Се огласи Трамп за рејтингот: Во анкетите добив највисоки оценки во политичката кариера - Канал 5

Се огласи Трамп за рејтингот: Во анкетите добив највисоки оценки во политичката кариера

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека „токму сега имал највисок рејтинг во анкетите“ во својата политичка кариера.

Се огласи Трамп за рејтингот: Во анкетите добив највисоки оценки во политичката кариера

Во објава на платформата Truth Social, Трамп рече дека „работите се навистина одлични“, без да прецизира колкав процент на поддршка добил.

„Иако мојата одлична работа во економијата сè уште не е целосно ценета, ќе биде! Запирањето на војните и надворешните работи поставува силен пример. Исто така, одлично е со границите и запирањето на криминалот. Предвидувам дека економијата, која веќе е со најбрзо темпо досега, а цените нагло паѓаат поради катастрофата на Бајден, наскоро ќе бидат на врвот на листата. Да ја направиме Америка повторно голема“, рече Трамп.

Според резултатите од анкетата на Ројтерс/Ипсос, која Ројтерс ја објави на 18 ноември, рејтингот на американскиот претседател Доналд Трамп паднал на 38 проценти, најниско ниво откако се вратил на власт, објави Њујорк Тајмс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Предлогот на Законот за кривичната постапка е објавен на ЕНЕР

Предлогот е усогласен со јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права.

Предлогот на Законот за кривичната постапка е објавен на ЕНЕР

Министерството за правда го објави Предлогот на Законот за кривичната постапка на Единствениот национален електронски регистар на прописи (ЕНЕР), со што започнува јавната консултација за едно од најзначајните законски решенија во областа на правосудството.

Предлог-законот содржи решенија за унапредување на одредбите што се однесуваат на конфискацијата, правата на жртвите на кривични дела, мерките за пронаоѓање и обезбедување лица и предмети, електронските докази, посебните истражни мерки, финансиските истраги, увидот во списите, одржувањето рочишта и изведувањето докази на далечина, постапувањето по обвинителен акт, главната расправа, правните лекови, скратената постапка и други аспекти на кривичната постапка.

Предлогот е усогласен со јуриспруденцијата на Европскиот суд за човекови права, како и со меѓународните и европските стандарди. Воедно, законот е усогласен со 18 директиви на Европската Унија, особено во делот на процедуралните права на осомничените и обвинетите лица, правата на жртвите и конфискацијата.

Најзначајните новини во Предлогот на Законот за кривичната постапка се:

• Подобрување на одредбите за конфискација;

• Дигитализација на кривичната постапка;

• Ревидирање на одредбите за посебните истражни мерки;

• Унапредување на процедуралните права на осомничените и обвинетите лица, како и правата на жртвите согласно законодавството на Европската Унија;

• Усогласување со Законот за АРО, Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка и Законот за исплата на паричен надоместок на жртви од кривични дела со насилство;

• Отстранување на недостатоците утврдени во досегашната практика.

Со предложените решенија се создава основа за поефикасна, потранспарентна и помодерна кривична постапка, усогласена со европските стандарди и потребите на современиот правосуден систем.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Интерпелацијата за министерот Тошковски на пленарна седница

Жестока расправа во собранието за интерпелацијата на министерот Панче Тошковски, поднесена од Левица.

Интерпелацијата за министерот Тошковски на пленарна седница

Опозицијата обвинува за селективно постапување на полицијата, политички мотивирани акции, безбедносни пропусти. Тошковски пак, во иницијативата гледа евтин политички обид да се закочи расчистувањето со криминалот и корупцијата.

Јана Јосифоска ја следи седницата.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јакимовски: Да се подготвиме најдобро што можеме и да ја потврдиме првата позиција во групата

Македонската селекција е на чекор од обезбедување на првото место, Ирска е следниот предизвик.

Јакимовски: Да се подготвиме најдобро што можеме и да ја потврдиме првата позиција во групата

Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија влегува во завршниот дел од подготовките за последните два натпревари од претквалификациите за Европското првенство во 2029 година.

Пред избраниците на селекторот Жозе Мариа Берокал се дуелите со Ирска и Луксембург, натпревари кои ќе ја одредат конечната позиција на табелата во групата „А“. Македонската селекција е на чекор од обезбедување на првото место, а целта е со нови победи да се потврди лидерската позиција и пласманот во главната квалификациска фаза.

Нашиот национален тим полека се комплетира, а од вчера на подготовките во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје е и Андреј Јакимовски.

Репрезентативното крило очекува тежок натпревар против Ирска, но верува во квалитетот и подготвеноста на македонскиот состав.

„Не очекува еден од најбитните натпревари досега. Со победа против Ирска ќе го обезбедиме првото место во групата и затоа мора да се подготвиме најдобро што можеме. Имаме нов играч во репрезентацијата, хемијата во тимот е добра и останува на нас да победиме“, вели Јакимовски.

Ирска во Скопје ќе пристигне со променет состав, што дополнително ја зголемува неизвесноста пред средбата.

„Ќе биде тешко, затоа што Ирците доаѓаат со нова екипа. Со пет-шест нови играчи. Не знаеме колку се тие добри играчи и како играат, но останува на нас да го добиеме натпреварот“, додава македонскиот репрезентативец.

За разлика од претходниот февруарски циклус, националниот тим овојпат има повеќе време за подготовка и за запознавање со барањата на новиот стручен штаб.

„Имаме доволно време да се запознаеме со она што го бара селекторот, со неговиот систем и начин на работа. Работиме напорно секој ден и засега работите одат одлично“, истакнува Јакимовски.

Пред официјалните натпревари од ФИБА „прозорецот“, Македонија ќе одигра уште една контролна средба. Утре од 18:00 часот во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје следува проверка против Бугарија.

Сепак, главниот предизвик е дуелот со Ирска на 2 јули, по што на 5 јули следува гостувањето кај Луксембург – последниот натпревар од овој циклус.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер