СветТрамп: Договорот со Украина за ретки минерали ќе биде потпишан наскоро„Потпишуваме и договори низ светот за добивање ретки минерали и многу други работи“, додаде американскиот претседател.Договорот за ретки минерали со Киев ќе биде потпишан наскоро, а напорите на САД за постигнување мировен договор за ставање крај на војната во Украина одат „прилично добро“, рече американскиот претседател Доналд Трамп по неговите разговори оваа недела со украинскиот и рускиот лидер. Трамп го даде коментарот на настан во Белата куќа откако потпиша извршна наредба за зголемување на добивањето ретки минерали. „Потпишуваме и договори низ светот за добивање ретки минерали и многу други работи“, додаде американскиот претседател. „Во однос на Украина, се справуваме многу добро во однос на преговорите со Киев и Москва. А, една од работите што ќе ја направиме многу наскоро е да потпишеме договор за ретките минерали во Украина“, рече Трамп. „Би сакале сето ова да заврши и сметам дека работите се одвиваат прилично добро“, рече Трамп, имајќи ги предвид преговорите со неговите украински и руски колеги, Володимир Зеленски и Владимир Путин, за ставање крај на војната во Украина. "Значи, ние спасуваме илјадници животи неделно, на наша голема радост. Тоа е смислата на целата работа. Тие умираат залудно, а ние мислиме дека ќе постигнеме нешто. Ќе видиме што ќе се случи, но мислам дека ќе го завршиме тоа", додаде Трамп. Украина и САД овој месец објавија дека се договориле што е можно поскоро да го финализираат сеопфатниот договор за ретките минерали со Киев, што Трамп го гледа како средство за компензирање на трошоците за американската помош за Украина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре променливо облачно со повремени сончеви периодиВремето утре ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди. По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Најпрво во западните делови, а попладне и кон крајот на денот насекаде ќе има повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени сончеви периоди, попладне и кон крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 14 степени. Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд со променлив интензитет. Од утре под влијание на јужно воздушно струење, температурите ќе бидат во постепен пораст и повторно над просекот за овој период од годината. Ќе дува умерен до засилен, а од среда повремено силен ветер од јужен правец (над 60 km/h), особено во западните делови.Тагови: облачно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПревентивно-едукативна активност на Мобилната единица при Секторот за сообраќајни работиВо рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот!Денеска (15.11.2026), во временскиот период од 11:00 до 12:00 часот, на наплатна станица Петровец, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи во соработка со РСБСП поради одбележување на ,,Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгодиʼʼ беше реализирана превентивно-едукативна активност насочена кон зголемување на сообраќајната култура и безбедноста на возачите под мотото "Заедно со одговорно однесување во сообраќајот да придонесеме за патишта без жртвиʼʼ! Во рамки на активностите од страна на полициските службеници на возачите им беа поделени едукативни материјали (летоци) со пораки кон возачите - "Вози одговорно" и придонеси за намалување на бројот на жртви во сообраќајот! Исто така, на возачите им беше укажано дека од денеска 15-ти ноември стапува на сила законската обврска за поседување задолжителна зимска опрема и да ја прилагодуваат брзината и начинот на возење на условите на патот, заради нивната лична безбедност и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветСилен земјотрес ги погоди ФилипинитеЗемјотрес со магнитуда од 5,5 степени по Рихтер денес го погоди крајбрежјето на Филипините, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS).„Магнитуда од 5,5 - девет километри источно од Јунион, Филипини“, се вели во соопштението на агенцијата. Земјотресот е регистриран во 21:41 часот по локално време, а епицентарот на земјотресот бил на длабочина од приближно десет километри. Засега нема информации за можни жртви или штети.Тагови: земјотрес Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМихаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00Ќе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49
Михаилова ја разбранува и Бугарија – на снимка тврди дека тајните служби ѝ се заканувале дека ќе остане без помош15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55