Се отвораат сите гранични премини, но мерките остануваат исти - Канал 5

Се отвораат сите гранични премини, но мерките остануваат исти

Владата на денешната седница донесе одлука да ги отвори сите гранични премини во земјата, но на сила и натаму остануваат мерките како приложување валиден негативен ПЦР тест при влез во земјава и задолжителна самоизолација од 14 дена. 

Се отвораат сите гранични премини, но мерките остануваат исти

Новина е што странците, наместо како досега да можат да транизитираат низ земјава само преку граничните премини Табановце и Богородица, тоа во рок од 5 часа да можат да го направат и преку другите премини.

-На оваа седница Владата донесе одлука од утре, 17 јуни, да се отворат сите гранични премини во земјата со примена на мерките што се активни, при што за влез во Македонија е задолжително да се приложи валиден негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. Останува и мерката за потпишување „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена", врз основа на која Државниот санитарен и здравствен инспекторат изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, која ја контролира МВР, соопшти владината прес-служба.

од Владата појаснуваат дека останува во сила и мерката за државен карантин во траење од 14 дена, за сите граѓани или странци со регулиран престој во земјава, коишто при влез на територија на Република Северна Македонија нема да приложат валиден ПЦР тест или ќе приложат невалиден ПЦР тест.

-Останува и можноста граѓаните кои се во државен карантин и што сакаат да им се направи ПЦР тест на нивно барање, тоа да им се овозможи од страна на овластена институција во најкраток рок. Оние граѓани на кои направениот ПЦР тест е негативен, потпишуваат „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена" каде се пресметани и деновите поминати во државен карантин, и го напуштат државниот карантин и заминуваат во задолжителна самоизолација на адресата определена во дадената изјава. Доколку граѓаните не сакат да им се направи ПЦР тест, остануваат во карантин 14 дена, а по тој рок од страна на овластени претставници од ДСЗИ им се изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, се вели во соопштението од Владата.

На денешната седница Владата го дополнила Протоколот за непречен транзит на странски државјани низ територијата на Македонија.

-Од утре протоколот овозможува влез на сите гранични премини на државјани на други држави за транзитирање низ територијата на Македонија. Останува одредбата во протоколот која пропишува дека транзитот на овие лица подразбира влез на еден граничен премин и излез на друг со обврска при транзитот да не се излегува од соодветниот автопат или локален пат и тој да се реализира во рамките на најмногу 5 часа што се потврдува со изјава која странските државјани треба да ја пополнат на влез, а на излез треба корисникот да ја предаде на граничната полиција со цел да се контролира времетраењето на транзитот, информираат од Владата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Митева од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки

Темата посветена на зајакнувањето на силата на жените беше многу прецизно избрана, затоа што денес кога зборуваме за иднината на Европа, мора да зборуваме и за тоа како целосно ќе го искористиме потенцијалот на жените. 

Митева од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки

Претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева по учеството на тридневната есенска Академија на организацијата на жени на Европската народна партија во Атина, на тема „Да ја искористиме силата на жените“, во интервју истакна дека зајакнувањето на улогата на жените и нивното активно учество на пазарот на трудот се од суштинско значење за иднината на Европа.

„Темата посветена на зајакнувањето на силата на жените беше многу прецизно избрана, затоа што денес кога зборуваме за иднината на Европа, мора да зборуваме и за тоа како целосно ќе го искористиме потенцијалот на жените. Еден од главните фокуси на Академијата беше конкурентноста и учеството на жените на пазарот на труд. Тоа за мене е особено важно прашање, затоа што не смееме да си дозволиме половина од својот човечки потенцијал да не биде целосно искористен“, вели , претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Таа посочи дека на Академијата се разговарало за создавање повеќе можности за жените да бидат конкурентни на пазарот на труд, да останат активни, да напредуваат, да започнуваат сопствени бизниси и да доаѓаат до раководни позиции.

„Зборувавме за тоа како да се создадат повеќе можности за жените да бидат конкурентни на пазарот на труд, да останат активни, да напредуваат, да започнуваат сопствени бизниси и да доаѓаат до раководни позиции. Но, уште поважно, разговорот не беше само за бројки и статистики, беше за промена на перспективата. Жената не треба да ја гледаме само како корисник на економски мерки или како категорија што треба да биде застапена. Треба да ја гледаме како носител на економски раст, иновации и развој“, посочи Митева.

Според Митева, силата на жените треба да се согледува преку нивното активно учество, преземањето одговорност и учеството во носењето одлуки.

„Главната порака што ја носам од тука е дека силата на жените не треба да ја мериме само според нивната присутност, туку според нивното учество и нивната способност да преземаат одговорност и да носат одлуки. Ако сакаме поконкурентна Европа, посилни држави и поотпорни општества, мораме да создадеме услови жените целосно да го реализираат својот потенцијал“, вели Митева.

Митева посочи дека целта е европските искуства да бидат преточени во конкретни знаења, иницијативи и активности во Македонија.

„Тоа е концептот што сакаме да го градиме и во Унијата на жени, повеќе учество, повеќе одговорност и повеќе можности. Нашата цел е европските искуства да не останат само искуства што ќе ги слушнеме на конференција. Да ги претвориме во знаење, иницијативи и активности што можат да дадат резултат кај нас. Верувам дека за многу брзо од денес Унијата на жени ќе биде домаќин на овие разговори, ќе ги продлабочува соработките во различни форми и ќе гради силен капацитет во рамки на нашата ВМРО-ДПМНЕ“, истакна Митева.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

За полн резервоар во ЕУ потребни се дури 103, односно 108 евра

Дизелот и бензинот уриваат рекорди во ЕУ,цените на највисоко ниво во последните 20 години

За полн резервоар во ЕУ потребни се дури 103, односно 108 евра

Цените на бензинот и дизелот во Европската унија оваа недела достигнаа највисоко ниво откако се следат податоците, односно во последните повеќе од 20 години.

Според податоците на Европската комисија, полнењето резервоар од 50 литри со бензин сега чини околу 103 евра, а со дизел 108 евра, пренесува Индекс, Хр.

Растот на цените значително го поттикнуваат високите рафинериски маржи, а експертите на Европската Централна Банка проценуваат дека маржите за дизелот врвот ќе го достигнат дури во октомври, што укажува на можноста цените да останат високи.

Цените на горивото на бензинските станици значително пораснаа по почетокот на конфликтот на Блискиот исток, што дополнително ги засили инфлаторните притисоци..

...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Бајка на Мицкоски за провизија - цевка што ја нема, електрана што ја нема.,струја што ќе се увезе

Мицкоски вели: ќе донесеме гас, ќе правиме струја, ќе храниме дата-центри. 

СДСМ: Бајка на Мицкоски за провизија - цевка што ја нема, електрана што ја нема.,струја што ќе се увезе

Воздух и фреон, за да не ја пијат водата. Сè е чисто. Сè е модерно.

Народот не е наивен. Сметката е проста.

За да има струја од гас, треба две работи. Цевка што носи гас. И електрана што работи.

Цевките со Грција и Србија ги најавува. Капацитетот што го ветува - три, шест, осум милијарди кубици - не постои денес.

Денес мрежата издржува околу 800 милиони, трошиме околу половина милијарда. Тоа не е гориво за флота сервери.

Електрана што работи на гас има само една: ТЕ-ТО Скопје, околу 220 мегавати. Веќе работи. Прави струја и топлина за град Скопје. Не стои празна за Рамбл и за петте фирми без име.

ТЕЦ Неготино не е решение што сега произведува.

Новите централи се само на хартија. Хартијата не врти сервери.

Значи денес, ако влезе голем дата-центар, струјата не се раѓа од неговиот гас. Се купува. Се увезува. Или се зема од она што го плаќаат домаќинствата.

Кој увезува, знаеме. Мицкоски. Мрежата околу него. Партнерот Адамовиќ. Омилен бизнис: разлика на граница, провизија на сметка.

Прво рекоа нема да ја пијат водата. Сега најавуваат воздушно ладење и фреон. Тоа ја "пие" струјата повеќе. Водата ја трнаа од соопштенијата.

Киловатот го оставија на народот. Иста манипулација, друга амбалажа.

Нема цевка. Нема електрана. Нема евтина домашна струја за туѓ хардвер. Има интервју од Вашингтон и договор под радар. Дата-центрите што ги увезуваат се хардвер за туѓа дигитализација, не за Македонија.

Сè е лага. Сè е измама. Сè е манипулација.

Зад лагата стои увоз. Зад увозот стои каса и криминал и корупција.

Касата не е кај граѓанинот. Касата е кај арамијата.

Скопје, 19.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер