Се огласи Трамп од Овалната соба за договорот на САД со Украина за ретките минерали - Канал 5

Се огласи Трамп од Овалната соба за договорот на САД со Украина за ретките минерали

САД и Украина постигнаа договор за ретки минерали.

Се огласи Трамп од Овалната соба за договорот на САД со Украина за ретките минерали

Американскиот претседател Доналд Трамп пред новинарите во Овалната соба изјави дека очекува договорот за ретки минерали наскоро да биде потпишан, објави Ројтерс.

Трамп рече дека на состанокот на делегациите од Вашингтон и Киев, што се одржува во Ријад, главниот град на Саудиска Арабија, се разговара за територијални прашања поврзани со војната во Украина и линијата за разграничување.

Трамп исто така рече дека Вашингтон разговара со Киев за можноста американски компании да поседуваат украински нуклеарни централи. Разговорите во Ријад главно се фокусираа на прекин на огнот во Црното Море, беше објавено претходно.

Сепак, Трамп рече и дека се појавиле и други теми.

„Се зборува за територија, за линии на разграничување, за сопственост на електрани. Некои велат дека САД треба да ги поседуваат електраните бидејќи поседуваме стручност“, рече американскиот претседател.

Хонг Конг му дозволи на поранешниот кардинал Џозеф Зен да присуствува на погребот на Папата

 Поранешниот надбискуп на Хонгконг, кардиналот Џозеф Зен доби дозвола да го напушти јужниот кинески град за да присуствува на погребот на папата Франциск во Ватикан.

Хонг Конг му дозволи на поранешниот кардинал Џозеф Зен да присуствува на погребот на Папата

Деведесет и тригодишниот пензиониран бискуп синоќа го напуштил Хонг Конг откако поднел барање за враќање на пасошот. Властите му го одзедоа пасошот по неговото контроверзно апсење во 2022 година, според законот за национална безбедност наметнат од Пекинг.

Зен е меѓу критичарите во последниве години кои тврдат дека договорот на Ватикан со кинеските власти за прашањето за назначувањето на епископите е предавство на кинеските католици. Тој го критикуваше и државниот секретар на Ватикан, Пјетро Паролин, кој ги водеше преговорите со Пекинг, нарекувајќи го „човек со слаба вера“.

Секретаркаата на Зен рече дека по погребот на Папата тој ќе се врати во Хонг Конг, без да даде точен датум за неговото враќање.

Зен првпат беше уапсен во 2022 година под сомнение за соработка со странски сили според Законот за национална безбедност.

Иако сè уште не е обвинет за кршење на законот за национална безбедност, тој и уште пет лица беа прогласени за виновни за нерегистрација на веќе непостоечкиот фонд за помош на луѓето приведени за време на масовните продемократски протести во Хонг Конг во 2019 година. Расправата за неговата жалба против казната е закажана за декември.

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно лице за даночно затајување

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против А.А поради основи на сомнение за сторено кривично дело Даночно затајување по член 279 став 2 од КЗ.

Финансиска полиција поднесе кривична пријава против едно лице за даночно затајување

- Пријавениот А.А во својство на управител и сопственик на „Друштво за производство, трговија и услуги АРМАН КОМПАНИ ДООЕЛ Скопје”, во периодот од 01.01.2020 година до 25.12.2024 година, свесно и со однапред утврдена намера со цел да се стекне со противправна имотна корист за себе и за правниот субјект, набавената трговска стока (јаткасти производи), евидентирана на залиха во вредност од 53.257.786 денари, неосновано ја присвоил и не ја евидентирал во сметководствената евиденција како кусок, при што пријавениот не пресметал, не пријавил и не уплатил Данок на Додадена вредност по даночна стапка од 5 % во износ од 2.662.889 денари и Данок на Добивка по даночна стапка од 10 % во износ од 5.325.778 денари, а за застарените обврски кон добавувачи постари од три години во износ од 40.903.524 денари (краткорочни), а кои потекнуваат од 2020 година и не се прикажани како Приходи во Билансот на успех и Даночниот Биланс на правниот субјект за 2023 година, пријавениот не пресметал, не пријавил и не уплатил Данок на добивка по даночна стапка од 10 % во износ од 4.090.352 денари, соопштија денеска со Управата за финансиска полиција.

Со намера да ги прикрие инкриминираните активности, се додава во соопштението, пријавениот не изготвил и не поднел Завршни сметки за 2021 година, 2022 година и 2023 година, до Управата за јавни приходи и до Централниот регистар на Република Македонија со што не пресметал, не пријавил и не уплатил даноци по разни основи во вкупен износ од 12.079.019 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Република Македонија.

УЕФА може да направи промени во новиот формат на Лигата на шампионите

Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) размислува за неколку измени во новиот формат на Лигата на шампионите.

УЕФА може да направи промени во новиот формат на Лигата на шампионите

Како што пишува „Билд“, УЕФА може да ги укине продолженијата во натпреварите од плејофот.

Покрај тоа, осумте најдобри клубови на крајот од првата фаза може да добијат право да ги одржат реванш натпреварите од плејофот на нивниот домашен терен.

Од сезоната 2024/25, нема веќе групи во првата фаза и наместо 32 екипи, учествуваат 36 кои формираат единствена табела. Секоја екипа игра осум натпревари, како резултат на кои првите осум на табелата одат директно во осминафиналето на турнирот, а уште 16 клубови играат во плејоф рундата.

притисни ентер