СветЕУ лидерите и Зеленски го завршија разговорот со Трамп: Прекин на огнот е првата работа Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека имала „многу добар“ разговор со американскиот претседател Доналд Трамп.Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, денес изјави дека имала „многу добар“ разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, украинскиот претседател Володимир Зеленски и европските лидери пред претстојниот самит меѓу Трамп и рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска. Според неа, тие разговарале за подготовките за билатералната средба во Алјаска и го нагласиле единството на Западот во поддршката на Украина. „Разменивме мислења за претстојната билатерална средба во Алјаска. Денес, Европа, САД и НАТО го зајакнаа својот заеднички јазик за Украина. Ќе продолжиме да дејствуваме во тесна координација. Никој не сака мир повеќе од нас - праведен и траен мир“, изјави претседателката на Европската комисија на платформата X. Германскиот канцелар Фридрих Мерц денес изјави дека европските лидери сакаат Трамп да успее за време на неговите разговори со рускиот претседател Владимир Путин во Алјаска во петок, наведувајќи дека европската и украинската безбедност мора да бидат приоритет во преговорите. „Му го ставивме тоа јасно до знаење на Трамп. „Првото нешто што мора да се дискутира е прекин на огнот“, рече Мерц на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски, по разговорите со американскиот претседател Доналд Трамп, претседателот на Европскиот совет Антонио Коста и европските лидери, објави Ројтерс. Мерц рече дека го задржува ставот на Европа дека границите не смеат да се менуваат со сила и дека нема прашање за признавање на територии контролирани од Русија. „Трамп во голема мера се согласува со овој став“, рече Мерц. Тој го оцени разговорот како добар и конструктивен и изрази надеж дека може да се постигне мир во Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон рече дека за време на заедничкиот разговор со Зеленски, претседателот на Европскиот совет Антонио Коста и лидерите на Европската унија, Трамп изјавил дека сите територијални прашања, имено териториите што официјално ѝ припаѓаат на Украина, мора да бидат предмет на преговори со Украина, објави „Ле Фигаро“.Тагови: зеленски трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Додека Мицкоски со државен авион оди на екскурзија, народот со часови е блокиран на границаДодека Христијан Мицкоски со државниот авион (што веќе го гледа како приватен) оди на своите екскурзии, граѓаните со часови чекаат на граница, поради неговата политика на изолација на државата.И кај Стар Дојран е метеж, колоната е до „Св. Илија“. Ова е реалната слика на политиката што ја спроведува организираната криминална група ВМРО-ОКГ и Мицкоски. Половина од Владата има бугарски пасоши. Нивните семејства имаат бугарски пасоши. Имаат фирми во Бугарија. Имаат европски пасоши и посебен премин на граница. Тие си обезбедија Европа. На граѓаните им обезбедија блокада, изолација и часови чекање под сонце. Додека тие летаат, народот стои во колона. Ова е нивна политика. СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветФнидек во вонредна состојба по мигрантската кризаПо масовниот наплив на мигранти кон шпанската енклава Сеута, состојбата во соседниот марокански град Фнидек останува крајно напната. Властите воведоа засилени безбедносни мерки, додека стотици луѓе и натаму се обидуваат да стигнат до Европа. Плажите во Фнидек се обезбедени со жичени огради и засилено полициско и воено присуство, со цел да се спречат нови обиди за нелегално преминување на границата со Сеута. Мигрантите кои се вратија од шпанската енклава сведочат за тешки услови, недостиг на храна и насилство, додека многумина и понатаму не се откажуваат од обидите да стигнат до Европа. Експертите оценуваат дека мигрантскиот бран е последица на влошените односи меѓу шпанија и мароко, поврзани со спорот за западна Сахара. Според проценките, во обидот за влез во сеута учествувале повеќе од 50 илјади луѓе. Во меѓувреме, Европската унија подготвува итен состанок на министрите за внатрешни работи, на кој ќе се разгледуваат натамошните чекори за справување со мигрантската криза и зајакнување на соработката со Мароко.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканВо Грција и натаму беснее опасна огнената стихијаВо Грција и натаму беснее опасна огнената стихија. Пожарникарските служби водат тешка битка со десетици шумски пожари, а најкритична останува состојбата во регионот Атика.Во Грција и натаму беснее опасна огнената стихија. Пожарникарските служби водат тешка битка со десетици шумски пожари, а најкритична останува состојбата во регионот Атика, каде еден од пожарите се доближи на само неколку километри од градот Мегара, кој е лоциран околу 50 километри западно од Атина. Градоначалникот ја оцени состојбата како хаотична, додека жителите на повеќе населени места добија предупредувачки пораки за евакуација. Во гаснењето на пожарите се ангажирани стотици припадници на службите за итни интервенции, меѓу кои и пожарникари од Романија и Франција. Само во областа Порто Гермено се распоредени речиси 500 пожарникари, а дополнителни околу 100 интервенираат на северот од Пелопонез. Според грчката противпожарна служба, низ земјата се регистрирани 73 шумски пожари, од кои 51 избувнале во еден ден. -Не знам. Пожарите се активни многу денови. Овде има црква, а изутринава видов на телевизија дека областа ја зафатила пожар. Пожарите се на 1 км далечина од овде. Фрустриран сум. Ми изгореа маслиновите дрва овде, а пожарот се уште е активен,- Тасос Ѕемпеликос - Локалец. Првичните проценки покажуваат дека од почетокот на пожарите во Грција изгореле повеќе од 10 илјади хектари шума, како и куќи, штали и земјоделски површини. Како можна причина за големиот пожар кај Мегара се посочуваат небрижност на локалното население а во врска со случајот приведени се две лица. -Пожарот е активен од вчера доцна вечерта. Очигледно е дека не може сегде да има пожарникари. Ние како локално население правиме се што можеме да помогнеме. Се мобилизиравме и на своите поседи го чиниме истото, да видиме дали е изгорено. Дали нешто е потребно да направиме до еден км од овде,- -Манолис Далас - Жител од регионот на Атика. Трагедијата дополнително ја засени операцијата за гаснење откако кај Псата, западно од Атина, се судрија два противпожарни хеликоптери од типот „Бел“. Во несреќата загинаа дански пилот и грчки координатор, додека британскиот пилот и неговиот грчки колега беа повредени. По налог на обвинителството, полицијата спроведува истрага за причините за судирот. Со ова, бројот на жртви поврзани со пожарите во Грција се искачи на пет, откако претходно животот го загубија и тројца пожарникари. Со големи пожари деновиве се соочува и поширокиот регион на јужна Европа. Високите температури, долготрајната суша и силните ветрови ја отежнуваат работата на пожарникарите во Франција и Шпанија, каде службите остануваат во состојба на висока подготвеност поради зголемениот ризик од нови огнени жаришта.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЕпидемиолошката состојбата во Гостивар останува стабилна – велат од министерството за здравство15:00Вечерва во 21 часот и 54 минути почувствуван земјотрес во Скопје и околината08:56 Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00
Од крушевската република до АСНОМ – денес се одбележува 2. август празникот што ги обединува историјата и идеалите15:00
Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ја победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија12:09