Се одржа манифестацијата Фолклорни средби „Брвеница игра и пее"

Со настап на играорни групи и други секции на повеќе културно-уметнички друштва, промоција на книга и музичка програма попладнево се одржа манифестацијата Фолклорни средби „Брвеница игра и пее”.

На манифестацијата настапија фолклорниот ансамбл Ораовица, ГКУД „Браќа Гиноски" – Гостивар, КУД „Бранко Чајка" – Тетово, КУД „Младост" – Кичево, КУД „7-ми Септември" – Македонски Брод, КУД „Брвеница " – Рашка, Србија, како и домаќините од КУД „Брвеница"

– Манифестацијата Фолклорни средби „Брвеница игра и пее" помина според планиранара програма со учество на гостински културно уметнички друштва, познати соло пеачи и промоција на книгата “Еден живот” на Драган Никифоровиќ, член на КУД “Брвеница” од Рашка, Србија. И покрај пандемијата и протоколи сите имаа голема желба и ентузијазам да се продолжи културната традиција на село Брвеница, изјави Блаже Мишевски, музички директор на КУД „Брвеница”.

Манифестацијата се одржи на отворено во дворот на основното училиште „Коста Рацин" во тетовска Брвеница./МИА

Пропалестински протести пред Универзитетот во Амстердам, студентите прават барикади (ВИДЕО)

Пропалестинските демонстранти денеска подигнаа барикади пред Универзитетот во Амстердам за да го блокираат влезот во зградата на факултетот, до кој се пристапува од централниот дел на градот и насоката на каналот.

Пропалестинските демонстранти денеска подигнаа барикади пред Универзитетот во Амстердам за да го блокираат влезот во зградата на факултетот, до кој се пристапува од централниот дел на градот и насоката на каналот, и рекоа дека ќе останат таму додека институциите не ги пресечат сите врски со Израел.

Интервентната полиција вчера употреби булдожер за да ги сруши барикадите на друг универзитет во Амстердам и приведе 169 лица, но беше речено дека универзитетот се уште не побарал слична интервенција денеска.

На овој начин студентите во главниот холандски град се приклучуваат на бранот протести и студентски акции на нивните колеги на универзитетите низ Европа, кои се насочени против израелската војна во Газа. Нивните акции уследија по поголемите немири што ги започнаа американските студенти на тамошните универзитети.

Демонстрантите сметаат дека израелските институции со кои соработува универзитетот профитираат од репресијата врз Палестинците.

Универзитетот во Амстердам во понеделникот објави дека програмите за размена со три израелски универзитети се суспендирани поради безбедносни причини. Покрај размената на студенти, универзитетот редовно соработува со израелски научници или компании на осум различни европски истражувачки проекти. Во соопштението се вели дека ниту една од овие соработки не поддржува воени цели.

Полицијата вчера ги растера протестите организирани на швајцарскиот универзитет во Цирих и пред зградата на берлинскиот Freie Universitaet.

Минатата недела полицијата спроведе слична акција на Сорбона во Париз, а во среда Универзитетот во Брисел најави дека ќе ги пријави во полиција сите студенти кои учествуваа во насилниот протест, како и во нападот на претседателот на Еврејскиот студентски сојуз.

Ирскиот колеџ Тринити Даблин (ТЦД) неделава објави дека ќе се повлече од инвестициите на израелските компании поврзани со Обединетите нации со населбите во окупираните палестински територии по студентскиот протест организиран поради војната во Газа.

НАСА објави симулација на влез во црна дупка во вселената (ВИДЕО)

Дали некогаш сте се запрашале што се случува, т.е. како изгледа ако пропаднеш во црна дупка?

НАСА штотуку објави нова, неверојатна визуелизација направена со помош на суперкомпјутер, која покажува што се случува откако ќе го премине таканаречениот хоризонт на настани, точката од која нема враќање, соопшти вселенската агенција.

- Луѓето често прашуваат за ова, а симулирањето на овие процеси кои тешко се замислуваат ми помага да ја поврзам математиката на релативноста со реалните последици во реалниот универзум. Затоа симулирав две различни сценарија, едното во кое камерата, замена за астронаутот, за влакно го промаши хоризонтот на настани и се врати, и едно во кое ја премина границата, со што ја запечати својата судбина - рече Џереми Шнитман, астрофизичар во Годард Центарот за вселенски летови во НАСА, кој ја создаде визуелизацијата.

Визуелизациите се достапни во неколку форми. Некои следат објаснувања, други едноставно имаат бизарни ефекти.

За да ја создаде визуелизацијата, Шнитман се здружи со колегата Брајан Пауел и тие го користеа суперкомпјутерот Дискавери во Центарот за климатска симулација на НАСА. Проектот генерирал околу 10 терабајти податоци и тоа го правел пет дена користејќи само 0,3 отсто од 129.000 процесори на Discovery. На типичен лаптоп, ова би траело повеќе од една деценија, додава НАСА.

Дестинацијата е супермасивна црна дупка со маса 4,3 милиони пати поголема од Сонцето, што е слично на „чудовиштето“ во центарот на нашата галаксија Млечен Пат.

- Ако имате избор, подобро е да паднете во супермасивна црна дупка. Црните дупки со маса слична на ѕвездите имаат многу помал хоризонт на настани и посилни плимни сили, кои ќе ги растргнат објектите што им се приближуваат пред да стигнат до хоризонтот – рече Шнитман.

Симулираниот хоризонт на настани се протега на 25 милиони километри, што е околу 17 проценти од растојанието од Земјата до Сонцето.

– Кога камерата ќе го помине хоризонтот, нејзиното уништување со шпагетификација ќе се случи за само 12,8 секунди – изјави Шнитман.

Двајца фаворити на изборите во Бугарија се на американската црна листа

Двајца носители на листа и фаворити на претстојните избори во Бугарија се наоѓаат на американската црна листа поради корупција.

Лидерот на Преродба, Дељан Певски е на американската црна листа од 2021 година.

Додека Васил Божков, носител на листа на партијата ЦЕНТАР е на црната листа на САД од 2021 година и се соочува со повеќе од 16 обвиненија, групирани во три големи кривични дела. Откако најави дека ќе биде носител на листата судот во Софија го ослободи со кауција од 130.000 лева (65.000 евра), со што му овозможи на бугарскиот бизнисмен, познат како Череп, активно да учествува во изборната кампања.

Според бугарските обвинители, Божков е обвинет дека не платил речиси 700 милиони лева (350 милиони евра) такси за коцкање, нелегално поседување антиквитети и поттикнување на убиство.

Божков тврди дека е жртва на репресија од страна на поранешниот премиер Бојко Борисов и вети дека ќе се бори против политичката статус кво состојба во Бугарија, тврдејќи дека неговата партија е единствената алтернатива.

притисни ентер