Се одбележува Светскиот ден на церебралната парализа - Канал 5

Се одбележува Светскиот ден на церебралната парализа

ЦП е една од најчестите причини за моторичка попреченост кај децата и возрасните лица. 

Се одбележува Светскиот ден на церебралната парализа

Светскиот ден на церебралната парализа (ЦП) се одбележува секоја година на 6 октомври, со цел подигање на свеста за лицата со ова невролошко нарушување, прифаќање во општеството и истакнување на постигнувањата и достигнувањата на граѓаните кои живеат со таа состојба. Ова глобално движење, во коешто со посебни активности учествуваат најмалку 75 земји во светот, го свртува вниманието кон предизвиците во животот на лицата со ЦП и се залага за нивните права и сѐ поголема вклученост во општеството.

ЦП е една од најчестите причини за моторичка попреченост кај децата и возрасните лица. Научната дефиниција, според Светската здравствена организација - СЗО, вели дека церебрална парализа претставува група долгорочни и непрогресивни нарушувања што се појавиле во мозокот на фетусот или бебето во развој, коишто подоцна во животот влијаат на движењата и држењето на телото, што ги ограничува секојдневните активности. Моторичките нарушувања кај лицата со ЦП често се придружени со нарушувања на сетилата, когнитивните функции, комуникацијата, перцепцијата и/или однесувањето, и/или со епилептични напади.

YouTube video

Meѓу попознатите светски личности со ЦП низ историјата, е Кристи Браун (1932 - 1981) - ирски писател и уметник, кој ја напишал автобиографијата „Моето лево стапало“ (My Left Foot). По книгата, е снимен и филм со истиот наслов, за којшто Даниел Деј Луис го доби „Оскарот“ за главна улога во 1990 година.

„Никогаш не дозволив моето тело да ми го диктира животот. Моето лево стапало стана мој глас, мој ракопис и моја врска со светот.“ Овој цитат ја покажува упорноста на Браун покрај сите пречки и неговата способност да се справи со ЦП преку сликањето и пишувањето со неговата „најсилна страна“ - левото стапало.

YouTube video

Други познати личности со ЦП се Зара Филипс - британска пара-спортска атлетичарка, Даниел Винер - глумец и активист за правата на лицата со попреченост, Џесика Коберн - американска активистка и мотиваторка, Ешли Бери - модел, Тони Сноу - британски пејач и композитор итн.

Има и одреден број стенд-ап комичари кои живеат со церебрална парализа и го користат хуморот и шегите на своја сметка за да ги предизвикаат стереотипите во општеството и, на тој начин - ги уриваат бариерите и ја подигаат свеста за попреченостите воопшто. Еве неколку имиња: Франческа Мартинез, Рози Џонс, Џеспер Оделберг, Тина Фримл.

YouTube video

Меѓу македонските познати личности со ЦП, се шахистот и веќе неколкукратен медалист Александар Стојчески, Марга Велеска (писателка), Јовица Блажевски (активист), Слободан Иванов (новинар, историчар и политиколог) и други.

Светскиот ден на церебралната парализа - 6 октомври е воспоставен во 2012 година од Меѓународната заедница на церебрална парализа (ИЦПС). Според последните податоци, со церебрална парализа како долгорочна состојба живеат околу 18 милиони луѓе ширум светот. Во Европа, се проценува дека околу 1,5 - 2 на 1.000 живородени деца имаат ЦП. За Македонија, нема прецизни и официјални податоци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Некои модели на „Ford“ би можеле неочекувано да се претворат во „кабриолети“

„Ford“ се соочува со необичен проблем: панорамскиот покрив може да се одвои од автомобилот додека возилото се движи.

Некои модели на „Ford“ би можеле неочекувано да се претворат во „кабриолети“

„Ford“ издаде необично безбедносно предупредување и покрена постапка за отповикување на одредени примероци од своите електрични модели „Capri“ и „Explorer“ во Европа.

Проблемот е поврзан со панорамскиот покрив, кој не бил соодветно залепен.

Како резултат на тоа, постои ризик стаклениот покрив да се разлабави при возење и, во најлош случај, целосно да се одвои од возилото, пренесува „Revija HAK“.

Ваквото сценарио претставува сериозен безбедносен ризик, особено при поголеми брзини, бидејќи одвоениот покрив би можел да ги загрози патниците во возилото, како и другите учесници во сообраќајот.

Отповикувањето опфаќа ограничен број возила произведени во периодот од 18 до 29 март 2026 година. Сопствениците на засегнатите автомобили ќе можат да го решат проблемот во рамките на оваа постапка.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се огласија САД по пресудата на Хашим Тачи

Соединетите Американски Држави изјавија дека ја почитуваат пресудата на Специјализираните совети против Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими и ги повикаа сите страни да ја прифатат одлуката на судот.

Се огласија САД по пресудата на Хашим Тачи

„Ја почитуваме денешната пресуда на Специјализираните совети на Косово“, изјави портпарол на американскиот Стејт департмент за Радио Слободна Европа.

Стејт департментот изјави дека Соединетите Американски Држави ја поддржуваат правдата за сите жртви и нивните семејства и ја повтори својата поддршка за одговорност, правично судење и владеење на правото.

Вашингтон, исто така, повика на избегнување на провокативна реторика по пресудата.

„Ги повикуваме сите страни да ја почитуваат одлуката на судот, да избегнуваат провокативна реторика и да продолжат да работат кон мирна и демократска иднина“, изјави портпаролот на Стејт департментот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Превентивни активности за спречување на пожари, кражби и измами и подобрување на безбедноста во сообраќајот

Превентивни активности во рамки на кампањата „Безбеден град“,

Превентивни активности за спречување на пожари, кражби и измами и подобрување на безбедноста во сообраќајот

Денеска (16.09.2026) во Велес, полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Велес реализираа превентивни активности во рамки на кампањата „Безбеден град“, со цел информирање на учесниците во сообраќајот за начинот на функционирање на системот и неговата улога во навремено откривање и санкционирање на сообраќајни прекршоци. Покрај тоа, на возачите во Тетово, Велес, Кавадарци и Неготино им беше укажано на обврската за прилагодување на брзината според сообраќајната сигнализација и условите на патот, а на пешаците за обврска улицата да ја минуваат на обележан пешачки премин и да не користат мобилен телефон и слушалки додека поминуваат пешачки премин. Полициски службеници од СВР Битола пак, во основното училиште „Даме Груев" во Битола, одржаа едукативно предавање „Да ги заштитиме децата во сообраќајот".

Во Штип, Кочани и Делчево, полициски службеници од СВР Штип реализираа превентивни активности „Не користи мобилен телефон додека возиш“ и „Вози безбедно со технички исправно возило“, а ги информирааа граѓаните и за последиците што може да настанат доколку возат под дејство на алкохол.

Отсекот за превенција при СВР Куманово пак, во Куманово спроведе превентивна активност за безбеден јавен превоз на патници и ученици, насочена кон правните лица кои вршат автобуски јавен превоз на патници односно неопходноста превозт да се врши со технички исправни возила.

Полициски службеници од СВР Велес, ОВР Неготино, ПС Пробиштип и ПО Чашка денеска реализираа и превентивни активности за заштита од измами и различни форми на кражби, укажувајќи им на граѓаните да бидат внимателни во комуникација со непознати лица, да не ги споделуваат своите лични податоци и да внимаваат на своите лични предмети. Во рамки на активностите беше поделен печатен едукативен материјал.

Oд страна на полициски службеници од ПС ГН Попова Шапка во с. Вешала и с. Шипковица беа реализирани превентивни активности за заштита од пожари, укажувајќи им на граѓаните за потребата од соработка со институциите и навремено пријавување на било какви појави на несовесно однесување, фрлање и палење на ѓубре и палење оган, особено на отворен простор и во близина на шумски појаси, со цел навремена и брза реакција на сите институции.

Полициски службеници од ПС Берово пак во соработка со родителите на малолетни лица, во Берово спроведоа превентивна активност насочена кон малолетниците, односно за спречување на појавите на малолетничка деликвенција, злоупотреба на алкохол и психоактивни супстанции и нарушување на јавниот ред и мир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер