Се отвора најголемата фабрика за муниција во Европа, најмногу ќе профитира Бугарија - Канал 5

Се отвора најголемата фабрика за муниција во Европа, најмногу ќе профитира Бугарија

Германската компанија „Рајнметал“ денеска ја отвори најголемата фабрика за артилериска муниција во Европа во Унтерлис, во близина на Хановер, по мали доцнења во изградбата.

Се отвора најголемата фабрика за муниција во Европа, најмногу ќе профитира Бугарија

Според плановите, фабриката ќе достигне капацитет од 350.000 артилериски гранати годишно до 2027 година, а производството на ракетна артилерија е планирано од 2026 година, објавува „Блумберг“.

Инвестицијата вредна околу 500 милиони евра вклучува два главни објекти - еден за производство на гранати од 155 мм, а другиот за нивно полнење, склопување и пакување. На локацијата ќе бидат создадени повеќе од 500 нови работни места.

На церемонијата на отворање присуствуваа извршниот директор на „Рајнметал“, Армин Папергер, германскиот министер за финансии и вицеканцелар Ларс Клингбајл, министерот за одбрана Борис Писториус и генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

„Рајнметал“ претходно заврши уште еден голем проект во Германија - фабрика во близина на холандската граница каде што се произведуваат делови од трупот на американскиот борбен авион Ф-35.

Германската компанија го проширува своето производство на муниција низ цела Европа. Покрај постојните капацитети во Шпанија и Унгарија, гради фабрика во Литванија, планира комплекс во Бугарија што ќе вклучува фабрика за барут, а воедно води и разговори со латвиската влада.

Планови за Бугарија

Европскиот одбранбен гигант планира да произведува барут и артилериски гранати од 155 милиметри во Бугарија, како дел од два заеднички проекти со вкупна инвестиција од повеќе од 1 милијарда евра, соопшти вчера германската компанија.

Според Ројтерс, Рајнметал, еден од најголемите корисници на напорите на Европа за подобрување на своите одбранбени капацитети по руската инвазија на Украина, започнува заеднички проекти низ целиот континент за изградба на производствен капацитет.

Рајнметал веќе управува со центар за поправка на тенкови во Украина, а планот за изградба на фабрика за муниција во таа земја во моментов е одложен поради административни пречки и потреба од дополнително финансирање.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Приведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал сопругата

Жак Морети, сопственик на барот во Кран-Монтана, каде што катастрофален пожар однесе 41 живот на 1 јануари 2026 година, е приведен под сомнение дека физички ја нападнал својата сопруга Џесика Морети.

Приведен сопственикот на барот „на смртта“ во Кран Монтана, ја претепал  сопругата

Според информациите од швајцарската телевизија, кои беа потврдени од јавниот сервис РТС, инцидентот се случил во текот на ноќта помеѓу 11 и 12 август во домот на двојката во кантонот Вале.

Морети е уапсен по наводниот напад и е задржан во притвор. Џесика Морети претрпела повреди поради кои била хоспитализирана. Точните околности на инцидентот, како и правната квалификација на делото за кое е обвинет Жак Морети, сè уште не се познати. Швајцарските медиуми објавуваат дека тој нема позната историја на слични инциденти и се смета за невин додека не се докаже дека е виновен.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар

64 годишен мотоциклист бил донесен со тешки телесни повреди во болницата во Гостивар.

64 годишен мотоциклист со тешки повреди пренесен во болницата Гостивар

Н.Ј од село Вруток гостиварско управувал мотоцикл во атарот на селото Јеловце. тој изгубил контрола и паднал на шумскиот пат во атарот на село Јеловце..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

По седум дена борба изгансат пожарот кај Мариово

Пожарот во Мариово е целосно изгаснат, информира градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски..

По седум дена борба изгансат пожарот кај Мариово

По седум дена непрекината борба и огромни напори на сите екипи ангажирани на терен Проданоски упати благодарност до сите институции, пожарникари, војници, полицајци, доброволци, мештани и граѓани кои во изминатите денови беа директно вклучени во справувањето со огнената стихија.

„Ова беше тешка и долга битка, во која на терен беа ангажирани голем број екипи, припадници на институциите, доброволци, мештани и поединци кои несебично помогнаа во справувањето со пожарот“, истакна Проданоски.

Тој посебно им се заблагодари на Територијалната противпожарна единица од Прилеп, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, армијата, ЈП „Национални шуми“, МВР, противпожарните екипи од Скопје и Кавадарци, како и на градоначалниците Орце Ѓорѓиевски и Митко Јанчев. Во моментов активни се четири пожари, кај Студеничани и Зелениково и околината, Македонски Брод, кај Тамјмиште и Дарда општина Кичево и општина Гостивар кај село Горна Ѓоница., потврдуваат ЦУК..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер