок.

Сепак, според шпанските медиуми, миленикот на тренерот Диего Симеоне треба да го продолжи договорот до јуни 2027 година, што значи дека ќе игра за Атлетико барем уште една сезона.

Францускиот фудбалер се согласил и на намалување на платата, а неговата нето заработка по оданочување изнесува осум милиони евра по сезона.

Гризман дојде во Атлетико во јули 2014 година од Реал Сосиедад во трансфер вреден 30 милиони евра. По пет сезони минати во мадридскиот клуб, во летото 2019 година беше купен од Барселона, која плати отштета од 120 милиони евра. Францускиот напаѓач не ги исполни очекувањата и по две години се врати во Атлетико, прво на позајмица, пред мадридскиот клуб да го откупи неговиот договор во јули 2023 година за 22 милиони евра. /МИА

Во Молдавија закажани парламентарните избори за 28 септември

 Во Молдавија ќе се одржат парламентарни избори на 28 септември, соопшти денеска локалниот парламент, додека гласањето ќе го одреди политичкиот пат на поранешната советска република, која се наоѓа меѓу европските аспирации и руското влијание

Во Молдавија закажани парламентарните избори за 28 септември

„Нашата задача е да ја зачуваме стабилноста и да се приклучиме на Европската унија во следните четири години“, рече проевропската претседателка на Молдавија Маја Санду, која ги прекина односите со Русија по војната во соседна Украина и ги отвори пристапните преговори со Брисел.

Таа зборуваше пред 101-члениот парламент во кој моментално доминира нејзината централно-десничарска партија Акција и солидарност, по убедливата победа на претходните парламентарни избори во јули 2021 година.

„Болно е да се признае, но ние сè уште имаме кревка држава“, рече Санду, предупредувајќи на можно враќање на „корумпираниот систем“ од минатото.

Молдавските власти соопштија дека имало купување гласови на претходните избори. Тогаш полицијата покрена истрага против повеќе од 140.000 граѓани на оваа сиромашна земја со околу 2,5 милиони жители./МИА

притисни ентер