Се огласи новиот врховен лидер на Иран - Канал 5

Се огласи новиот врховен лидер на Иран

Новиот врховен ирански лидер Моџтаба Хамнеи објави порака по повод втората годишнина од смртта на Ебрахим Раиси.

Се огласи новиот врховен лидер на Иран

Покрај оддавањето почит на поранешниот претседател кој загина во хеликоптерска несреќа, Хамнеи се осврна и на предизвиците со кои се соочува новото иранско раководство, пишува Ал Џезира. Тој рече дека земјата обезбедува „уникатен историски отпор на две глобални терористички армии“, осврнувајќи се на Израел и САД, а изјавата ја пренесе новинската агенција Фарс.

„Реалноста на војната става потежок товар на одговорност врз рамената на функционерите на Исламската Република“, призна врховниот лидер во писмената изјава. Тој рече дека лидерите мора активно да ги решаваат економските проблеми, да одржуваат „широко и директно присуство“ во јавноста и се заблагодари за „единството на нацијата“.

Новиот лидер се крие од јавноста

Значајно е што самиот Хамнеи не се појавил во јавноста, ниту неговиот глас е слушнат, откако ја презеде функцијата од својот татко, кој беше убиен во американски напад. Според медиумските извештаи, Моџтаба Хамнеи бил сериозно повреден во истиот инцидент и се крие, плашејќи се од уште еден напад на САД.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсени се 13 возачи, осуммина возеле без положен возачки

Лишени од слобода 13 возачи за „безобѕирно управување возило“, осуммина возеле без положен возачки испит.

Уапсени се 13 возачи, осуммина возеле без положен возачки

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 13 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив, осуммина управувале возило без положен возачки испит, од кои четворица во Скопје, и по еден во Куманово, Тетово, липковско и Кичево. Под дејство на алкохол возел еден возач во Кавадарци, а еден возач во Велес управувал возило под мерка забрана за управување со моторно возило. Од слобода се лишени и еден државјанин на Турција и еден државјанин на Украина, затоа што на автопатот А- 1,во близина на Демир Капија, односно на автопатот Скопје-Велес, возеле со двојно поголема брзина од дозволената. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопшти МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Граничен полицаец направил масакр во мало место во Србија- си ги убил зетот и внуката, ги ранил мајката и сестрата

Страшно злосторство го потресе денеска Велико Градиште откако граничниот полицаец Б.К. ги убил својот зет и внука. Тој, исто така, ги застрелал мајката на неговата сестра и зет, а потоа извршил самоубиство, дознава Telegraf.rs.

Граничен полицаец направил масакр во мало место во Србија- си ги убил зетот и внуката, ги ранил мајката и сестрата

Тој го убил својот зет и неговата деветнаесетгодишна внука со пиштол, а лекарите се борат за животите на неговата сестра и мајката на неговиот зет, објави Телеграф.

Според информации на Телеграф, ужасното злосторство се случило во семејна куќа на мирна улица во Велико Градиште во Србија, денеска околу 13:30 часот.

Се слушнале истрели, а злосторството го открила девојка која возела велосипед во близина. Таа забележала тело во дворот.

Мажот Б.К., граничен полицаец, со пиштол ги застрелал својата сестра, нејзиниот сопруг, кој е пожарникар-спасувач, нивната ќерка и мајката на пожарникарот.

Внуката и зетот починале на лице место, додека сестрата и нејзината свекрва се борат за живот.

После тоа, полицаецот извршил самоубиство.

Според нашите информации, на ова злосторство му претходел конфликт околу нерешени имотно-правни односи.

На местото на злосторството, моментално се наоѓаат двајца обвинители, заменик-главниот обвинител на Вишото јавно обвинителство во Пожаревац и дежурниот обвинител.

Сè е преполно со полиција.

Истрагата е во тек, а соседите се загрижени.

- Еден сосед правел скара и слушнал два истрели. Бидејќи куче шетало таму со денови и некој го пуштил, прво помислил дека некој всушност го убил тоа куче“, изјавиле мештаните за Telegraf.rs, додавајќи дека во тој момент кучето почнало да лае - рекол соседот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младински фудбалски турнир во Бардовци

Во рамки на манифестацијата „Карпошово културно лето 2026“, претпладнево,  во организација на ФК „Лепенец“, на фудбалските терени на  клубот , во населеното место Бардовци  започна дводневниот младински  фудбалски  турнир.

Младински  фудбалски  турнир  во Бардовци

Во него учествуваат 32 екипи поделени во две генерации: 2016 (шеснаесет екипи) и 2017-та година (шеснаесет екипи). Овој настан има за цел да ги промовира спортските вредности, фер-плејот, другарството и здравиот развој на младите генерации преку спортот.

На спортскиот турнир, присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош Сотир Лукровски, кој истакна дека спортот е одлична можност младите да го развиваат својот потенцијал, да се учат на дисциплина, одговорност, правилни животни вредности и да ја насочуваат својата младешка енергија во вистински правец. Како знак на благодарност за поддршката и придонесот кон развојот и промоцијата на спортот, претседателот на ФК „Лепенец“, м-р Игор Божиновски, му врачи благодарница на градоначалникот Лукровски.

Општина Карпош, како локална самоуправа е покровител на овој спортски настан. Општината и во иднина ќе инвестира во промоција на спортски настани, млади спорски таленти и спортски турнири.

Саботното претпладне, градоначалникот Лукровски го искористи и за посета на црквата Св. Троица во Бардовци, каде ќе се одржи последната вечер од Карпошовото културно лето. Имено, во дворот на оваа црква, вечерва настапува фолклорниот ансамбл „Етнос“, а потоа карпошани ќе уживаат во веселите звуци на незаборавните фолк пејачи, Душко Георгиевски, Миле Кузмановски и Зуица Лазова.

Општина Карпош

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер