Се огласи Џо Бајден, откако судот го прогласи син му за виновен

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека е горд на својот син Хантер бидејќи ја надминал зависноста од дрога, во првата реакција на пресудата на Хантер Бајден за три кривични дела.

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека е горд на својот син Хантер бидејќи ја надминал зависноста од дрога, во првата реакција на пресудата на Хантер Бајден за три кривични дела поврзани со купување и поседување оружје во периодот кога бил зависник.

- Како што кажав минатата недела, јас сум претседател, но сум и татко. (Прва дама) Џил и јас го сакаме нашиот син и многу сме горди на човекот што тој е денес. „Толку многу семејства имаа најблиски кои се бореа со зависноста и го разбираат чувството на гордост кога ќе видат некој што го сакаат толку силен и издржлив во закрепнување“, рече Бајден.

Американскиот претседател нагласи дека го прифаќа исходот од судењето и ќе го почитува судскиот процес додека Хантер размислува дали да поднесе жалба.

Џо Бајден претходно изјави дека нема да го помилува Хантер, потсетува Ројтерс.

Хантер Бајден денеска јавно одговори на пресудата за вина, велејќи дека е „повеќе благодарен за љубовта и поддршката“ на неговото семејство отколку што е „разочаран од исходот“.

- Закрепнувањето е можно со Божјата милост, а јас сум благословен што можам да го доживувам тој дар од ден на ден - рече тој.

Адвокатот на Хантер Бајден, Абе Ловел, исто така, во изјава рече дека се разочарани од пресудата, но дека ќе продолжат да ги разгледуваат достапните правни опции.

Во Собранието ќе заседаваат четири комисии

Во Собранието денеска седници ќе одржат четири комисии.

Во Собранието денеска седници ќе одржат четири комисии - Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Комисијата за финансирање и буџет.

Членовите на Комисијата за образование, наука и спорт ќе дискутираат по Предлог на закоотн за изменување на Законот за иновациската дејност, Предлог на законот за изменување на Законот за научно-истражувачката дејност, Предлог на законот за изменување на Законот за обука и испит за директор на основно училиште, средно училиште, ученички дом и отворен граѓански универзитет за доживотно учење, Предлог на законот за изменување на Законот за ученичкиот стандард, Предлог на законот за изменување на Законот за студентскиот стандард, Предлог на законот за изменување на Законот за Национална агенција за европски образовни програми и мобилност, сите по скратена постапка.

На дневен ред на Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање е Предлог на законот за дополнување на Законот за градежно земјиште, по скратена постапка, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за комуналните дејности, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавна чистота, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за гробишта и погребални услуги, сите во прво читање и Финансискиот план на Јавно радиодифузно претпријатие Македонска радио телевизија за 2025 година.

Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправаат по Предлог на законот за изменување на Законот за земјоделското земјиште, по скратена постапка.

На Комисијата за финансирање и буџет е една точка на дневен ред - Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за акцизите, во прво читање.

САД ги суспендираа летовите за Хаити откако беше пукано врз авиони

 Американскиот воздухопловен регулатор ги суспендираше летовите на американските авиопревозници за Хаити на најмалку 30 дена по три истрели во еден ден насочени кон авиони кои полетуваа од оваа карипска држава, објави Би-Би-Си.

Авионите на „ЏетБлу“, „Спирит“ и „Американ Ерлајнс“ беа погодени со куршуми во понеделникот при пристигнувањето во главниот град Порт-о-Пренс.

Во нападот на авионот на „Спирит“ стјуардесата се здобила со полесни повреди, но нема повредени патници.

Федералната управа за авијација (ФАА) вчера издаде известување за воздушните мисии (Нотам) за приземјување на летовите поради „ризиците за безбедноста на летовите поврзани со континуираната безбедносна нестабилност“.

На американските авиони во моментов им е забрането да минуваат помалку од 3.048 метри од територијата и воздушниот простор на Хаити.

Одделно, ФБИ објави дека се вклучил во истрагата за пукањето на авионот „Спирит“.

Воздушна тревога низ цела Украина, претседателството предупредува за ракетен напад врз Киев

 Украинските власти издадоа предупредувања за воздушен напад за целата земја, додека шефот на кабинетот на претседателот предупреди за можен ракетен напад врз главниот град.

„Путин во моментов подготвува ракетен напад врз Киев“, објави Андриј Јермак на Течеграм.

Воздухопловните сили на Украина претходно предупредија дека проектил навлегол во воздушниот простор на земјата и се движи кон главниот град.

Нападот доаѓа по еднонеделни немилосрдни напади, вклучително и оној врз родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски, во кој загинаа 32-годишна мајка и нејзините три деца.

Во текот на викендот, Москва и Киев извршија рекорден број напади со беспилотни летала во текот на ноќта.

Зеленски предупреди дека Русија подготвила сили од околу 50.000 војници, вклучително и севернокорејски борци, за протерување на украинските сили од рускиот регион Курск.

притисни ентер