Ѓорѓиевски: По 30 години чекање - за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување
1Ѓорѓиевски: По 30 години чекање - за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршување
КошаркаСе отвора пат за македонските кошаркари за настап на СП и ОИ Светската кошаркарска федерација (ФИБА) го претстави новиот систем и календар натпреварување, за квалификациите за Светското првенство и Олимписките игри, според кој, се отвора убава можност македонската кошаркарска репрезентација да се избори за настап на двете најголеми натпреварувања. Континуитетот на настапи на македонските кошаркари на Европските првенства, кој ќе продолжи и годинава со учеството на Евробаскетот 2015 во септември, може да биде надополнет и со учество на Светското првенство и Олимписките игри, пред се благодарение на новиот систем и календар за натпреварувања на ФИБА, кој ќе стартува од 2017 година. Имено, од Ноември 2017, започнуваат квалификации за настап на СП, со систем кој е сличен на оние во фудбалот и ракометот, а кои отвораат можност за поголем број европски нации да настапат на најголемите интерконтинентални натпреварувања. Досега, пласман на СП обезбедуваа само првопласираните 7 селекции од Европските Првенства, без играње на квалификации за овие големи натпреварувања. Новина во календарот е што квалификациите за СП ќе се играат и во текот на целата година, а не само во лето како досега. Таканаречените квалификациски „прозори” за пласман на СП 2019 година, ќе се играат во Ноември 2017, Февруари 2018, Јуни 2018, Ноември 2018, Февруари 2019 и Јуни 2019. Светското Првенство ќе се одржи во септември 2019 година, а домаќинот дополнително ќе биде одреден. Во квалификациите ќе учествуваат 32 најдобри европски селекции, кои ќе ја сочинуваат А дивизијата, додека сите останати ќе играат во Б дивизија, од која во исто време ќе има можност за пласман во А дивизија во наредните години. 32–те селекции од Европа ќе бидат поделени во 8 групи по 4 екипи, од кои, по 6 кола (дома-гости), најдобрите 3 се пласираат во втората фаза, а последно пласираните продолжуваат за опстанок во А дивизија. 24–те најдобри од групите, во втората фаза формираат 4 групи од по 6 селекции, каде се пренесуваат бодовите и се играат натпревари само со трите селекции од групата со која се вкрстува. На крајот од квалификациите, најдобро пласираните 3 селекции од четирите групи обезбедуваат пласман на Светското Првенство 2019 година. Според ова, за да игра за пласман на СП 2019, Македонија треба да избори настап на ЕП 2017 (24 селекции), или во најлош случај да биде меѓу останатите најдобри 8 селекции во пласманот на квалификациите, кои не се пласирале на ЕП 2017. Понатаму, во првата фаза, Македонија треба да биде меѓу трите првопласирани во групата од 4 екипи, за да се пласира за втората фаза. А во втората фаза во групата од 6 селекции од Европа, Македонија ќе треба да освои едно од првите три места во конечниот пласман во групата. Што се однесува до Олимписките игри, на кои учествуваат 12 селекции, сигурни учесници ќе бидат, освен домаќинот, 2 претставника од Европа (најдобро пласираните 2 европски селекции од СП 2019), 2 претставника од Северна и Јужна Америка (најдобро пласираните 2 селекции од СП 2019), како и по една најдобро пласирана селекција на СП 2019 од зоните Африка, Азија и Океанија, што вкупно дава бројка од 8 учесници. Останатите 4 ќе се бараат во победниците од четирите квалификациски турнири кои ќе се одржат во Јуни 2020 година, во пресрет на ОИ во Токио. На овие турнири ќе учествуваат 24 екипи, 16 најдобри од СП 2019 кои не обезбедиле директен пласман на ОИ, како и по 2 дополнителни селекции од Европа, Јужна и Северна Америка и Африка, а 1 од зоната Азија/Океанија. Теоретски е можно, доколку 12–те европски селекции што настапуваат на СП 2019, бидат меѓу првите 23 во конечниот пласман, тогаш Европа ќе има 12 претставници на олимписките квалификациски турнири. Двете најдобри од Европа директно се пласираат на ОИ, а двете европски селекции кои ќе се пласираат на овие турнири, а не учествуваат на СП 2019, ќе бидат двете најдобри 4–то пласирани од четирите групи во квалификациите за СП 2019. Во обратна насока, како теоретски „најцрно” сценарио за европските претставници, доколку 12–те селекции од Европа бидат пласирани како последни, од 21–32 место на СП 2019, тогаш на ОИ 2020 се пласираат 21–та и 22–та по конечен пласман, а во квалификации за ОИ ќе играат 23–та и 24–та селекција од СП. Во иднина Европа како максимум, на ОИ може да има 6 претставника и домаќин (ако ОИ се во Европа), а минимум се 2 претставника (ако ОИ не се во Европа). /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЃорѓиевски: По 30 години чекање - за само пет месеци работа, булеварот „Борис Трајковски“ е пред завршувањеГрадоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во градежните активности за изградба на булеварот Борис Трајковски.Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска направи увид во градежните активности за изградба на булеварот Борис Трајковски и истакна дека дека до крајот на годината, скопјани по 30 години чекање ќе добијат целосно завршен, модерен и безбеден булевар. - За рекордно време, пред предвидениот рок, ставаме крај на децениската сообраќајна голгота на една од најважните скопски артерии. Дадов збор дека нема да дозволам мојот народ повеќе да живее со лажни ветувања. Денес, делата говорат. Повеќе од 100.000 граѓани ќе добијат нов, модерен и безбеден булевар за полесно секојдневие, помалку метеж и повеќе време со своите семејства. Даден збор. Исполнето ветување – изјави Ѓорѓиевски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДеветнаесет години без Тоше- Македонија и Балканот денеска тагуваат Македонија и Балканот денеска се сеќаваат на Тоше Проески, кој пред 19 години трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка, на пат кон Загреб.Во животот има моменти за кои секогаѓ ќе паметиме каде сме биле и што сме правеле, и 19 години подоцна, таков момент за цели генерации е кога ја дознавме веста дека Тоше Проески повеќе не е меѓу нас, барем физички, бидејќи неговото присуство и натаму силно се чувствува, дури и кај оние кои се родиле по кобниот 16 октомври – 2007 година. Во чест на човекот кој беше повеќе од глас и беше душа која допираше до секое срце, денеска се одбележаа бројни настани, а меѓу нив и оној од кој дел беа најмалечките на една од најубавите патеки до училиште во земјава – „Тоше Проески“, која води од школото „Лазо Ангеловски“. „Тоше те сакаме сите“ – е насловен настанот, а патеката „Тоше Проески“ каде 24 часа 365 дена во годината одекнува неговата музика доби и нов парк. Иницијативата е на родителите. Напревен е велат со љубов, за неговата добрина и емоција, која треба да ја почувствуваат и најмалите. За Тоше се кажани многу приказни, многу допрва ќе се кажуваат и прераскажуваат, но некои тие приказни лично ги доживеаја, со него ја делеа бината и на некој начин и животот. На настанот, покрај аматерски, имаше и реномирани изведувачи – меѓу нив и пејачот Ламбе Алабакоски. Тоше вели бил еден од главните причини што и тој денеска се занимава со музика. 19та година по ред се одржува и ултрамаратонот за Тоше, кој стартуваше пред два дена од Нова Градишка. 13те маратонци, на кој им се приклучи и еден во Македонија, попладнево пристигнаа во родното Крушево на Проески. Тоше загина во сообраќајна несреќа во 2007 година, токму кога одбележуваше 10 години успешна кариера и беше на прагот на меѓу народен пробив. Албумот „ The Hardest thin“, на англиски јазик, беше објавен постхумно. Некои гласови се слушаат, а некои, остануваат да живеат со нас. Гласот на Тоше е еден од нив.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСиљановска-Давкова се сретна со претставници на Проект ХОУП и Фондацијата БДПретседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Раби Торбеј, извршен директор на Проект ХОУП (Project HOPE) и Сиен Авалос, претседателка на Фондацијата БД (Becton, Dickinson and Company Foundation).За Сиљановска – Давкова, повеќе од три децении Проект ХОУП значајно придонесува во јакнењето на македонските здравствени капацитети, унапредување на професионалните знаења на здравствените работници и воведување нови технологии во здравството. Претседателката ги поздрави донациите на современа медицинска опрема, примената на инвентивни методи, како и инвестициите во човечки ресурси преку клинички обуки со меѓународна експертиза. Според неа, меѓународните партнерства се важни во креирањето одржливи системски решенија, коишто на долг рок ќе влијаат на подобрување на квалитетот на здравствените услуги. Оценувајќи ја како исклучително успешна и инспиративна работата на Проект ХОУП, Сиљановска-Давкова се заблагодари за нивната посветеност и присуство во државава. Соговорниците информираа за нивните досегашни и тековни здравствени и хуманитарни програми и активности. Тие изразија задоволство од соработката со македонските институции, пред сѐ со здравствените работници и ја нагласија подготвеноста за натамошна помош и поддршка. Проект ХОУП е глобална организација со 65 годишно искуство, присутна во повеќе од 25 земји, соопштуваат од Кабинетот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook