Тошковски на почетокот на евалуациската посета на ОН: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
Јапонскиот ден на култура со деветнаесетото издание на Недела на јапонски филм и работилници за оригами и чај
1Тошковски на почетокот на евалуациската посета на ОН: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички закани
2Јапонскиот ден на култура со деветнаесетото издание на Недела на јапонски филм и работилници за оригами и чај
3МДТ ја продолжува борбата против нелегалното онлајн коцкање, нов налог за блокирање 104 веб-страници
СветСе огласи Трамп по видео средбата со ЕУ лидерите и Зеленски Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека денешниот разговор со европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски бил „многу добар“.„Тој беше на линија. Претседателот Зеленски беше на линија. Би го оценил со чиста десетка - многу, многу пријателски“, рече тој. Трамп најави можна заедничка средба со Путин и Зеленски Тој потсети дека добро ги познава европските лидери бидејќи, како што тврди, за време на неговиот мандат во НАТО, го зголемил придонесот на членките од „2% неплатени на 5% платени од БДП, што значи трилиони долари во одбранбени капацитети“. Трамп нагласи дека од самиот почеток планот бил прво да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, а потоа да разговара со претседателот Зеленски и другите лидери. Тој, исто така, откри дека постои „многу добра шанса“ за втора средба која, според него, би можела да биде попродуктивна од првата. „Првото е да видиме каде сме и што правиме. Ако првиот помине добро, речиси веднаш ќе организираме втор состанок меѓу претседателот Путин, претседателот Зеленски и мене - ако сакаат да бидам таму. Можеби тогаш би можеле да се согласиме за апсолутно решение, иако на првиот може да се постигне голем напредок. Првиот состанок е исклучително важен бидејќи поставува основа за вториот“, рече Трамп. Трамп предупредува: Ќе има сериозни последици ако Русија не се согласи на крај на војната Тој додаде дека можеби нема да има втор состанок „ако проценам дека не е соодветно да се одржи, бидејќи не ги добивме одговорите што ни се потребни“. На прашањето дали Русија ќе се соочи со последици ако не продолжи со мировен договор за Украина, Трамп одговори: „Да, ќе се соочи“. На прашањето што би вклучувале тие мерки, тој рече: „Ќе има, не морам да кажам какви се, но ќе има многу сериозни последици“.Тагови: Доналд Трамп зеленски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТошковски на почетокот на евалуациската посета на ОН: Македонија ги зајакнува капацитетите за справување со современите терористички заканиТошковски истакна дека посетата претставува значајна можност за сеопфатна процена на напредокот на државата, особено имајќи предвид дека последната ваква евалуација била спроведена во 2011 година.Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска (02.11.2026) се обрати на почетната сесија од евалуациската посета на Извршната дирекција на Комитетот за борба против тероризмот при Советот за безбедност на Обединетите нации (CTED), која се одржува во Скопје од 2 до 6 ноември. Делегацијата на Обединетите нации ја предводи заменик директорката на CTED, Кармен Кантор. Целта на посетата е да се оцени спроведувањето на релевантните резолуции на Советот за безбедност на ОН, да се согледаат националните капацитети и предизвици во борбата против тероризмот и насилниот екстремизам и да се идентификуваат можностите за дополнително унапредување на институционалниот одговор и меѓународната соработка. Во своето обраќање, министерот Тошковски истакна дека посетата претставува значајна можност за сеопфатна процена на напредокот на државата, особено имајќи предвид дека последната ваква евалуација била спроведена во 2011 година. „Во изминатите петнаесет години Македонија помина низ значајни институционални, законодавни и структурни реформи, со кои ги зајакна своите безбедносни капацитети и ја потврди својата улога на одговорен партнер во зачувувањето на регионалната и меѓународната стабилност. Нашата определба е да продолжиме со развојот на систем кој навремено ги препознава заканите, ефикасно ги спречува и обезбедува сигурност за граѓаните“, нагласи Тошковски. Министерот посочи дека во изминатиот период се унапредени механизмите за меѓуинституционална координација, размена на оперативни информации и соработка меѓу полицијата, разузнавачките служби и органите за гранично управување. Истовремено, посебно внимание е посветено на превенцијата на насилниот екстремизам, раното препознавање на радикализацијата, дерадикализацијата и ресоцијализацијата, преку вклучување на локалните заедници, образовните институции и граѓанскиот сектор. Говорејќи за идните приоритети, Тошковски го најави донесувањето на ревидираната Национална стратегија за борба против тероризмот, со посебен акцент на дигиталната радикализација и новите безбедносни закани. „Терористичките закани сè повеќе се пренесуваат во дигиталниот простор. Затоа веќе го започнавме процесот на формирање специјализирана Национална единица за следење и сузбивање на терористичките содржини на интернет. Паралелно, планираме меѓуинституционални симулациски вежби за заштита на критичната инфраструктура и справување со хибридни закани, со вклучување и на приватниот сектор“, истакна министерот. Во рамки на петдневната евалуациска посета ќе се разгледуваат повеќе области, меѓу кои антитерористичкото законодавство, спречувањето на финансирањето на тероризмот, граничната безбедност, меѓународната полициска и правосудна соработка, спречувањето на радикализацијата, злоупотребата на интернетот и новите технологии, како и заштитата на критичната инфраструктура. Предвидени се и теренски посети на Меѓународниот аеродром Скопје и граничниот премин „Табановце“. На завршните сесии делегацијата ќе ги презентира своите прелиминарни согледувања и препораки, кои ќе послужат како основа за натамошно унапредување на националните капацитети. Министерот Тошковски ја потврди подготвеноста на Министерството за внатрешни работи за целосна соработка со експертскиот тим на Обединетите нации, нагласувајќи дека објективната процена и меѓународната размена на искуства се важни за градење поотпорен и поефикасен безбедносен систем. „На оваа евалуација гледаме како на можност да ги потврдиме постигнатите резултати, но и да ги препознаеме областите во кои можеме да бидеме подобри. Борбата против тероризмот бара постојана будност, силни институции и меѓународно партнерство. Нашата крајна цел останува заштитата на граѓаните и обезбедувањето стабилна и безбедна држава“, порача Тошковски.Тагови: Панче Тошковски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
КултураЈапонскиот ден на култура со деветнаесетото издание на Недела на јапонски филм и работилници за оригами и чајАмбасадата на Јапонија, Кинотеката и Центарот за култура во Битола ќе го одбележат Денот на културата на Јапонија (кој секоја година се слави на 3 ноември) со 19-тото издание на Неделата на јапонски филм и работилница за оригами.На 4 ноември во 19:00 часот во Кинотеката во Скопје, амбасадорот Кавахара ќе го отвори 19-тото издание на Неделата на јапонски филм, кое ќе понуди разновиден избор на современи јапонски филмови. Два од филмовите ќе бидат прикажани на 11 ноември во Центарот за култура во Битола. На истото место, Амбасадата ќе организира и работилница за оригами што ќе ја води г. Јошио Којама, предавач по јапонски јазик. Одбележувањето на Денот на културата ќе продолжи на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На 13 ноември, Јапонската фондација од Будимпешта ќе организира предавање и работилница за сенча (јапонски чај), кои ќе ги води г-ѓа Курита Јунко, специјалист за јапонски чај. 3 ноември е Ден на културата (Bunka no Hi), национален празник што секоја година се одбележува во чест на слободата и мирот, како и за промовирање на културата, уметноста и науката. На Денот на културата, многу музеи во Јапонија се отворени за посетители и нудат бесплатен влез. Во периодот околу овој датум се организираат бројни фестивали за промоција на уметноста и културата, а различни јавни и приватни организации низ целата земја доделуваат награди од повеќе области. Во Империјалната палата во Токио се одржува свечената церемонија за доделување на Орденот за култура. Царот лично им ги врачува признанијата на поединци кои дале исклучителен придонес во областа на науката, уметноста или културата. Учеството на сите настани е бесплатно. За работилницата за оригами во Центарот за култура Битола е потребна претходна резервација.Тагови: јапонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМДТ ја продолжува борбата против нелегалното онлајн коцкање, нов налог за блокирање 104 веб-странициМинистерството за дигитална трансформација ја информира јавноста дека до Агенцијата за електронски комуникации (АЕК) е доставен нов налог за блокирање дополнителни 104 веб-страници преку кои нелегално се приредуваат онлајн игри на среќа. Со ова, вкупниот број записи опфатени со досегашните налози за блокирање достигнува 462. Со ова продолжуваат активностите за спречување на нелегалното приредување игри на среќа преку интернет и за ограничување на пристапот до платформи кои работат спротивно на законските прописи во државата. Овие мерки се насочени кон заштита на граѓаните во интернет-просторот, вклучително и од ризиците поврзани со споделување лични и финансиски податоци на нелегални платформи за игри на среќа. Посебен акцент се става на заштитата на малолетниците и спречувањето на нивната изложеност на онлајн коцкање. Согласно доставениот налог, АЕК е должна во рок од пет дена од неговото добивање да го проследи до операторите на електронски комуникациски мрежи. Операторите треба веднаш да постапат по налогот и да го ограничат пристапот до наведените веб-страници, со прикажување соодветно известување за причината за блокирањето. Апелираме граѓаните да бидат внимателни и да не споделуваат лични и финансиски податоци на непроверени веб-страници. Воедно, ги повикуваме родителите и старателите да посветат дополнително внимание на онлајн активностите на децата и да разговараат со нив за ризиците во интернет просторот. Министерството за дигитална трансформација продолжува со преземање мерки во рамките на своите надлежности за сузбивање на нелегалното онлајн приредување игри на среќа и создавање побезбеден интернет-простор за граѓаните. Во прилог ги доставуваме листата со веб-страниците опфатени со налогот и официјалниот допис до Агенцијата за електронски комуникации. Со почит, Кабинет на Министер Стефан Андоновски, Министер за дигитална трансформацијаТагови: онлајн коцкање Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook